fbpx

Трет ден не работат рударите во Тораница и во Злетово

-

Со целосна рударска опрема, но во кругот на рудниците, и денеска се рударите на „Индоминерали и метали“. И понатаму трае прекинот на работата во Злетово и во Тораница, во исчекување на јануарската плата. Според синдикатот, на четврти март им биле исплатено авансно по 5.000 денари за јануарската плата. Тие побарале целносно да им се исплати платата како услов да се вратат на работа. Денеска им било соопштено дека раководството може да исплати ист износ за сите до минималната плата. Рударите тоа не го прифатиле и одлучиле да го спроведат прекинот на работата, сè до целосната исплата на јануарската плата.

Двата рудника и досега имаа проблеми со иплатата. По прекинот на работата пред осум месеци, синдикатот и раководството се договорија до крајот на годината да се надоместат сите заостанати плати. Договорот се почитуваше до завршувањето на минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...