fbpx

Адеми: Наша цел е да го подобриме статусот на наставниците

-

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на дебатата „Предизвиците на албанското образование“, која се одржа по повод 7 Март, Денот на учителот. Во своето обраќање, Адеми посебно се осврна на значајната улога што ја имаат наставниците во текот на едукацијата на учениците.

– Секое време носи свои предизвици. Со академијата за наставници, ќе се направат огромни чекори кон подобрување на наставата во училиштата. Нашата цел е да го подобриме и статусот на наставниците – рече министерот.
Министерот Адеми им го честиташе Денот на учителот на сите ученици и наставници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...