fbpx

Петмина прилепчани осомничени за серија тешки кражби

-

Струмичката полиција поднела кривични пријави против петмина прилепчани, кои се товарат дека извршиле два обиди за тешка кражба и една тешка кражба во станови во Струмица и во Гевгелија, соопшти полицијата.

Станува збор за А.Р. (20), М.Ј. (28), Ж.Б. (45), Г.Ј. (36) и за Н.Т. (27), на кои судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од осум дена. Првоосомничениот, како што информираат од полицијата, не ја издржува мерката бидејќи е во бегство.

Според полицијата, осомничените, организирани во групи, во два случаи се обиделе на ограбат станови во Струмица и во Гевгелија, а во еден случај успеале да украдат 1.000 евра, 180 фунти, разновиден сребрен накит и опрема за геодетска работа. Вкупната вредност на пленот била проценета на околу 150.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...