Денеска во 13 часот, Стојанче Ангелов до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајковски.

Ангелов изминатите десетина дена ги предводи протестите пред зградата на МРТ, барајќи од раководството и од уредниците на информативните редакции да ги емитуваат прес-конференциите на опозицијата на кои се објавуваат снимки од прислушувани разговори.