fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Загадениот воздух ја зголемува смртноста од ковид-19 за речиси 20 отсто

Населението изложено на загаден воздух е помалку отпорно на ковид‐19, а нечистиот воздух може да ги влоши симптомите од вирусот, покажуваат истражувањата кои ги сподели Европскиот фонд за Балканот во рамките на кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ заедно со партнерите од регионот. Досегашното истражување покажува  дека загадениот воздух на глобално ниво ја зголемува смртноста од ковид‐19 за 15...

Комисијата предлага сертификатот за прележаност од ковид-19 да трае 180 дена

ковид тест
Комисијата за заштита од заразни болести предложи ковид сертификатот по прележана болест наместо 45 да трае 180 дена, соопштија денеска членовите на Комисијата по одржаната седница. „Во фаза сме на широка трансмисија на вирусот, имаме голем број на новозаразени. Укинувањето на сертификатите кои важат за контрола на движењето на граѓани во затворен простор може да предизвика поголема трансмисија на вирусот,...

Решенијата за изолација од денеска може да се преземаат преку vakcinacija.mk

Од денеска секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација, соопштија од Владата на РСМ. Пристапот е овозможен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, од каде упатуваат до...

Италијанска донација од над 250.000 дози на вакцините „Фајзер“ за Северна Македонија

Италијанската донација од 250.380 дози на вакцината на „Бионтек/Фајзер“ против ковид-19 вчера почна да пристигнува во земјава. Втората пратка се очекува утре, соопшти амбасадата на Италија во Скопје. „Ова е најголемата донација досега направена од една земја за Северна Македонија, како што најави министерката за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе, при нејзината посета на Северна Македонија при крајот на...

За 24 часа 1.045 нови случаи на Ковид 19 од 4.695 тестови, 29 починати лица

Во последните 24 часа се направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на Ковид 19, од кои се 132 реинфекции, информира Министерството за здравство. Најголем дел од новите случаи на Ковид 19 се регистрирани во Скопје, 557, потоа следуваат Куманово со 57, Битола 53, Тетово 47, Велес 41, Охрид со 39 заболени, Прилеп со 35, Гостивар...

Вистиномер: Лага е дека со одбивање вакцини ,,си ги спасувате бебињата”

Имунизацијата претставува едно од најзначајните и најисплатливите достигнувања на јавното здравство во денешницата, бидејќи кога најголем број деца од една заедница се вакцинирани, поединечните случаи на заболувања ретко прераснуваат во епидемија. Меѓутоа, доколку некои од децата не ги добијат потребните вакцини, зголемен е ризикот од заболувања за сите. Благодарение на вакцините, некои болести, како што се големите сипаници, целосно...

Герасимовски: Никогаш не сме имале толку висока смртност кај населението [инфографик]

Наталитетот е намален, а со помалку живородени деца населението старее. Старечкото население преовладува, па следствено на тоа и смртноста на ниво на државата расте. Сепак, во последните три години, бележиме високи бројки на починати лица, какви што сме немале никогаш досега. Овие заклучоци за Мета.мк ги потенцира Дончо Герасимовски, специјалист во областа на статистиката и поранешен директор на Државниот завод...

Вистиномер: Австрија нема да ги боцка сите луѓе додека не ги испоубие!

Австрија не присилува никого да патува во оваа земја, а уште помалку „ќе ги боцкаат сите луѓе додека не ги успоубијат“, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме. Но, секоја држава има дискреционо право да одлучува за исполнување на неопходни услови при влез на нејзина територија. Според важечките правила на земјата, бремените жени и оние кои...

Вистиномер: Пациентите со ковид-19 не се трујат со отровни лекови и не умираат исклучиво во болнички услови

Тврдењата за теории на заговор за ковид-19, труење на здрави луѓе во болниците, умирање исклучиво во болнички услови, но и „етикетирање“ на лекарите и новинарите како убијци и креатори на лажни вести, се опасни и штетни во битката со пандемијата од коронавирусот. Министерството за здравство има обезбедено терапија за болните од ковид-19 и ги следи новите третмани за лекување...

Д-р Ивана Стојаноска: Кај нас сите се „онлајн лекари“ и не ги почитуваат советите на докторите

Бројот на заболени од ковид деновиве варира, зависно од ден на ден. Новиот бран на вирусот започна со откривањето на сојот Омикрон како уште една мутација што во светот беше регистрирана кон крајот на ноември минатата година. Омикрон јавува послаба клиничка слика кај пациентите, а пред една недела властите донесаа одлука изолацијата на асимптоматските случаи да се намали за...

Влада: Секој граѓанин ќе може да дојде само до своето решение за изолација

Од Влада попладнево соопштија дека во новиот модел за испорака на решенија за изолација преку  веб-платформа, целосно ќе бидат заштитени личните податоци на граѓаните, односни нема да се објавуваат јавно. Оттаму појаснуваат дека моделот подразбира секој оној што има потреба, ќе има пристап преку веб-страница единствено до своето решение за изолација без да има увид во податоците на другите граѓани...

Експертите алармираат: Со објавата на имињата на луѓето во изолација, ќе се намали бројот на тестирања

По одлуката на Владата решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 да се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок експертите предупредуваат дека јавното објавување на овие информации ќе резултира со последици. Редакцијата на Мета.мк упати конкретни прашања до ДСЗИ за да добиеме одговор: дали овие...

Вистиномер: Лага е дека ковид-19 не постои, дека нѐ прскаат од авиони и дека нѐ чипираат со вакцините

Со теоријата на заговор за „кемтрејлс“ користена во постот, се инсинуира дека авионите нè трујат со хемиски супстанци односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични на ковид-19. Ова, се разбира е неточно. Направени се истражувања од научната заедница и не е дојдено до ниту еден доказ дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои...

Решенијата за изолација поради ковид-19 ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 да се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок, одлучи Владата на вчерашната седница. Надлежните уверуваат дека притоа нема да бидат објавувани личните податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за...

Вистиномер: Не е прогласен крај на пандемијата во Германија на 14 јануари 2022 година

Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата, рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот пред и по 14 јануари 2022 година, препораките за вакцинација со трета доза за младите, а...

Нови ковид-протоколи во Германија и Шпанија за македонските граѓани

Германија и Шпанија од денеска воведоа нови протоколи за влез во земјата, информира Министерството за надворешни работи. Согласно препораките од Европската комисија, за влез во Германија, за граѓаните на Северна Македонија ќе се применуваат следните препораки: Важноста на сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија ќе биде 9 месеци/270 дена, наместо досегашните 12 месеци, и соодветно патниците...

Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести

Доктор Александар Петличковски, актуелен директор на Институтот за имунологија е избран за нов претседател на Комисијата за заразни болести. Досегашен претседател на оваа комисија во рамките на Министерството за здравство беше д-р Жарко Караџоски. Исто така, за лице надлежно за односи со јавност на Комисијата за заразни болести е назначен д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом - Скопје. Инаку, Комисијата за...

Вистиномер: Лага е дека полицијата во Лондон затворала вакцинални пунктови и апсела поради вакцинирање

Полицијата во Лондон за Ројтерс вели дека нема никаква кривична истрага за ковид-19 вакцините и дека ниту еден вакцинален центар не е затворен, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесува тврдење дека во Велика Британија, од 23 јануари 2022 година е издадена наводна наредба за заплена и стопирање на работата на сите...

Откриени уште 711 случаи на ковид-19, починаa уште 26 лица

Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа во земјава биле направени 3.197 тестови, а откриени 711 нови случаи на ковид-19. Во истиот период, на болеста ѝ подлегнале 22 лица, а биле пријавени уште четири смртни случаи од претходно, со што билансот на починати порасна за нови 26 починати. Од новите 711 случаи на ковид-19, огромен дел се од...

За здравјето се работи

Да не беше пандемијата предизвикана од Ковид-19, здравството веројатно ќе останеше под радарот на вниманието на европската и нашата јавност. Здравството е област на споделена надлежност меѓу ЕУ и државите членки. Додека државите членки ги утврдуваат и обезбедуваат нивните здравствени услуги и грижата за здравјето, Унијата ги дополнува нивните национални политики со цел подобрување на јавното здравје, спречување на...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...