fbpx

За 24 часа 1.045 нови случаи на Ковид 19 од 4.695 тестови, 29 починати лица

-

Во последните 24 часа се направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на Ковид 19, од кои се 132 реинфекции, информира Министерството за здравство. Најголем дел од новите случаи на Ковид 19 се регистрирани во Скопје, 557, потоа следуваат Куманово со 57, Битола 53, Тетово 47, Велес 41, Охрид со 39 заболени, Прилеп со 35, Гостивар 33, Кавадарци и Струмица со по 32, Кочани со 19 новозаболени, Штип со 17, Гевгелија 14, Неготино 12, Струга и Свети Николе со по 11, Кичево 8, Ресен 6, Кратово 4, Делчево и Богданци по 3, Радовиш и Валандово по 2,  додека Дебар, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија имаат по еден новозаразен.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица од 57 до 86 години, од кои 11 се од Скопје, 3 од Прилеп, по 2 од Тетово и Штип и по еден од Кратово, Крушево, Неготино, Охрид, Ресен, Куманово и Струга. Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид од Мој Термин, пријавени се дополнително четири починати лица на возраст од 64 до 82 години кои починале во претходен период. Од вкупниот број на починати лица, шест биле лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.

Во последните 24 часа регистрирани сe 2.418 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...