fbpx

Решенијата за изолација од денеска може да се преземаат преку vakcinacija.mk

-

Од денеска секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација, соопштија од Владата на РСМ.

Пристапот е овозможен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, од каде упатуваат до порталот Вакцинација.мк или директно на https://vakcinacija.mk/mk/landing.

Според упатствата, граѓаните кои досега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на Порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација, кое е дигитално потпишано од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Сите лица кои досега имаат свој профил на vakcinacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за ковид-19 вакцинација или за прележан ковид-19.

„Потсетуваме дека секое лице кое се тестира за ковид-19 потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултат од истото. Доколку резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет денови во зависност од тоа дали развил симптоми на болеста“, наведено е во владиното соопштение.

Ваквата опција за преземање на решенијата за изолација е воведена откако владата ја промени првичната одлука, решенијата за изолација јавно да бидат објавени на веб-страната на ДСЗИ и во Службен весник.

Тогаш следеа бурни реакции од експертите, кои предупредуваа дека со објавата на имињата на луѓето во изолација ќе се намали бројот на тестирања.

Тие исто така предупредија и дека објавувањето на решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за цел – електронска достава на решенијата, не е во корелација со начелото на законитост, правичност и транспарентност и начелото на минимален обем на податоци утврдени во Законот за заштита на личните податоци.

Агенцијата за заштита на личните податоци, тогаш, исто така достави известување до Државниот санитарен и здравствен инспекторат по однос на објавување на решенијата на веб страницата на Државниот санитарен инспекторат и во Службен весник на РС Македонија.

Тие информираа дека не постои законски основ за објавување на истите, особено што решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 содржат и посебни категории на лични податоци, односно податоци што се однесуваат на здравјето. Овие лични податоци уживаат посебна заштита според прописите за заштита на личните податоци и за нив не може да се применат исклучоците од правилото за забрана за обработка на посебни категории на лични податоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...