fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Вистиномер: Не е точно дека Црвениот крст не прима крв од вакцинирани лица

Не е точно дека оние кои се вакцинирале против ковид-19 не смеат да даруваат крв, ниту, пак, е точно дека Меѓународниот црвен крст објавил дека нема да прима крв од вакцинирани, како што се тврди во постот. На веб-страницата на американскиот Црвен крст има објаснување коешто демантира дека тие што примиле вакцина не смеат да даваат крв, пишува „Вистиномер“...

Регистрирани 1.254 нови случаи на ковид-19, пријавено е 21 починато лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 655, Битола – 87, Куманово – 55, Тетово и Кавадарци – по 46, Прилеп – 40, Велес – 33, Штип – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 29, Гостивар –...

Вистиномер: Поради печатна грешка, книга за омикрон-варијантата влезе во барабанот на теории на заговор

„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката...

Денеска 1.908 нови случаи на ковид-19, пријавени се 26 починати лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се  5.834 тестови, а регистрирани се 1.908 нови случаи на ковид-19. Најмногу нови случаи се забележани во: Скопје – 972, Кавадарци – 112 и Куманово – 111. Од вкупниот број на позитивни случаи, регистрирани се 254 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 5 починати...

Вистиномер: ПЦР тестот не е неточен и не е судски дискредитиран

Во објавата се тврди дека судски е потврдено оти ПЦР тестот е неточен при детектирање на коронавирусот. За вакво ударно и драматично тврдење не може да се најде никаква потврда или доказ. Пребарувањата на Гугл за ваква судска одлука не даваат резултати ниту на македонски јазик, ниту на англиски јазик. Да е навистина донесена ваква судска одлука тоа ќе...

Вистиномер: Грипот и настинките не се регистрираат како ковид-19 за да се создаде лажна пандемија

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една...

Влада: Асимптоматските случаи на ковид-19 ќе бидат во изолација седум дена

Izolacija karantin
Владата на синоќешната седма редовна седница реши и периодот на изолација или карантин поради ковид-19 да се намали на седум дена, наведувајќи дека тоа е по препорака од Главниот координативен кризен штаб донесена на предлог на Комисијата за заштита од заразни болести поради полесната клиничка слика што ја предизвикува сојот Омикрон. Согласно овие препораки, на лицата кои се лабораториски потврдени...

Второто полугодие ќе започне на 1 февруари со физичко присуство, учебната година ќе заврши во редовниот термин

Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Така одлучи вчера Владата на седмата редовна седница врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, истовремено повикувајќи на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство. „Ги имаме предвид и повиците од УНИЦЕФ,...

Денеска 2.019 нови случаи на ковид-19, пријавени се 19 починати лица

Од 6.119 направени тестови денеска, регистрирани се 2.019 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најголем број од новорегистрираните случаи се од Скопје – 968, Битола – 150 и Кавадарци – 104. Од вкупниот број на новозаболени, регистрирани се 254 реинфекции, а двајца од регистрираните лица во текот на денешниот ден се заразиле со ковид-19 по трет пат. Во...

Поради голем број на хоспитализации се отвараат нови ковид оддели во болниците

Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата за заштита од заразни болести препорача Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”, информираат во Министерството за здравство. На состанокот на Комисијата присуствувал министерот...

До крајот на неделава ќе се знае дали наставата ќе се одвива онлајн или со физичко присуство

Одлуката за започнувањето на наставата онлајн или со физичко присуство на учениците во второто полугодие ќе биде донесена на седница на Владата до крајот на неделава, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здраството, соопшти денес министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. „До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има...

Стојанов: Не е оправдано барањето учениците да ги тргнат маските

Не е оправдано барањето да не се носат маски додека трае наставата, посебно не сега во период кога имаме и по над 2.000 нови ковид случаи на ден, предупредува епидемиологот д-р Александар Стојанов за Новинската агенција Мета. Ова следува по иницијативата на граѓани „Стоп за носењето маски во училиштата“, да престане задолжителното носење маски во училиштата. Д-р Стојанов вели...

Вистиномер: Не е точно дека Владата го разгледувала предлогот вакцината против ковид-19 да стане задолжителна

Од Министерството за здравство демантираа дека се размислува вакцината против ковид-19 да стане задолжителна. По завршувањето на седницата, Владата информираше дека е усвоен предложениот План за задолжителна имунизација за 2022 година, а  во него не е предвидено вакцината против ковид-19 да се воведе како задолжителна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук пласира вест...

Периодот на изолација да трае седум наместо десет дена, предлага Кризниот штаб

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19, информираат оттаму. „На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за...

Изминатата недела секој трет тест за ковид бил позитивен

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5 oтсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 23,6 отсто до 34,4 отсто, односно просечно - 29,1 отсто, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 17 до 23 јануари. Според извештајот, тестирани се 39.289 материјали во лабораториите во...

Од ковид-19 починаa 22 лица, денеска 718 нови случаи од кои 95 се реинфекции

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се во Скопје – 505, Битола – 30 и Куманово – 29. Од вкупниот број на позитивни случаи, регистрирани се 95 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица...

Дијабетичарите бараат хронично болните да се ослободат од работни и училиштни обрвски

Сојузот на здруженија на дијабетичари денеска побара од Владата и Министерството за здравство да ги ослободат од работни и училиштни обврски сите лица кои се хронично болни, посебно лицата со тип 1 и тип 2 дијабетес, заради загрижувачката состојба со ковид во земјата. Како што стои во нивното барање со надлежните, се надеваат дека ќе бидат прифатено како итно...

Вистиномер: Вакцините не се причина коронавирусот да мутира и лага е дека луѓето се разболуваат од вакцините

Вакцините не предизвикуваат да се разболите со коронавирусот, бидејќи ниту една одобрена вакцина не содржи активен вирус. Напротив, вакцината против ковид-19 ги заштитуваат граѓаните од тешка форма на болеста и ја намалува хоспитализацијата и смртноста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук шири невистини дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат мутации на вирусот и дека...

Вистиномер: Новите соеви на вирусот не се предизвикани од вакцините

Сите научни докази говорат дека новите варијанти најмногу се шират помеѓу невакцинираните. Вирологот Фридеман Вебер од универзитетот „Јустус Либиг“ во Гисен е дециден дека невакцинираните лица се оние кои ја предизвикаат мутацијата на вирусот. Наспроти тврдењето во постот, научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате со коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел...

Денеска 12 починати од ковид-19, нови 1.172 заболени лица, од кои 145 се реинфекции

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 629, Битола – 109 и Куманово – 64. Од вкупниот број на позитивни случаи (1.172), регистрирани се 145 реинфекции односно лица што повторно го прележуваат ковид-19. Во...