fbpx

Денеска 2.019 нови случаи на ковид-19, пријавени се 19 починати лица

-

Од 6.119 направени тестови денеска, регистрирани се 2.019 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најголем број од новорегистрираните случаи се од Скопје – 968, Битола – 150 и Кавадарци – 104.

Од вкупниот број на новозаболени, регистрирани се 254 реинфекции, а двајца од регистрираните лица во текот на денешниот ден се заразиле со ковид-19 по трет пат.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 70г, 85г и 85г), 3 починати од Прилеп (71г, 72г и 82г), 2 починати лица од Битола (84г и 84г) и по едно починато лице од Гостивар (72г), Охрид (81г), Кочани (70г), Свети Николе (79г), Струмица (78г) и Штип (78г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се четири починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72 до 75 години. Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 973 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 21.883.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...