fbpx

Регистрирани 1.254 нови случаи на ковид-19, пријавено е 21 починато лице

-

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 655, Битола – 87, Куманово – 55, Тетово и Кавадарци – по 46, Прилеп – 40, Велес – 33, Штип – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 29, Гостивар – 25, Неготино – 23, Кичево и Свети Николе – по 19, Охрид и Кочани – по 17, Ресен и Крива Паланка – по 12, Богданци – 9, Виница – 8, Струга – 6, Радовиш и Дебар – по 5, Делчево – 4, Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 3, Берово, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.254), регистрирани се 169 реинфекции.

Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 14, Кочани – 5, Богданци – 3, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 21 починато лице: 7 починати лица од Скопје (65г, 79г, 82г, 83г, 84г, 85г и 90г), по 3 починати лица од Кавадарци (64г, 72г и 87г), и Струмица (54г, 62г и 75г), 2 починати лица од Прилеп (72г и 82г) и по едно починато лице од  Куманово (87г), Битола (78г), Тетово (73г), Кичево (80г), Струга (66г) и Неготино (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=21),  девет лица се целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 5.082 тестови преку: ИЈЗ-308, ЦЈЗ Скопје-54, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-70, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-114, Авицена-161, Биотек-201, Систина-70, лабораторија Лаор-183, Синлаб-27, Ремедика-5, Плодност-65, Генеа-7, Никоб Лаб-488, ВФВ Медикал-82, Ели Медика-20, Ројал Медика–27, Спектра-ММ-30, Рапид Лаб–55, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.776.

Досега во земјата се направени вкупно 1.785.054 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...