fbpx

Италијанска донација од над 250.000 дози на вакцините „Фајзер“ за Северна Македонија

-

Италијанската донација од 250.380 дози на вакцината на „Бионтек/Фајзер“ против ковид-19 вчера почна да пристигнува во земјава. Втората пратка се очекува утре, соопшти амбасадата на Италија во Скопје.

„Ова е најголемата донација досега направена од една земја за Северна Македонија, како што најави министерката за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе, при нејзината посета на Северна Македонија при крајот на минатата година. Донацијата од Министерство за надворешни работи на Република Италија беше реализирана преку механизмот Ковакс (спроведена од страна на Уницеф во соработка со Гави, Ваксин Алианс и СЗО)“, се вели во соопштението од амбасадата.

Во 2021 година Италија издвои 385 милиони евра за Ковакс системот и 45 милиони дози вакцини наменети за други земји.

„Преку оваа донација сакаме да ѝ пружиме конкретна поддршка на Северна Македонија во борбата против пандемијата на Ковид-19. Важно е сега да се интензивира кампањата за вакцинација, за да се обезбеди поголема заштита на населението“, вели амбасадорот на Италија Андреа Силвестри.

Денешната донација е во согласност со традиционалната италијанска поддршка за Северна Македонија, вклучително и во здравствениот сектор. Имено, во тек е последната фаза од „Програмата за рационализација и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор во Република Северна Македонија“, што се реализира со помош на мекиот заем кој Италија ѝ го додели на Северна Македонија со цел набавка на современи машини во здравствениот сектор, во вкупна вредност од над два и пол милиони евра, се вели во соопштението од амбасадата на Италија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...