fbpx
Таг: контраспин

таг: контраспин

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува за работата на ДКСК и за индексот на перцепција на корупцијата

Тврдењето дека Антикорупциска комисија работи по инструкции на СДСМ е тенденциозно и неосновно, а тоа се гледа по предметите коишто ги имаат отворено. Само изминатата година ДКСК, меѓу другото, отворила предмет за Драги Рашковски кој беше Генерален секретар на Владата, за поранешниот функционер на СДСМ, Рубинчо Заревски кој добил грант од Фондот за иновации, потоа за лицата кои учествувале...

Контраспин: Генерализацијата дека сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се разочарување, е спин

Генерален став за 42- ца градоначалници дека биле разочарување, преку бегло споменување на четворица – петорица, е спин. За да се изгради генерална оценка потребна е оценка за секој градоначалник одделно. Сè друго е извртување на вистината, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На прес-конференција на СДСМ оваа партија изнесе став за работата на сите градоначалници...

Контраспин: Високите увозни цени на гасот не се поврзани со владините преговарачки способности

Спин е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата не обезбедила ниски цени на гасот, за разлика од „сите влади во регионот и светот“. Цената на природниот гас од увоз многу малку зависи од владините преговарачки способности, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение објавено на нивната официјална страница на 13 јануари 2022 година...

Контраспин: Ковачевски нема врска со поскапувањето на цените на струјата, парното и метанот

Ковачевски како лидер на партија не може да биде дел од одлуки за поскапувања во енергетиката, а зголемувањето на цените на струјата и гасот не се ниту своеволна желба на Владата. Ваквите одлуки ги носи Регулаторната комисија за енергетика, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 04 јануари 2022 година објави соопштение преку кое...

Контраспин: Кредибилитетот и легитимитетот на Ковачевски произлегуваат од Собранието

Спин е тврдењето дека кредибилитет и легитимитет на еден политичар од извршната власт мора да произлезе само доколку тој директно учествувал во изборен процес, исто како што е спин дека идниот премиер Димитар Ковачевски ќе разговара/преговара за идентитетот на македонскиот народ, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин, што подолу го пренесуваме во целост: Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава...

Контраспин: Ансамблот „Звуците на Каршиака“ во Турција ја претставуваше РС Македонија, а не некоја друга држава

Ансамблот од Чаир, кој настапил под македонско знаме, го претставува фолклорот на РС Македонија, како мултиетничка држава, додека фолклористите не биле на трошок на Министерството за култура, туку гости на Градот Измир, кој ги избира учесниците на меѓународниот фестивал по пат на конкурс. Движењето за социјална правда „Ленка“ споделува фотографија од настап на фолклорен анасамбл од фестивал во Турција, со...

Контраспин: Како Апасиев спинува за прашањето за современите дисиденти

Лидерот на Левица спинува во корист на Русија и Кина, безмалку претставувајќи ги како небаре демократски земји на ниво на Соединетите Американски Држави од гледна точка на степенот на демократија, притоа манипулирајќи со една единствена карактеристика на современите дисиденти, нивната популарност кај светската јавност, претставувајќи ја како пресудна за опстанокот на САД, на нејзината демократија и либерализмот воопшто, пишува...

Контраспин: Повеќедецениски спор меѓу две држави не се решава за 6 дена

Несериозно е политичар и тоа прв вицепремиер во Владата на РСМ, да дава изјави дека спорот со Бугарија може да се реши за 6 дена, без да има конкретни факти, аргументи или документи. Не може јавно искажан збор, макар и од бугарски премиер, за „нов конструктивен тон“ и решавање на спорот за 6 месеци, да му даде легитимитет да...

Контраспин: Не се патниците оние кои треба да им ја проверуваат документацијата на автопревозниците

Не е работата на граѓаните да проверуваат дали сите услуги што ги користат се во согласност со сите закони коишто постојат во државата. Ниту можат да го знаат сето тоа, ниту треба да го знаат и да го бараат. Затоа постојат надлежни институции коишто треба да вршат надзор и да контролираат дали нешто функционира според регулативата, а доколку тоа...

Контраспин: Очигледна манипулација видлива и од авион

Бројката од 631.860 жители, којашто Влатко Ѓорчев манипулативно ја претставува како показател за победа на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ од 4 спрема 1, воопшто не значи тоа. Од овие 631.860 жители во 22 општини има луѓе кои воопшто не излегле да гласаат, има лица кои гласале за независни кандидати или кандидати што се од друга партија, а има и такви...

Контраспин: Николоски за политички поени одново ги споменува децата

Спиновите се специјалитет на политичарите и политиката од рано во историјата, до денес, па, така е и во земјава. Она што е недозволиво и многу загрижувачко е што, користејќи ги за политички поени, политичарите, а во овој случај и Александар Николоски и неговата партија, не внимаваат на правата на децата. А, тие права се нарушуваат и со непотребно споменување...

Контраспин: Заев и Мицкоски спинуваа за бројот и причините за големата смртност од ковид 19

Премиерот Зоран Заев ги извртува фактите околу причините за смртност на заболените од ковид-19 во земјата, сведувајќи ги само на придружни болести кај починатите и нивно задоцнето пријавување кај лекар. Мицкоски, пак, иако професор кому би требало да му се блиски научните и сатитистичките факти, спинува дека смртноста во РСМ е три пати поголема од онаа кај соседите и...

Контраспин: Рокови за оставка на Филипче со однапред вграден и свесен спин

Давањето рок за поднесување на оставката на Филипче и Хасани до утре е партиски мотивиран настап со однапред вграден спин. Самиот Мицкоски на пресот си признава дека ќе одат со ваква (погрешна) процедура, барање за разрешување, иако експлицитно признава дека е нестандардна, анализира „Вистиномер“ во новиот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Претседателот на најголемата партија во опозиција, Христијан Мицкоски,...

Контраспин: Ако не чувствува одговорност Филипче требаше јасно да каже

Министерувањето на д-р Венко Филипче може да се оценува од многу аспекти. И од справување со ковид пандемијата (тука има и многу позитивни, но и негативни елементи, како бројот на починатите, на пример) и од аспект на фактот што стори многу за лекарите и од аспект што во времето на неговото министерување започнаа трансплантациите на срце. Но, тој спинуваше...

Контраспин: Спиновите како „статистичка операција“ против пописот

Ако се погледне историјатот на барањата за одложување на пописот на населението што треба да го спроведе власта под раководство на СДСM и ако се погледнат аргументите и „аргументите“ при секое такво проблематизирање на пописот, не изненадува и сегашното барање од страна на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис на само 10 дена пред спроведувањето на истиот. И повторно, со аргументи...

Контраспин: Со измислиците за „фашистички мерки“ во владината кампања ВМРО-ДПМНЕ шири антиваксерство

Задоцнетиот почеток на масовната вакцинација, „фашистичките (рестриктивни) мерки“ и цената на кампањата, се три столба врз кои главната опозицска партија комуницира со јавноста дека кампањата е непотребна, што е класично извртување на вистината или спин, што пак, може да се толкува и како антиваксерски став или принцип, се одбележува во најновиот „Контраспин“ на „Вистиномер'. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во...

Вистиномер: Додека пола држава гори, Ангелов твита спинови за политичките противници

Неспорно е дека државните институции треба навремено да реагираат на лажните вести. Но, демантите треба да бидат во насока на целосно, точно и транспарентно информирање на јавноста. А, не како во конкретниот случај со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, да се долева „масло на огнот“ преку спинови кои се во функција на партиска пропаганда и...

Контраспин: Ги назначува Владата, ама требало да ѝ се поклонат на партијата!

Владата ја спинува вистината и сака да претстави дека заради мир во владината коалиција, нешто најнормално на свет е „позицијата директор на државниот Инспекторат за животна средина да е во политичка надлежност на партијата ДОМ“. Но, тоа воопшто не е нормално. Во конкретниот случај, излегува како ДОМ да има врвни ингеренции врз Инспекторатот, а не Владата. Тоа не е...

Контраспин: Тоа што „не е препознаена“, не значи дека корупцијата ја нема на високо ниво

Не е вистина дека „никаде во највисокиот ешалон, дури ни во вториот, не е препознаена корупција“. Тоа не се вели директно, но не се отфрла, ако се прочита внимателно целиот извештај што произлезе од Стејт департментот на САД, а кој се однесува на инвестициската клима во земјата. Затоа премиерот, не може така, со општа изјава да ги амнестира и...

Вистиномер: Два клинички центра, два спина или за „бабите и жабите“

Со последните јавни искази околу цената на изградбата на новиот Клинички центар во околината на Скопје јавноста може да биде збунета, и со право, зашто со мало истражување на познати факти се утврдува дека спинува Мицкоски, но спин е забележан и во изјавата на Филипче. Она што е точно е дека навистина се два различни проекти, но и во...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...