fbpx
Таг: контраспин

таг: контраспин

Контраспин: Без договорот со Грција (и со Бугарија), не можеше ниту во НАТО, ниту може кон ЕУ

Мицкоски ја извртува вистината кога зборува за околностите под кои земјава стана член на НАТО и за патот за членство во ЕУ. Во интервју што е дадено за „Фокус“, Мицкоски вели дека ќе сме станеле членка на НАТО и без промена на името, доколку тоа беше геостратегиски интерес, што не е ништо друго туку спин, пишува „Вистиномер“ во својот...

Вистиномер: Не може да се тврди дека „законот за дивоградбите“ се однесува на сиромашните

Изјавите на премиерот Зоран Заев и на дел од претставниците на извршната власт дека со законот за легализација на дивоградбите се штитат, пред сè, сиромашните, како и дека мора да има своевидна амнестија, се спинови, зашто ниту има точна проценка колку дивоградби има и дали тие се доминантно на сиромашни граѓани, ниту, пак, е уставно дозволено или во најмала...

Контраспин: Пауновски е разрешен од политички причини, а не зашто бил „непрофесионалец“

Со оценката дека Пауновски е разрешен поради „непрофесионално однесување“, Владата ја извртува вистината, со што се прави дополнителна забуна во јавноста за вистинските причини околу разрешувањето и целисходноста на таа одлука со која формално, засега, е разрешена оваа несекојдневна епизода од дејствувањето на актуелната Влада на Зоран Заев, пишува Вистиномер.мк. Во соопштението од седницата на Влада на која била донесена одлуката за...

Вистиномер: Спин е дека осудените за „крвавиот четврток“ се уставобранители

Осудените лица, но и другите граѓани кои на 27 април 2017 година влегоа во Собранието можат да се наречат со многу термини, многу квалификативи, самите можат да се чувствуваат како бранители на идеја, на лидер, на позиција, на устав, на што било, но фактите не дозволуваат да бидат квалификувани како уставобранители во јавниот дискурс. Сосема е друго барањето за...

Контраспин: Со радосни вести и оптимизам против колективна депресија

Колку дози оптимизам се потребни да се одржи духот позитивен, кога дневно битката со тешкиот вирус ја губат по 35, дури и по 50 лица?  Па, тоа е секојдневно по еден речиси полн патнички автобус! Тоа е страшно, жално, тоа е трагедија која се случува пред нашите очи. Нема тука друг опис. Не може на тие семејства, кои изгубиле...

Вистиномер: Во Грција може да оди секој кој ќе се вакцинира или има имунитет на ковид-19, за тоа не одлучува Бектеши

Нападот врз министерот за економија Крешник Бектеши од страна на пратеникот Павле Трајанов е неоснован и неумесен, пишува Вистиномер.мк во својот најнов Контраспин, што го пренесуваме подолу. „Најавата на грчките власти дека за граѓаните од Србија ќе биде отворена туристичката сезона на 15 мај, во земјава донесе изјави и текстови во медиумите во кои се бара нашите власти да издејствуваат...

Контраспин: Пандов удри со клоци по пописот

На веб апликацијата достапна на: popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk, можат да се попишат сите иселеници во странство. Податоците за лицата кои се самопопишале се заштитени и тие ќе бидат декриптирани дури откако ќе заврши пописот. Така што, не се знае од која националност се и како се изјасниле, па не може ни да се тврди дека се само Албанци, пишува...

Вистиномер: Институциите го притиснаа Мијалков или некој си поигра и со правдата и со правната држава?

Премногу е чудна целата приказна со (не)бегањето на Сашо Мијалков – од скандалозното исчезнување до неговото ноншалантно појавување пред Обвинителство облечен во црна маичка. А, чудна е и изјавата на премиерот дека тој лично координирал со акцијата во која директно се вклучени правосудните институции, иако таму извршната власт нема ингеренции. Има многу нејаснотии и околу повлекувањето на жалбата за...

Вистиномер: Стипендијата на ќерката на Димитров нема врска со неправдата нанесена на математичарот Дамјан

Пратеникот Јорданов става равенство меѓу сосема различни работи. Награда е една работа, стипендија е сосема друга.  Во конкретниот случај со талентираниот математичар Дамјан,  пречка за добивањето на заслужената парична награда е застарената законска рамка, која како што најавија од МОН, допрва ќе се менува. Јорданов, иако има можност да предложи промени на законска регулатива за да се исправи неправдата...

Контраспин: Јаневска спинуваше дека сексуалното образование ќе биде предмет од второ одделение

Извртувањето на вистината дека како изборен предмет сексуалното образование ќе се нуди од второ одделение во идниот реформиран систем на образование, што МОН го има зацртано од наредната учебна година, беше повод за редица шпекулации во јавноста изминатите неколку дена, пишува Вистиномер. Претседателката на комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Весна Јаневска, гостувајќи на Сител ТВ, ја коментираше Концепцијата...

Вистиномер: Заев не го подготви народот за бугарско вето, туку му влеа оптимизам за старт на преговори со ЕУ

Заев најмногу од сите во Владата ја поткреваше надежта кај граѓаните дека Република Северна Македонија, под водство на оваа власт, ќе ги отпочне преговорите со ЕУ. Премиерот изминативе години говореше дека Бугарија е стратешки партнер, наш искрен и голем пријател и дека верува оти не само што ќе добиеме поддршка за старт на преговорите, туку Бугарија ќе продолжи да...

Вистиномер: Мицкоски гледа хонорари онаму каде што ги нема

Не е точно дека здравствените власти, вклучително и Комисијата за заразни болести седум месеци зборувале едно те исто – предвидувале две илјади заболени! Тоа беше на стартот од пандемијата – нова болест, многу малку се знаеше за вирусот и проекциите беа такви врз основа на тогашните сознанија и бројот на заболени. Сите знаеме дека таа бројка е одамна надмината,...

Вистиномер: Заев со различни аршини за вонредната состојба

На 18 март годинава, кога беше прогласена првата вонредна состојба за справување со пандемијата, премиерот Зоран Заев изјави дека ја поздравува и дека таа ќе придонесе за брзо и ефикасно спроведување на мерките. Тогаш имаше вкупно 48 заболени. На 15 октомври, пак, Заев изјавува „бројките се до плафон“, „сите можеме да бидеме заразени“, „верувам дека не треба да размислуваме за...

Контраспин: Јанкулоска е „жртва“ на авторитарниот систем на бегалецот Груевски

Случајот „Тенк“ за кој Јанкулоска и Поповски издржуваат казна затвор, а Никола Груевски „храбро“ побегна од земјата, е чист од правен аспект, барем според пресудата што е потврдена во три степена – Основен, Апелација и Врховен суд. Но, ВМРО-ДПМНЕ спинува дека Јанкулоска е жртва на Заев, без да појасни зошто во чист случај не бара отворено и Груевски да...

Вистиномер: Агатангел продолжува да биде политички, наместо божји слуга

Иако и Агатангел, како и секој граѓанин на државата, има уставно загарантирано право на слобода на уверување, мисла и говор, Агатангел, така да се рече, има „редуцирано“ право кога станува збор за политички собири замаскирани со граѓански активизам, преполн со спинови од страна на Владиката. Пред сѐ, поради уставно загарантираната секуларност на државата, пишува „Вистиномер.мк“ во новиот Контраспин. Митрополитот Повардарски...

Вистиномер: Милошоски спинува околу „Моќник“ преку политизација на случајот

Антониjо Милошоски сѐ уште е, суштински, само осомничено лице, зашто надлежниот суд сѐ уште не го прифатил Обвинителниот акт за случајот „Моќник“. Но, реакциите и настапите на Милошоски и на ВМРО-ДПМНЕ околу работата на СЈО со години, како и потоа, околу законското решение за преземање на сите случаи на СЈО од страна на ЈО, покажуваат дека е спинување кога...

Вистиномер: Џафери не може да го претпочита Деловникот наместо Уставот

Според Уставот, со верификација на мандатот на пратениците, Собранието е констиутирано. Уставот е највисок правен акт во државата и е хиерархиски далеку над Деловникот на Собранието. Оттука, тврдењето на Талат Џафери дека Собранието не е констиутирано, е спин, вели најновиот Контраспин на „Вистиномер.мк“   Во изјава за ТВ21 претседавачот со конститутивната седница на новиот состав на Собранието на РСМ, Талат Џафери,...

Вистиномер: ВМРО-ДПМНЕ „не гледа“ дека бројот на активни случаи е паднат за над 600 лица за нецели 3 недели

Иако се вели дека во политиката сè е дозволено, сепак, не е дозволено за политички цели да се спинува со бројките поврзани со здравјето, животот и смртта на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, поради спиновите што ги употребува во комуникацијата со јавноста околу корона кризата, не ги пласира најважните факти, а со тоа грубо ја извртува вистината, оценува новиот Контраспин на „Вистиномер“. По...

Вистиномер: СДСМ и медиумскиот сектор – солидни ветувања и по некој спин за оствареното

Несомнено, слободата на медиумите и на правото на говор и на изразување е пошироко и помодерно разбрано во СДСМ, споредувајќи ги со ВМРО-ДПМНЕ, и тоа и во поглед на предизборните програми, но и во поглед на праксата. Сепак, покрај тие современи заложби и приципиелно добри ветувања, во програмата „Можеме“ се детектираат два-три спина околу реализираното во изминатите 2,5 години...

Вистиномер: Ветувањата за медиумскиот сектор на ВМРО-ДПМНЕ – спинови и контрадикторности

Програмата содржи три точки од кои две, за МРТ и за саморегулацијата, се контрадикторни и се спинови, додека третото ветување е спин во делот за ослободување на непотребна регулација за медиумите во соработка со медиумите, пишува „Вистиномер“ во својот најнов Контраспин. (Напомена: Тука можете да ја најдете анализата на предизборната програма на СДСМ во делот за медиумите.)   Во изборната програма на...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...