fbpx
Таг: контраспин

таг: контраспин

Контраспин: Непостоечки економски геноцид и наводни спасувачки блокади на институциите – спин до спин во говорот на Мицкоски

Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како што вели во својот говор, самиот се смета за „прв меѓу еднаквите кој ја добил големата одговорност да го предводи народот со бајракот на слободата кон промени и подобра иднина за нашата Македонија“, во својот говор, кој изобилуваше со спинови, не даде доволно елементи кои би ги убедиле граѓаните кои не се...

Контраспин: Анкетата за 100 дена Влада не покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Соопштението објавено од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, односно неговиот наслов, претставува класичен спин, на кој очигледно наседнале поголем број медиуми во државата, без притоа да ја проверат содржината и прашањата на анкетата спроведена од МЦМС. Во анкетата воопшто не постои прашање „за кого би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори“, а опозициската партија структурата на испитаниците ја...

Контраспин: Спиновите околу Талир 2 дополнително ја уриваат довербата во судството

Двата примера околу кои се спинува за Талир 2 покажуваат многу добро дека самите главни партии што во огромен дел биле и креатори на политики во правосудството и не може да се амнестираат за тоа дека довербата на јавноста е сè уште многу ниска, секојдневно со своите спинови придонесуваат таа доверба да остане закована за дното уште долго време…Спинува...

Контраспин: Без критериуми за „истакнат правник“ секој избор на уставни судии ќе биде спинуван

Целиот проблем во изборот на уставните судии се наоѓа во непрецизната уставна одредба дека судиите ги избира Собранието „од редот на истакнати правници“. Се додека не се донесе посебен закон што ќе го регулира ова прашање, секој избор на уставни судии ќе се проблематизира и ќе се спинува, пред се од политичарите и на власта и на опозицијата, како...

Контраспин: Џафери спинува и за пцостите и за нормите од кодексот

Талат Џафери јасно кажува дека не го интересира што мисли јавноста, туку што мисли тој, а тој мисли дека не прекршил ниту една норма кога на службеници грубо им вика „бегај бе“ или „сус“. Сепак и мал поглед врз членовите од собранискиот Кодекс, јасно укажуваат дека го прекршил и најмалку што треба да стори е да им се извини...

Контраспин: Кој е ослободувач, кој агресор, а кој ширач на дезинформации за руската инвазија?

Во својот говор по повод 9 Мај, денот на победата над фашизмот, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин се обидува да прикаже дека пропагандата од нивна страна не постои и дека во инвазијата врз Украина, Русија е ослободувач, а не агресор. Дека руската пропаганда е буквално „пионер“ во обидите за манипулација со јавноста сведочат голем број искуства, записи, докази базирани на...

Контраспин: Кои закони се „исклучиво за подобрување на финансиската состојба на граѓаните“?

Криејќи се зад флоскулата дека исклучок од блокадата ќе бидат „законите во интерес на финансиската состојба и директна помош“, од една страна, ВМРО-ДПМНЕ остава простор за „преговори“ кога да крене рампа за некој закон, а кога не, а од друга, не кажуваат дека таа бројка на закони, де факто, е огромна. Стотици закони се од значење на директна финансиска...

Контраспин: Понудата за помош на Мицкоски е спин зад кој се крие единствената цел – предвремени избори

Сè што наведуваат како причина Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во овие два дена за понуда од четири тимови експерти и средба со Ковачевски, е обланда претставена како помош за справување со кризата и „катастрофата“ во која се наоѓа земјава, зад што единствено стои барањето датум за предвремени избори, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во изминатите два дена и Христијан...

Контраспин: Исплатата само на придонеси е, сепак, притисок – СОНК спинува, платите растеле и досега

Анализирајќи ги изјавите на главните актери во штрајкот во образованието (претшколско, основно и средно) кој трае цели две недели, со неизвесност кога ќе прекине, може да се идентификуваат два спина. Еден спин кој доаѓа од Владата и еден спин кој доаѓа од СОНК. Изјавата дека нема да им исплатат дневници за време на штрајкот, туку само придонесите, иако се...

Контраспин: Протестот на матичните лекари од приватното здравство е оправдан и навремен

Симболичниот протест на матичните лекари од приватното здравство, што се одржа на 7 април, е навремен и оправдан, затоа што низата барања што ги имаат се барања од поодамна и од претходните протести, а досега, освен на едно-две, ниту им се удоволени, ниту, пак, има суштински напредок во комуникацијата со МЗ и со ФЗО. А, меѓу суштинските барања е...

Контраспин: Министерот Тупанчески може да оди на натпревар во Палермо, ама на своја сметка

Тупанчески не чувствува морална, етичка одговорност поради тоа што на фудбалскиот натпревар во Палермо бил на сметка на ФФМ. Па сакајќи да оправда нешто што не се оправдува тој спинува, се обидува да ја релативизира целата ситуација и вели „јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел...

Контраспин: Лавров во уште една спин „офанзива“ за оправдување на руската агресија врз Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за четири српски медиуми настапи со познатите дезинформациски наративи за војната во Украина, употребувајќи ја познатата фраза „специјална воена операција“, чија цел е ослободување на угнетеното руско население во Донбас и Луганск. Лавров го повтори ставот  дека влегувањето на руската војска во Украина треба да донесе „демилитаризација и денацификација на...

Контраспин: Трифонов спинува – Бугарите во С. Македонија без страв ја истакнуваа својата етничка припадност на пописот

Слави Трифонов на основачкото собрание на „Има таков народ“ на 16 февруари 2020 година. Фото: Tnvsjk2013/Викимедија комонс. Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0
Со вадењето бугарски пасош, преку релативно лесниот начин да се стигне до него, беше отворена врата за македонските граѓани да имаат слободен влез и можност за работа во ЕУ. За ова се пишува и зборува со години, притиснати од економската криза, со надеж дека ќе обезбедат работа или школување во Европа, многумина изминатава деценија посегнуваат по резервниот план –...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува дека Заев, Ковачевски и Каевски биле голтари пред да влезат во политиката

Пејоративниот збор „голтар“ искористен за опишување на овие јавни личности, освен што е навредлив, не ја отсликува реалната состојба. ВМРО-ДПМНЕ со своето соопштение ги спинува реалните факти и со тоа ја манипулира јавноста да поверува во нешто што не е вистина, пишува „Вистиномер“ во својот нов Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиуми изнесе...

Контраспин: Спин и контраспин во ист јавен настап на ВМРО-ДПМНЕ за јавниот долг

Спинот изразен во оценките на ВМРО-ДПМНЕ за „неодговорни и неуспешни економски политики на оваа влада“ и „расипништвото“, е искажан само за да се поткрепи главниот спин повторуван со години, но особено по локалните избори од 2021 година, дека „единствен реален излез се брзи предвремени избори“, пишува „Вистиномер“. Новиот Контраспин го пренесуваме во целост: Зборувајќи за јавниот долг и задолжување со еврообврзница...

Контраспин: Спин е дека Владата на СДСМ ја зголемила администрацијата за 30 илјади вработени

Анализите на јавно достапните бројки од годишните извештаи за вработените во јавниот сектор во периодот од 2016 до 2020 година покажуваат дека нивниот број се зголемил за околу 2.400, а ако се додадат и зголемувањата од околу 1.700 на бројот на вработените во АД во државна сопственост, вкупната бројка би изнесувала нешто над 4 илјади лица, а не околу...

Вистиномер: Тодор Петров спинува за постоењето на лаборатории за биолошко оружје во Украина

Објавата на СМК и Тодор Петров дека САД поседуваат биолабаратории во Украина, којашто стана многу вирална и популарна на социјалните мрежи, особено на оние канали каде што секојдневно се споделуваат дезинформации и шпекулации поврзани со руската инвазија на Украина, е класичен спин во обид  да се одбрани рускиот терор во Украина. Оваа конспирациска теорија ја шират руските пропагандисти уште...

Контраспин: Наспроти изјавите на Бујар Османи, МНР било снабдено со руски горива ден пред војната во Украина

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, на 7 март при гостување во ТВ21 се согласи со својот украински колега дека „руската нафта е крвта на  Украина“, додавајќи дека „купувањето руски гас ја финансира руската армија“. Сепак, иако бил информиран за точниот ден на руската инвазија на Украина, министерството со кое раководи тој, само еден ден...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува дека МНР не прави ништо за да ги извлече македонските граѓани од Украина

Досега се извлечени 50 македонски граѓани откако почна руската инвазија врз Украина, од вкупно 100 колку што живеат на оваа територија. На 24 февруари, кога и официјално почнаа руските напади, министерот Бујар Османи упати апел до сите македонски граѓани да се обратат за помош во амбасадата, а потоа започна и нивната евакуација, наспроти тврдењата на Стефан Андоновски, секретар за...

Контраспин: Дали Ковачевски го ослободи и Трајко Вељаноски?

Aко се појде од тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека под власт на СДСМ правдата е мислена именка, бидејќи апелацискиот суд донел решение за укинување на мерката притвор за Драги Рашковски и тоа се образложува со тврдење дека „пиунот Ковачевски го ослободил миленикот на Заев“, тогаш се наметнува и прашањето дали Ковачевски го ослободил и Трајко Вељаноски, бидејќи и овој му е миленик...

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...