fbpx

Контраспин: Џафери спинува и за пцостите и за нормите од кодексот

-

Талат Џафери јасно кажува дека не го интересира што мисли јавноста, туку што мисли тој, а тој мисли дека не прекршил ниту една норма кога на службеници грубо им вика „бегај бе“ или „сус“. Сепак и мал поглед врз членовите од собранискиот Кодекс, јасно укажуваат дека го прекршил и најмалку што треба да стори е да им се извини и ним и на јавноста. Покрај тоа, Џафери неспорно спинува кога вели дека пцостите не биле наменети кон службениците, туку кон нивниот однос кон работата, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Спикерот Талат Џафери на 25.05.2022 одржа брифинг, при што во дел од кажаното се препознава спин:

Спин: Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека пцостите кои се слушнаа на Собранискиот канал по завршување на седницата пред две недели не биле упатени кон вработените во собраниските служби, туку кон нивниот однос кон работата, на денешниот брифинг со новинарите. Тој, исто така, вели дека не чувствува одговорност да се извини. Според Џафери, вработените во собраниската служба направиле грешка со материјалите и дека ако тој не ја забележел грешка, седницата ќе требало да се врати назад

[Извор: СДК.мк – Не ги пцуев вработените…– датум: 25.05.2022]

 

Контраспин: По речиси две недели Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, реши што ќе каже и како ќе ја искомуницира јавноста во врска со вербалниот инцидент во парламентот, кога пцуел и викал кон дел од административните службеници, при што главната теза што ја пласираше на брифингот е неоспорен спин.

Проверувајќи ги сите медиуми што известија од тој брифинг, кажанoто од Џафери се совпаѓа, а тоа е дека не ги пцуев вработените туку нивниот однос кон работата.

И едноставното логицирање кажува дека тоа е спин. Во народот има изреки за ваквиот спин: „не по врат – по шија“, „полу полна или полу празна“, „змија или магаре“…и многу други со што, Џафери всушност, сам се доведува во ситуација „угоре виско-удоле длабоко“ или уште поточно „добриот збор се слуша надалеку, а лошиот се слуша уште подалеку“.

Впрочем, тој самиот си го докажува сопствениот спин кога вели дека нема објаснување:

„Немам објаснување во смисла на објаснување. Јас сум претседател на Собранието и со Деловник е пропишана мојата надлежност. Треба да создадам услови и предуслови за работа. И ако некој смета дека службата треба да ја поминува на ул. Македонија, претпоставувам дека граѓаните не сакаат таква служба“вели Џафери.

Всушност, Џафери јасно кажува дека не му значи ништо мислењето на јавноста, туку на прво место го става неговотo:

„Не сметам дека сум прекршил нешто, останатото е мислење на јавноста. Јавноста си го кажа своето“, кажа Џафери.

Слично вака неодамна се однесуваше министерот за правда Никола Тупанчевски, тврдеше дека според неговото (од позиција на професор по право) толкување на Етичкиот кодекс на Влада, не прекршил ниту една норма што заминал на фудбалски натпревар во Италија, па сепак, Владата го најде за „виновен“ и ја доби најблагата и првична казна од владиниот Кодекс – опомена.

Ова покажува дека егото и високото мислење за себе стануваат речиси неодминлив дел врзан за функцијата – колку повисока, толку погранитно себе воспевање (чест на исклучоци), па затоа, неопходна е мини анализа на етичките норми, во овој случај собранискиот кодекс.

 

Кодексот е јасен – Џафери се однесувал спротивно на основните норми!

Кодексот за етичко однесувањето на пратениците во Собранието е документ што е донесен во 2018 година согласно исполнување на стандардите препишани од ГРЕКО при Советот на Европа, а во 2019 година во согласност со препораки од ГРЕКО и домашните антикорупционери е надополнет. Значењето му е големо и затоа има и упатство за толкување и спроведување на етичкиот кодекс.

Дури и според бегла мини анализа, кристално јасно е дека Талат Џафери,  секако се однесувал грубо и недолично (без оглед на причините – голема повреда на работните обврски на службениците, нервоза поради блокадата, афект, итн) и дека го прекршил Кодексот.

Во член 3 од Кодексот пишувa дека:

пратеникот во извршување на својата функција се придржува до основните етички начела, стандарди и правила на професионално однесување како што се: објективност, јавност, одговорност, заемно почитување, почитување на угледот на Собранието, како и почитување на интегритетот на други лица.

Во член 6 од Кодексот се апострофира истото, имајќи предвид дека член 6 е прв член од главата во Кодексот наречена „Заемно почитување и почитување на интегритетот на другите“:

Член 6, став 1

Пратеникот е должен при извршувањето на функцијата да се однесува со особено внимание и почитување на угледот и личноста на секој поединец и секогаш да води сметка да не го повреди угледот на другите пратеници и угледот на Собранието.

А во став 4 пишува:

Пратеникот ги почитува овластувањата на другите избрани и именувани лица, на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието, нема да врши притисок врз извршувањето на нивните работни задачи и нема да поттикнува и помага однесување спротивно на Кодексот.

Од наведените членови е јасно дека Џафери со своето однесување прекршил норми пропишани од основното етичко начело и стандард, но и од член 6 во ставовите 1 и 4, без оглед каков и да бил прекршокот што го направиле службениците во Собранието.

Член 6 од собранискиот Кодекс/скриншот

Има пцости ама има и спинови

Ако се анализира кажаното што може да се слушне од тонското парче извадено на социјалните мрежи, и според народната изрека „ако баба лаже трап не лаже“, може да се каже со сигурност дека во еден момент Џафери пцуе (сите вие што си „е…… мајка овде“ може да се оцени како пцуење). „Бегај бе“ е грубо однесување, исто како што е и „Хеј Сус“, бидејќи тоа сус доаѓа од турскиот јазик (се употребува и во шпанскиот) каде што sus haber или во народот познато „сус бре“, де факто значи „замолчи“ (на турски попрецизно може да се каже и sus(tur)mak . Де факто, „сус“ е замолчи, а „бре“ е извик, а и двата збора се архаизми кои се употребуваат и се одомаќинети кај нас, но во неформален, уличен говор (Дигитален речник на мак.јазик).

Неспорно е, дека Талат Џафери се однесува грубо и недолично и дека има прекршено дел од членовите на Етичкиот кодекс за однесувањето на пратениците и дека пцуел. Без оглед, како во сите овие перипетии и со блокадата и со целосната поделеност, формално ќе заврши овој случај. Оттука, сметаме дека кажаното од Џафери на вчерашниот брифинг е спин и во делот на тоа дека „пцостите не биле наменети кон вработените во службите“, но и дека не го прекршил Кодексот, како и тоа дека грешката што ја направиле вработените биле од таков карактер за тие веднаш да летаат од работа.

Зашто, за такви грешки си има нормална процедура, а не грубо и недолично однесување и според Деловникот и според Законот за административни службеници и конечно преку главниот, Законот за работни односи,.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...