fbpx

Контраспин: Наспроти изјавите на Бујар Османи, МНР било снабдено со руски горива ден пред војната во Украина

-

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, на 7 март при гостување во ТВ21 се согласи со својот украински колега дека „руската нафта е крвта на  Украина“, додавајќи дека „купувањето руски гас ја финансира руската армија“. Сепак, иако бил информиран за точниот ден на руската инвазија на Украина, министерството со кое раководи тој, само еден ден пред инвазијата купило гориво од руска компанија во земјата, поточно „ЛукОил“, пишува Порталб.мк.

 

СПИН: Во емисијата Клик Плус на ТВ21, Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека купувањето од руски компании ја финансира руската војска.

„Мислам дека Русија, Руската Федерација, главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од гас, нафта, енергетски ресурси. Секако дека нивното купување ја финансира руската армија, за тоа нема дилема“ нагласи Османи.

Тој истакна дека се разгледуваат можностите за блокирање на каква било индиректна или директна помош од Република Северна Македонија за Руската федерација.

КОНТРАСПИН: Изјавите на министерот Османи не се во согласност со постапувањето на Министерството

Проблемот со ваквите изјави лежи во тоа што Османи бил информиран за „точниот ден и час“ на руската окупација на Украина, а сепак тоа не го спречи него и министерството под негово раководство да купуваат горива од руската компанија, што според него е директно финансирање на руската војска.

„Ние знаевме пред неколку недели, а последните денови го знаеме точното време на руската инвазија на Украина“, рече меѓу другото Османи.

Последен пат Министерството за надворешни работи купило горива од руската компанија „ЛукОил“ еден ден пред инвазијата на Украина од страна на Русија, односно на 23.02.2022 година.

Овој чин не е во согласност со она што го говори Османи, кој, знаејќи го овој многу важен факт, го одобрил купувањето нафта, а ако ги употребиме зборовите со кои тој прави спин, тогаш испаѓа дека МНР ја финансирала руската армија да започне инвазија на Украина.

Контрадикторни се неговите изјави дека „руската нафта е крвта на Украина“, а течењето на таа „крв“ ја овозможува меѓу другите и институцијата што ја води самиот тој давајќи пари на руски компании.

Доколку нашата земја, според него, „ги разгледува можностите за блокирање на каква било индиректна или директна помош од РСМ за Руската федерација“ тогаш купувањето нафта од „ЛукОил“ е спротивно на ова тврдење.

Министерството на чие чело е Бујар Османи неколку пати купувало нафта од руска компанија, поточно „ЛукОил“, во Северна Македонија. Колку за информација, според податоците што Порталб.мк ги обезбеди од платформата Отворени финансии, испаѓа дека само во текот на февруари МНР од компанијата „ЛукОил“ купило нафта за вкупно 165.157 денари или 2.678 евра.

Податоци од Отворени финансии

Инаку, во врска со овие изјави, реагираа и албанските опозициски партии. За лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, Османи е еден од финансиерите на Русија, а пак Аријанит Хоџа од Движењето БЕСА истакна дека Бујар Османи „едно зборува, а поинаку постапува“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...