fbpx
Таг: контраспин

таг: контраспин

Контраспин: Мицкоски спинува околу цените на енергија во 2022 и во 2017 година

Мицкоски не кажува, на пример, дали и колку тогашната влада морала да ја субвенционира разликата меѓу продажната цена кон индустријата, односно загубите на ЕЛЕМ со призната цена од 2,5 денари по киловат час за производство за регулираниот пазар, не кажува колкав дел од индустријата, па и подружницата на АД ЕЛЕМ за тргување набавувале електрична енергија во странство или продавале...

Контраспин: Платите се ниски, а проблемот не е до (авто) реорганизацијата на УКИМ

Огромни промени одамна се потребни севкупно во високото образование. Дури и пред времињата кога владите предводени од експремиерот Никола Груевски започнаа со експериментирањето со високото образование, кога се отвораа факултети ширум државата без услови за изведување настава и без потребен број професорски кадар. Затоа, покачувањата на платите, досега и во иднина, малку ќе решат, исто како што нема да...

Контраспин: Не е време за политички суети, а уште помалку за спинови кога станува збор за набавката на енергенси

Дали Мицкоски треба да појде кај Ковачевски или обратно, за да се презентира КОНЦЕПТ за набавка на поевтин гас и електрична енергија за претстојната зимска сезона, при што ќе се заштеделе околу 300 милиони евра? Оваа тема вака поставена е самата по себе спин, покрај сите други потспинови што ги нуди. Спинуваат и Мицкоски и Ковачевски. Најблизок неспинерски став...

Контраспин: Мицкоски го болат навреди само кога паѓаат на неговиот грб

Сосема е јасно дека Мицкоски, дури и под претпоставка тој најмалку да користел навредливи и омаловажувачки зборови, бил согласен тоа да го прават највисоки претставници на неговата партија или пратеници, со што на големо го прави она што во изјавата што ја разгледуваме го осудува и вели дека не е добро зашто „е отров што го чувате во себе“....

Контраспин: Штетите од спиновите за пречистителната станица може да станат многу поскапи од 136 милиони евра

Сè додека за тоа што навистина се случувало не се произнесе официјално овластен орган, со добро поткрепени докази кои во транспарентна постапка би биле на увид на јавноста, секое натамошно обвинување во една или друга насока од двете главни партии во земјава, плус од Арсовска, може да се оцени како извртување на вистината. Од ова силно спинување, освен вистината,...

Контраспин: Ако Арсовска се однесува „како четиригодишно дете“, кабаетот, сепак, е кај ВМРО-ДПМНЕ

Проблемите кои сега се на површина меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу подлабоки, а на самата партија одамна ѝ се познати. Тие требало да се воочат и да се надминат уште пред локалните избори, кога ѝ понудиле, а Арсовска прифатила (или обратно), партијата да не истакнува свој кандидат на локалните избори, туку да ја поддржат нејзе....

Контраспин: Проблемот не е во Договорот со Бугарија, туку во промената на однесувањето на Софија од 2019 година

Доколку со или без референдум С. Македонија се повлече од Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, преговарачкиот процес со ЕУ, кој сè уште е само формално започнат, ќе биде блокиран сè до постигнување на нов договор, кој, потоа, логично е да се претпостави, ќе доведе и до потреба за изменета преговарачка рамка со ЕУ. Не треба голема експертиза...

Контраспин: Проблемот на матичните лекари нема да се реши со спинови

Бројот на ординации по општа медицина во државата од година во година се намалува, а од вкупно нешто под илјада ординации за 500 се барале излезни финансиски решенија уште во февруари. Оттука, сегашниот трет протест на матичните лекари за една година не само што е оправдан, туку под итно треба да се решава, а министерот и другите здравствени власти...

Контраспин: Случај Ејупи – Прашањето дали е почитуван законот не може да биде шовинистичко

Прашањето за вработувањето на Бесмира Ејупи е прашање од висок јавен интерес. И токму затоа, двата спина што ги изрече премиерот Ковачевски, околу шовинизмот и издвојувањето само на Општина Петровец, се недозволиви. Зашто во целата афера станува збор единствено дали се почитуваат законите во државата и дали институциите се водат од главната визија во Стратегијата Едно општество за сите,...

Контраспин: Едно невреме, спинови безброј

Oколу невремето во Скопје имаше спинови од двете главни политички партии во земјата – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што, од она што го забележавме во јавноста, преовладуваат спиновите од ВМРО-ДПМНЕ. Но, имаше и голем број спинови и на социјалните мрежи, а злоупотребата на невремето отиде дотаму што за поплавениот подрум во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести,...

Контраспин: Едно невреме, спинови безброј

Oколу невремето во Скопје имаше спинови од двете главни политички партии во земјата – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што, од она што го забележавме во јавноста, преовладуваат спиновите од ВМРО-ДПМНЕ. Но, имаше и голем број спинови и на социјалните мрежи, а злоупотребата на невремето отиде дотаму што за поплавениот подрум во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести,...

Контраспин: Споредбата на цената на струјата во регионот без наведување на факторите е спин

Наведување само на цените на електричната енергија за компаниите и граѓаните во С. Македонија и споредба со некои земји од регионот е методолошки спин. Спин е, затоа што во секоја земја различно, повеќе фактори ја определуваат цената, а тоа е количеството домашно производство и цената на истото, регулираниот и нерегулираниот пазар, т.е. кои компании се на кој пазар, потрошувачката...

Контраспин: Во „војната“меѓу Русковска и Муареми веќе настрада вистината

Во целиот овој галиматијас со последици кои веќе се видливи – тешко нарушување на угледот на три многу важни институции за гонење на криминалот и корупцијата, УФП, ОЈО генерално и ОЈО ГОКК, како и Судот, Русковска изговори една многу моќна реченица: „Никогаш нема две вистини. Има само една“. Проблемот е што со толку многу уништена доверба во институциите во...

Контраспин: Хуманитарниот аспект од грижата на Левица за тенковите е замаскиран став на Москва

Крајно неодговорно е под маската на „хуманитарната грижа за Украинецот“, да се „продава“ замаскиран руски став дека Украина нема право на самоодбрана. Токму ова е политичкиот став на Левица, кој е, всушност, спин, зашто не само што се одзема правото на самоодбрана, со што се загрозуваат низа други човекови права, туку е премногу сличен на ставот на Москва за...

Контраспин: Оправдувањето на Комората дека немало лекари за вонредни надзори е на климави нозе

Лекарската комора појаснува дека во пандемија немало лекари за да формира комисија/ии за вонредни стручни надзори, а во исто време признава дека постојат други механизми и модели, како „и правно недоуредени прашања за формирање на комисиите“, кои допрва се бараат, со што, де факто, Комората признава дека во однос на пандемијата многу доцнат во своите реакции. Всушност, тоа е...

Контраспин: Нема потврда дека „вo сите идни документи на ЕУ“ македонскиот јазик ќе оди со додавка или фуснота

Голема група интелектуалци кои се нарекуваат македонски учители излегоа во јавност со Манифест: Велиме НЕ на понижувачките услови во непристоен предлог. Во Манифестот, покрај сите други причини наведени во содржината, има еден дел околу јазикот, кој засега е спин, затоа што нема фактичка потврда дека такво нешто ќе се случи во текот на евентуалното  пристапување на РСМ кон ЕУ...

Контраспин: Државата немаше да влезе во НАТО ако не ги исполнеше условите

Наспроти она што го спинува Јакимовски, дека „земјава и со сила ќе беше внесена во НАТО, и без да го смени името“, определбата за евроатлантски интеграции на која било држава е самостојна и независна одлука на секоја од нив. За што впрочем говорат фактите и бројките – 30 држави се членки на НАТО Алијансата, а има и држави од...

Контраспин: Чии се провокаторите на протестите, треба да откријат МВР и ЈО

Две вистини кои кружат во јавноста од официјални изјави на политичарите од двата табора, власт и опозиција, се, всушност, два спина за тоа кој и како ги поттикнува инцидентите на протестите што се одвиваат веќе неколку дена поради т.н. француски предлог за преговарачката рамка на РСМ за преговорите во ЕУ. Спиновите мора под итно да бидат разбиени, а најголема...

Контраспин: Мицкоски го искористи инцидентот на протестите за собирање политички поени

Мицкоски, кој тврди дека имал закани по својата безбедност и претходно, спинува кога со сигурност вели дека намерата на вооруженото лице на вчерашните протести била да го убие токму него. Сето ова може да се протолкува како искористување на инцидентот за собирање политички поени, дефокус на јавноста и можност на Мицкоски, преку спинувања, да ја донесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ во...

Контраспин: За кусокот судии и обвинители поради пензија виновна е Владата

За последната состојба со пензионирањето на 60-тина судии и 13 јавни обвинители од 01.07.2022, поради исполнување услови за старосна пензија виновна е единствено Владата, односно министерот за правда Никола Тупанчески, како најнадлежен за обезбедување услови за функционално правосудство. Имено, тој и други одговорни лица навреме биле предупредени за состојбата, а измените на ЗРО како ад-хок решение со кое имаа...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...