fbpx
Таг: контраспин

таг: контраспин

Контраспин: Проблемот со кучињата скитници не се решава со спинови

Проблемот е многу сложен и голем имајќи ги предвид и отштетите што ги плаќаат општините на годишно ниво (Само во Скопје беа над еден милион евра) и траумите на оштетените граѓани, па оттука со овој проблем треба да се занимава и државата и општините. Добро е што премиерот Ковачевски денеска ретерираше дека државата нема ингеренции и дека тоа е...

Контраспин: Николоски спинува за употребата на македонскиот јазик според Преспанскиот договор

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски спинува кога вели дека со член 7 од Преспанскиот договор е забранета употребата на македонскиот јазик надвор од територијата на државата. Членот 7, точка 4 од Преспанскиот договор се однесува на деклариран став на официјално Скопје дека ништо од идентитетот на македонската страна во македонската држава, вклучувајќи го и јазикот, не се однесува на...

Контраспин: Признавањето на МПЦ – ОА во 2022 година било успех на СДСМ!?

На последниот ден од старата 2022 година, владејачката СДСМ искомуницира со јавноста преку соопштение во кое набројува за 20-те успеси на партијата во годината што замина. Иако неколку од набројаните 20 успеси можат да си конкурираат за полуизвртувања на вистината или полуспинови, еден е еклатантен спин. Имено, СДСМ признавањето на МПЦ-ОА како нешизматичка од дел од сестринските цркви во...

Контраспин: Тврдењето дека мнозинството од СДСМ е за предвремени избори е спин

Освен една изјава на Мицкоски од 29 декември 2022 година, дека „имал сигнали од пратеници на СДСМ и на ДУИ“ за формирање мнозинство од 61 пратеник за распуштање на Собранието и распишување предвремени избори, нема од ниту едно друго место некаква поткрепа или аргумент кој би зборувал во насока дека „мнозинството во СДСМ, членови, министри и дел од пратеници заговараат избори...

Контраспин: Бојкотот на собраниската комисија „за бомбите“ како протест поради ускратена јавност е спин

Ако цело време додека траат заканите за бомби ВМРО-ДПМНЕ комуницира со јавноста дека за тоа е виновна неспособноста на власта и некапацитетноста на МВР, а во исто време бараат подетални информации кои кога имаат шанса да ги добијат ја бојкотираат седницата, само затоа што биле класифицирани како државна тајна, тогаш оваа недоследност, претставена како протест поради ускратена јавност, може...

Контраспин: Апасиев без аргумент спинува дека народот е проруски

Резултатите од истражувањата на јавното мислење, колку и да се со стапици, сепак остануваат еден од најрелевантните аргументи кога се искажуваат ставови за мислењата или ориентираноста на граѓаните. Од неколку анкети може да се констатира дека постојат проруски чувства во РСМ , тие не се за занемарување, но исто така, факт е дека мнозинството од граѓаните сепак се прозападно...

Контраспин: Барањето одговори за одлуката за „Таргет-Тврдина“ не е притисок врз судството

Во услови на висока исполитизираност на општеството и на сè уште премногу дебати за нецелосна поделеност на трите власти, како и во услови на многу ниска доверба на јавноста во судството (од само 4 отсто) за кое постои перцепција за силно влијание од политички, но и од бизнис елити, сосема е разбирлива реакцијата и на јавните функционери и на...

Контраспин: Институциите се поразени во борбата против корупцијата

Калеска-Ванчева од СДСМ се обиде преку оценка во стилот на дилемата „дали чашата е полуполна или полупразна“, да спинува околу прашањето дали институциите во РСМ се поразени во борбата против корупцијата. Аргументите за овој спин ги дава и самата пратеничка кога признава дека нема ефикасност и завршница во бројните случаи, но и серија други изјави што во исто време...

Контраспин: Најголемите партии спинуваат за договорот на ЈСП со „Пуцко Петрол“

Помеѓу фиксна цена на горивото и фиксна цена на маржата има огромна разлика. Но, најголемите политички партии во државата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ упорно со денови спинуваа околу ова прашање и со јавноста комуницираа со ставови дека ЈСП ќе му плаќа на „Пуцко Петрол“ фиксна цена за гориво од по околу 2 евра за литар, иако цената на дизелот паѓа...

Контраспин: Инсистирањето дека Ковачевски „признал“ тајна коалиција со Арсовска е класичен спин

Анализата на кажаното од Ковачевски и како тоа се претставува во комуникацијата со јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзини претставници, несомнено покажува дека се спинува кога се тврди дека Ковачевски сам признал дека имал средби со Арсовска во Владата, од што се вади заклучок според кој „признал дека постои тајна коалиција“ СДСМ-Арсовска, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Контраспин: Арсовска со тенка аргументација за разрешувањата на директорите

Во изјавата на Арсовска дека неодговорноста и неисполнителноста била главната причина за директорските смени во јавните претпријатија, може да се детектира спин, бидејќи барем во случајот со Перински, образложението на градоначалничката за неговата смена – основано сомневање за местење на тендерската постапка за изградба на пречистителна станица во Скопје, се покажа неиздржано. Министерот за животна средина Насер Нуредини вчера...

Контраспин: Милошоски знае дека НАТО не му верува на Димовски, а во Москва би бил добредојден!?

Виктор Димовски кој секако сноси одреден степен на одговорност за скандалот со Онишченко, можеби и нема да замине за амбасадор во Париз. Но, секако, тоа нема да биде поради она за што спинува Милошоски, дека НАТО не му верувал, а во Москва би бил подобредојден, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Антонио Милошоски во интервју даде...

Контраспин: Во барањето за државјанството на Онишченко, сепак, има измама и неговата изјава е спин

Олександар Онишченко спинува кога вели дека нема измама во неговотo државјанство, затоа што тој при апликацијата не го запазил став 5 од член 7 од Законот за државјанство и премолчел битни факти. Без оглед што главниот и најголемиот кабает е при македонските органи и институции, пред сè, кај АНБ. Дополнително истрагата сè уште е отворена, па може да излезе...

Контраспин: Џафери заборава дека треба да е одговорен и пред јавноста

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју во емисијата Вин-Вин повеќе пати во дебата со новинарката употреби реченица која што почнува со „вие можете да мислите што сакате“, или „вие можете да тврдите што сакате“… Ваквиот однос на Џафери, без притоа во најголемиот број случаи да се обиде да појасни каде е тврдењето погрешно или да се обиде да...

Контраспин: Кој е агресор и кој води хибридна војна во Украина?

На Самитот на групата најразвиени земји Г20 во Бали, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес конференција, на која изнесе позната пропагандистичка реторика, која досега била повеќепати повторувана, но, пред сè, неговиот наратив содржеше голем број спинови во однос на преговорите меѓу Русија и Украина, за тоа кој, всушност, ја почнал хибридната војна во Украина други, пишува „Вистиномер“. Текстот...

Контраспин: По свадба тапани – Владата допрва ќе ги „проучува“ усвоените измени на Законот за здруженија

Премиерот Димитар Ковачевски и Владата на седница ќе ги разгледуваат веќе донесените измени на Законот за здруженија на граѓани и фондации, по што ќе се решава дали има нешто проблематично во нив за да се измени или да се испрати на Венецијанската комисија на проценка. Спинот не е само во темелното разгледување од сите аспекти на законски материјал што...

Контраспин: Партиските спинови околу „бугарското прашање“ – контра единството во државата

Најголемите партии во државата како да не водат сметка во својата секојдневна меѓупартиска пресметка околу штетата што се прави со обвинувањата лиферувани од партиските штабови. Еден таков пример беше изминатиот викенд и понеделничкиот (31.10.2022) кога препукувањето беше насочено кон прашања поврзани директно со односите меѓу Скопје и Софија. Корисник требаше да биде општата јавност, а колатерална штета е толку...

Контраспин: Пресуда за тепачка од 1993 година не може да е основa за оставка

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, со пресуда од 1993 година за кривично дело со кое била нанесена тешка телесна повреда не може да бара основа за разрешување на актуелниот в.д. директор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, затоа што таа наводна пресуда и да постоела, одамна е избришана од казнената евиденција. Можеби има други синдикално оправдани причини да...

Контраспин: Тврдењето за ДКСК како адвокат на Ковачевски и заштитник на криминалот се спин

Конкретната изјава на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на која се повикуваат од партијата не значи дека ДКСК нема да постапува никогаш, туку дека нема основа за постапување врз основа на утврдување на судир на интереси. Освен ова, самата ДКСК со своето сегашно и досегашно непристрасно постапување и за високи сегашни или поранешни функционери од власта, без оглед дали...

Контраспин: СДСМ спинува за фотографијата на која се Мицкоски и Блажески

Целото тврдење на СДСМ за Мицкоски и Томе Блажески, основачот на клубот од Охрид „Цар Борис Трети“ е еден спин базиран врз претпоставки и недокажани факти. СДСМ поаѓа од фотографија на која се гледа како во некој црковен објект на заедничко место лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски и основачот на клубот во Охрид Цар Борис Трети, Томе Блажески, палат...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...