fbpx

Контраспин: Рокови за оставка на Филипче со однапред вграден и свесен спин

-

Давањето рок за поднесување на оставката на Филипче и Хасани до утре е партиски мотивиран настап со однапред вграден спин. Самиот Мицкоски на пресот си признава дека ќе одат со ваква (погрешна) процедура, барање за разрешување, иако експлицитно признава дека е нестандардна, анализира „Вистиномер“ во новиот Контраспин.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Претседателот на најголемата партија во опозиција, Христијан Мицкоски, на пресот во ВМРО-ДПМНЕ говореше за оставката на министерот за здравство Венко Филипче, при што може да се дектектира спин:

Даваме рок до вторник рано претпладне Министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието на Република Македонија. Како би можело тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден.

Доколку не бидат поднесени овие оставки, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, секако со понудена соработка и на други пратенички групи и пратеници, врз основа на член 184 став 1 од Деловникот, ќе поднесе до Собранието предлог-одлука за разрешување на министерот за здравство и заменикот на министерот за здравство.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ-Мицкоски/прес, датум: 12.09.2021]

 

 

Контраспин: Спинот на шефот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е јасен и тој се состои во процедурата што ја нудат од најголемата опозициска партија, примена на членот 184, став 1 од Деловникот, врз основа на кој пратеничката група ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на Филипче и неговиот заменик Илир Хасани.

Еве што се вели член 184 и неговиот став 1:

Член 184

 (1) Право да предлага донесување на декларации, резолуции, одлуки, препораки и други општи акти има секој пратеник, пратеничка група, работно тело и Владата.

На ова веднаш реагираше и претседателот на Собранието, Талат Џафери:

Повикувањето на член 184 е погрешен и недопуштен основ, зашто не е надлежност на пратеникот, односно Собранието, да покрене таква постапка за член на Владата конкретно. Процедурата по однос на оставка и разрешување се надлежности на Владата (и премиерот – н.з.) како мандатар пред Собранието поднел предлог одлука за состав на владата. И процедурата и за оставка и за разрешување оди преку мандаторот, односно преку Владата која што го известува Собранието дека дотично лице поднело изјава или дека поднесува предлог за разрешување на Н.Н. член на Влада.

Ваквиот став го делат и професоритие од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од УКИМ во Скопје Борче Давитковски и Ана Павловска-Данева.

Давитковски: Игри за ситни политички поени

Оставка се поднесува до мандаторот кој ве предложил. Нема што министерот да му поднесува оставка на спикерот Талат Џафери. Заев е мандатар, тој формирал влада, а Филипче е тим од владата. Ако ја прифати премиерот оставката, на негово место ќе предложи друг, за кој потоа ќе се изјасни Собранието. Собранието само гласа тоа што ќе му предложи мандаторот. ВМРО-ДПМНЕ може да поднесе барање за разрешување на министерот, но мора убаво да ги образложат причините по кои Собранието ќе расправа и сето тоа пак ќе се сведе на интерпелација. Ваквите изведби на ВМРО-ДПМНЕ се игри за ситни политички поени. Правилата се јасни.

Павловска-Данева: Уставот и Деловникот се јасни – оставката оди преку Премиерот

Уставот е јасен, а и досегашна политичка пракса во Македонија немала разидување: член на Влада има право да поднесе оставка, а понатаму Претседателот на Владата може да му предложи на Собранието разрешување на член на Владата (чл.94).

За разлика од ова, кога станува збор за оставка на пратеник, Уставот користи друга терминологија: “Пратеникот оставка поднесува лично на седница на Собранието” (чл.65, ст.1). Ваква обврска нема за министрите, бидејќи тие логично поднесуваат оставка до Премиерот – истиот кој ги предложил пред Собранието за министри, сега по обратен редослед ги предлага за разрешување.

Уште повеќе, правниците на опозицијата доволно било да го прочитаат Деловникот на Собранието: оставка на член на Владата до претседателот на Собранието се поднесува преку Претседателот на Владата.”(чл.219, ст.3).

Од појаснувањата на спикерот на Парламентот и на професорите, се чини нема дилема дека правно гледано, процедурата врз основа на која Мицкоски има намера да одговори, доколку не се исполни ултиматумот, е неприменлива и таа де факто го открива спинот. Но, има уште една реченица од пресот на лидерот на ВМРО-ДМПМНЕ која укажува дека тој и партијата свесно одат со нестандардна и неприменлива процедура:

Штом Премиерот Заев си подигрува со Собранието и не ги доставува оставките до органот кој е надлежен, органот кој ги избрал министерот и заменик министерот, тогаш ќе одиме по оваа процедура. Мора да се обезбеди и гарантира независна истрага – Мицкоски/прес

Сосема е јасно дека станува збор за спин, кој Мицкоски имплицитно го признава, а чија намена е предизборно позиционирање на опозицијата наспроти власта. Трагедијата во модуларната болница во Тетово е случка која, секако, ќе има големо влијание врз рејтинзите на партиите. Но, таа не смее да се ползува со цел јавноста да се комуницира со спинови.

Најголема почит кон жртвите и нивните семејства, како и најголема „научена лекција“ ќе се случат само со независна и темелна истрага. Сосема е друго прашањето што, иако по Устав и законите Обвинителството е во позиција тоа да го стори, во пракса сè уште владее голема недоверба кон овие институции во системот. Но, спинувањето не е лек за таа болка, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...