вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Колумбија | 37 резултати

Момче на 15 години изврши атентат врз опозициски кандидат за претседател на Колумбија

јуни 8, 2025

Колумбискиот сенатор Мигел Урибе, кој важеше за потенцијален кандидат на претседателските избори следната година, се наоѓа во критична состојба во болница, откако беше застрелан на настан во Богота, наводно од 15-годишно момче, јавуваат локалните медиуми. Триесет и деветгодишниот Урибе, член на партијата Центро Демократико (Демократски центар), најголемата опозициска сила во Колумбија, изрази намера да се […]

Колумбиски кокаин во кутии со банани во Германија

мај 11, 2024

Полицијата во Хилдесхајм, западна Германија, открила околу 190 килограми кокаин во картонски кутии кои, според документите, требало да содржат банани за трговец со овошје, пренесува германската новинска агенција дпа. Пазарната вредност на дрогата се проценува на околу шест милиони евра, соопшти криминалистичката полиција на покраината Долна Саксонија. Полицијата ја пронашла дрогата во рација кон средината […]

Бомбашки напад на полициска станица во Колумбија, најмалку петмина загинати

јануари 28, 2018

Најмалку пет полицајци загинале, а 41 е повреден во експлозија на бомба во полициска станица во колумбискиот град Баранкиља, соопштиле властите во земјата, пренесуваат агенциите. – Нема сомнеж дека станува збор за одмазда поради неодамнешните успешни полициски акции против трговијата со дрога – изјвил Алехандро Чар, градоначалник на Баранкиља. Како што јавуваат агенциите, еден од […]

Мадуро смета дека ЦИА сака да го симне од власт

јули 25, 2017

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, побара од владите на САД, Мексико и на Колумбија објаснување за нивната наводна улога во заговорот на ЦИА против него. – Барам од претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги разјасни навредливите зборови на директорот на ЦИА, кој себеси се смета за светска сила – изјави Мадуро на воена церемонија. Тој го […]

ФАРК од 1 септември стануваaт партија

јули 24, 2017

Бунтовниците од колумбиското левичарско движење ФАРК (Револуционерни вооружени сили на Колумбија) најавија дека од 1 септември ќе дејствуваат како политичка партија, затоа што преминуваат на граѓански актовности во рамки на историскиот мировен договор. – Јавно ќе основаме партија на 1 септември на плоштадот Боливар во Богота – рече герилскиот командант Карлос Антонио Лосада на прес-конференција. […]

Потона брод во Колумбија, најмалку шестмина загинати

јуни 26, 2017

Најмалку шест лица загинале, а 16 се водат како исчезнати откако туристички брод со околу 170 патници потонал во северозападниот дел на Колумбија, соопштиле официјални претставници на колумбиските власти, јавува „Би-би-си“. Според очевидци на несреќата, бродот потонал за помалку од пет минути. Спасувачки екипи, авиони и хеликоптери трагаат по преживеани, а во помош пристигнале и […]

Двајца загинати и 11 исчезнати во експлозија во рудник за јаглен во Колумбија

јуни 24, 2017

Најмалку две лица загинаа, а 11 се водат како исчезнати по експлозија во нелегален рудник за јаглен во Колумбија, соопштија локалните власти. Како што пренесуваат локалните медиуми, во експлозијата, која е последица на запалив гас, повредено е едно лице. Инцидентот се случил во централниот департмент Кундинамарка, на околу 90 километри од главниот град Богота.

Запленети повеќе од шест тони кокаин во Колумбија

април 3, 2017

Во Колумбија се запленети повеќе од шест тони кокаин наменет за црниот пазар во Шпанија, што претставува најголема заплена на дрога во земјата, соопшти денеска полицијата. „Полицијата го зададе засега најголемиот удар на организираниот криминал, запленувајќи 6.134 килограми кокаин во местото Баранкиља. Кокаинот бил наменет за Шпанија“, наведе полицијата. Министерот за одбрана, Луис Карлос Виљегас, […]

Во Колумбија уништени 168 лаборатории за кокаин

февруари 21, 2017

Колумбиската полиција соопшти дека уништила 168 лаборатории за производство на кокаин во една прашума на југот на земјата. Полицијата наведе дека минатата недела во прашума открила и уништила „168 лаборатории за производство на кокаин“, кои ѝ припаѓале на една шверцерска организација. За време на операцијата, во која учествувала и војската, запленети се 4,5 тони кокаин […]

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

февруари 6, 2017

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, потресе делови од Колумбија. Епицентарот на потресот бил во југоисточната област Хуила, а се почувствувал и во престолнината Богота, каде луѓето ги напуштиле објектите од страв. Засега нема информации за причинета штета и за евентуални жртви. Утринава земјотреси ја погодија Турција и грчкиот остров Лезбос.

Се урна „боинг 727“ во Богота, еден патник го преживеа падот

декември 21, 2016

Во падот на товарниот авион „боинг 727“ во Колумбија, загинаа пет членови на екипажот, а едно лице е тешко повредено, соопшти колумбиската цивилна авијација. „Пет членови на екипажот загинаа, а шестиот член е тешко повреден и веднаш е префрлен во најблиската болница“, наведе авијацијата. Авионот кој полетал од местото Пуерто Карено кон Богота, се урнал неколку минути […]

Запленет еден тон кокаин во Франција

декември 2, 2016

Француската полиција во магацин во францускиот град Бајон заплени повеќе од еден тон кокаин, кој со авион е пренесен од Колумбија, изјави обвинител од градот Бордо. Се проценува дека вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 100 милиони евра. Во акцијата се уапсени десет лица од Колумбија, Франција, Шпанија и од Холандија, под сомнеж дека […]

Авионот со бразилскиот фудбалски тим се урнал бидејќи останал без гориво

декември 1, 2016

Колумбиските власти соопштија дека има сè повеќе докази дека авионот што го превезуваше бразилскиот фудбалски тим се урнал бидејќи останал без гориво, додека се обидувал да се приземји, пренесува „Би-би-си“. Авионот немал гориво при ударот, изјавил официјален претставник на властите, потврдувајќи ги аудиоснимките на кои се слуша како пилотот бара да слета поради недостиг од гориво […]

Пронајден уште еден преживеан фудбалер, 75 загинати во падот на бразилскиот авион

ноември 29, 2016

Колумбиската полиција соопшти дека 75 лица загинаа во падот на авионот кој ги превезувал фудбалерите на бразилскиот клуб „Шапикоенсеа“. Полицијата претходно соопшти дека загинале 76 лица, но, според новите информации, падот го преживеал уште еден патник, фудбалерот Хелио Зампијер Нето. Organismos de socorro informan de otro sobreviviente, el defensor Hélio Hermito Zampier Neto I https://t.co/PCrmQq8kou […]

76 загинати во падот на бразилскиот авион со фудбалери

ноември 29, 2016

Колумбиската полиција соопшти дека 76 лица загинале во падот на авионот што ги превезуваше фудбалерите на бразилскиот клуб „Шапикоенсеа“. Директорот на полицијата, Хозе Асеведо Оса, истакна дека пет од вкупно 81 патник преживеале, а акцијата за спасување е запрена поради силните врнежи на дожд. Тој соопшти дека едно лице починало во болница. Од службата за следење […]

Во Колумбија се урна авион со бразилски фудбалски тим

ноември 29, 2016

Авион со 81 патник и членови на екипажот кој патувал од Бразил кон Колумбија се урна во близина на градот Медељин. Во тек е акција за спасување, а дел од медиумите јавуваат дека има шестмина преживеани. Во авионот се наоѓале фудбалери на бразилскиот клуб „Шапикоенсеа“. Причината за падот сè уште се утврдува, иако постојат сомневање дека […]

Колумбискиот претседател и ФАРК потпишаа нов мировен договор

ноември 24, 2016

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, и бунтовниците од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) денеска во Богота потпишаа нов мировен договор за ставање крај на пвеќедецениските борби, откако претходниот беше отфрлен на референдум, јавуваат светските агенции. Граѓаните на Колумбија, минатиот месец, со минимално мнозинство на референдум го отфрлија првиот мировен договор. Неодамна колумбискиот претседател, […]

Прекршено примирјето во Колумбија, убиени двајца бунтовници

ноември 17, 2016

Двајца бунтовници од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) се убиени, а еден им се предал на колумбиските владини сили во северната колумбиска покраина Боливар, откако вооружени излегле од зоната што им е одредена со примирјето. Колумбиската војска го потврди инцидентот, кој претставува прво кршење на билатералното примирје што владата во Богота и ФАРК го потпишаа […]

Колумбијците го отфрлија мировниот договор со ФАРК

октомври 3, 2016

Колумбијците на референдум ја отфрлија спогодбата за ставање крај на полувековните судири меѓу владата и бунтовничката група Револуционерни сили на Колумбија (ФАРК). Според 99 отсто од пребројаните гласови, 50,24 отсто од гласачите се изјасниле против спогодбата, а 49,75 биле „за“. Анкетата спроведена пред референдумот предвидуваше глатка победа на опцијата за ратификување на спогодбата. Колумбиската влада […]

Колумбиските власти уништија 104 лаборатории за кокаин

август 3, 2016

За пет дена уништени се 104 лаборатории за производство на кокаин, кои годишно произведуваат околу 100 тони дрога, соопшти началникот на колумбиската полицијата за борба со наркотици, додавајќи дека полициската операција е спроведена во џунглата во југоисточниот регион на земјата. Директорот на полицијата за борба со наркотици, Хосе Анхел Мендоса, истакна дека последната полициска акција […]

Страна 1 од 2