fbpx
Таг: Колумбија

таг: Колумбија

Најголемиот наркодилер на Перу е уапсен во Колумбија

Најголемиот наркодилер на Перу, Херсон Галвес, е уапсен вчера во еден ресторан во колумбискиот град Меделин, соопшти колумбиското министерство за одбрана. По Галвес била распишана потерница од Интерпол и тој се смета за „новиот Ел Чапо Гусман на Јужна Америка“. Тој е познат под името Каракол и властите во Перу го бараат поради убиства, шверц на дрога и учество во...

Запленети еден тон кокаин и „нарко-подморница“ во Колумбија

Колумбиската војска запленила повеќе од еден тон кокаин и една „нарко-подморница“ во близина на брегот на Колумбија. Како што се наведува во соопштението на војската, припадниците на морнарицата во националниот парк Санкијанга откриле и уништиле „полуподморница дизајнирана како торпедо“, која имала капацитет да транспортира два тона кокаин. Вредноста на запленетиот кокаин на меѓународниот пазар се проценува на околу 32 милиона долари. Колумбиските...

Во Колумбија 3.100 жени заразени со вирусот зика

Повеќе од 3.100 бремени жени во Колумбија се заразени со вирусот зика, што се пренесува преку убод од комарци, информираше претседателот на оваа земја, Хуан Мануел Сантос, додека болеста продолжува брзо да се шири низ Америка. Со оваа болест во Колумбија се заразени повеќе од 25.600 лица, рече Сантос во текот на средбата со претставници на здравствените власти, што била...

Во Колумбија три смртни случаи од вирусот зика

Три смртни случаи во Колумбија се последица на вирусот зика, кој е во експанзија во Латинска Америка, потврди колумбискиот институт за здравје. - Можам да потврдам дека три смртни случаи се последица на вирусот зика - изјави Марта Луција Оспина, директорка на институтот, и додаде дека трите лица го имале синдромот Гилен-Баре. Синдромот ја предизвикува оваа неуролошка болест која може да доведе во...

Запленет повеќе од еден тон кокаин кај Салвадор

Колумбиската полиција синоќа во близина на брегот на Салвадор заплени повеќе од еден тон кокаин, превезуван во четири моторни чамци. Како што се наведува во соопштението, 1.112 килограми кокаин, кој бил запленет во заедничка акција со полициските сили на Салвадор, требало од Колумбија да биде распределен на нарко-пазарот на Централна Америка. Во полициската акција се уапсени 12 лица, вклучувајќи и еден...

Колумбија дозволи хомосексуалните двојки да посвојуваат деца

Уставниот суд на Колумбија доцна синоќа ја усвои одлуката со која на хомосексуалните двојки им се одобрува посвојување деца. Во февруари годинава, Уставниот суд им го призна правото на хомосексуалните двојки да посвојуваат деца, но под услов децата да имаат биолошка врска со нив. „Врз основа на Уставот и на меѓународното право за заштита на човековите права, сексуалната ориентација на едно...

Два глисера превезувале 1,3 тона кокаин

Колумбиската полиција во Тихиот Океан, во близина Колумбија, пресретнала два еквадорски глисера кои превезувале 1,3 тона кокаин кон Централна Америка. Во полициската акција, која е извршена пред два дена, приведени се седум лица, двајца од Еквадор и петмина од Колумбија. Мајорот Хорхе Родригез, директор на истражната комисија, соопшти дека акцијата може да доведе до разоткривање мрежа на наркодилери.

Единаесет загинати при пад на воен авион во Колумбија

Авион на колумбиското воено воздухопловство денеска се урнал во северниот дел на земјата, а во несреќата загинале сите 11 лица што биле во него, соопштија колумбиските власти. Двомоторниот транспортен авион од типот ЦН235 се урнал во рурално подрачје во близина на градот Кодаци, во провинцијата Цезар. Како што јавуваат медиумите, пред падот, екипажот на авионот пријавил дека имаат проблеми со моторот. Сите...

Во свлечиште во Колумбија загинаа 50 лица

Повеќе од 50 луѓе настрадаа во лизгање на земјиште во северозападната колумбиска провинција Антиокија, додека неколку десетини се повредени. Претседателот Хуан Мануел Сантос рече дека властите не знаат уште колку луѓе се водат како исчезнати, поради што прогласија вонредна состојба и ветија помош во обнова на куќите. Поради обилните дождови, реката Либоријана се изли од коритото, што доведе до лизгање на...

Десет загинати во тешка сообраќајна несреќа во Колумбија

Десет лица загинаа, а 14 се повредени откако на еден камион му откажале сопирачките, по што удрил во најмалку четири возила на еден колумбиски автопат, соопштија локалните власти. Колумбиската полиција соопштува дека несреќата се случила ноќеска, по локално време, на автопатот кој го поврзува главниот град Богота со градот Вилјависенсио. Властите наведуваат дека меѓу загинатите се возачот и совозачот на камионот,...

Прекинати мировните преговори во Колумбија

Мировните преговори со Револуционерните вооружени сили на Колумбија во Хавана се суспендирани од колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос. Преговорите почнаа по грабнувањето на воениот генерал, со што се доведени во прашање напорите за крај на 50-годишната војна. Генералот Рубен Дариј Алсате, кој е командант на новофоримираните специјални сили „Титан“, вчера беше грабнат од припадници на силите, заедно со уште еден...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...