fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

Бајден организира дводневен климатски самит, САД ветуваат кратење на емисиите за 50 отсто до 2030 година

Речиси 40 лидери од целиот свет, учествуваат на дводневниот климатски самит што го организира американскиот претседател Џо Бајден. На онлајн-настанот што се одржува под покровителство на Белата куќа ќе се обратат францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, како и коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс. САД и нејзиниот претседател Џо Бајден ветија дека до 2030 година ќе ги...

Борбата со климатските промени бара зелени инвестиции во целата економија

Новата национална цел за намалување на емисиите на стакленички гасови е реална и достижна, а може да се постигне со усогласени мерки и зелени акции во целата економија, иако главните сектори остануваат енергетиката, земјоделието и транспортот. Искажувањето подготвеност за преземање повисока цел во борбата со климатските промени и конретните мерки и политики на државата, беа темата на првиот од...

Земјите мора итно да делуваат по заложбите за кои се обврзале во справувањето со климатските промени

Во справувањето со климатските промени неопходно е партнерство, брза акција и делување веднаш по заложбите по кои се обврзале земјите. Ова е заклучокот од денешната дискусија за националната подготовка за учество на Конференцијата COP 26 во Глазгов. Вицепремиерот Фатмир Битиќи истакна колку е важно и итно справувањето со климатските промени, што ќе зависи од вложеноста на граѓанте, бизнисите и пошироката...

Државата се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030

Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави својата втора национална заложба за климатска акција пред Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), со што се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030, споредбено со нивото од 1990 година. „Република Северна Македонија постави навистина амбициозни климатски цели за нашите Национални...

„Фејсбук“ постигна една од своите климатски цели – ги намали емисиите на стакленички гасови за 94 отсто

„Фејсбук“ соопшти дека ја постигнал една од неговите најголеми цели поврзани со животната средина, успевајќи да ги намали своите емисии на стакленички гасови за дури 94 отсто во последните три години. „Ја препознаваме итноста од климатските промени и работевме на намалување на еколошкиот отпечаток на компанијата во изминативе 10 години. Денес објавуваме дека од 2020 година, работењето на Фејсбук е...

Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима

На вчерашната седница Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Целта е да се заложиме до 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година“ соопшти министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Во поднесокот...

Франција ќе забрани домашни летови до градовите кои се меѓусебно поврзани со воз

Француските пратеници изгласаа забрана на летови во домашниот воздухопловен превоз помеѓу градови за кои патувањето може да се изврши со патнички воз во времетраење од максимум 2 и пол часа, јавува Гардијан. Како дел од мерките за заштита на животната средина и климата, на авиокомпаниите ќе им се забрани да летаат меѓу дестинациите како што се Париз-Нант, Париз-Лион и...

Национална конференција за клима: Само со веродостојни информации ќе влијаеме врз развојот на свеста за климатските промени

Само десет отсто од десет институции коишто имаат ингеренции во областа на справување со климатските промени, одговориле дека преземаат активности за ублажување и прилагодување кон климатските промени. Девет од нив комуницираат проблематики поврзани со темата. Дури 80 отсто рекле дека комуницираат проблематики со граѓанските организации. Тие сметаат дека добар дел од нив имаат ниско ниво на информираност и знаење ...

Клучните проблеми од климатските промени треба да се решаваат на локално ниво

Покрај на национално, потребно е земјите и на локално ниво да развиваат планови за приспособување кон климатските промени, со мерки и со цел да одговорат на влијанијата кои веќе се случуваат и чувствуваат. На пример, топењето на глечерите, зголемувањето на нивото на морињата, сушите, топлотните бранови, шумските пожари, губењето на биодиверзитетот и на питката вода. Ако не се забрза...

За да се справиме со загадувањето и климатските промени, неопходни ни се модерни технологии за затоплување на домовите

Премин кон најнови технологии за затоплување и ладење на домовите, кои ќе се базираат на обновливи извори на енергија, како и континуирани инвестиции во енергетска ефикасност, се најважните предуслови за успешна борба со загадувањето на воздухот во земјава. За загревањето на објектите кај нас се уште се користат технологии од втората генерација, домовите се со слаба енергетска ефикасност, а...

Коалицијата за клима со апел до граѓанските здруженија, да се приклучат во борбата со климатски промени

Оваа година ќе биде пресудна за многу законски иницијативи и затоа треба да  зајакне членството и капацитетите на дејствување на граѓанските здруженија, 25-те членки на Коалицијата за клима, но и да се зголеми нивниот број. Ова го посочи Ана Чоловиќ-Лешоска, директорка на „Еко-свест“, на работилницата во рамки на Националната конференција за клима, на која членките споделија искуства, заклучоци и...

Да престане субвенционирањето на јагленот е прв услов за успешно справување со климатските предизвици

Да не се стимулира, ниту субвенционира користењето на јагленот како гориво, да се зголемува енергијата од обновливи извори, а гасот да не се смета за добро транзиционо решение, бидејќи е фосилно гориво. Тоа се дел од заклучоците за климатската визија за Македонија кои се дискутираа на конференцијата „Визија и цели за справување со промените во климата 2030/2050“, организирана во...

Ублажувањето на климатските промени е нашиот влог за подобра иднина на следните генерации

Климатските промени ги засегнуваат сите, а особено идните генерации на кои треба да им ја оставиме нашата планета. Заради тоа неопходно е денес, сите чинители, институциите, граѓанските организации и граѓаните да работат заедно за што повеќе да ги намалат последиците од нивното влијание, а климатските промени да се дел од политиките и активностите во сите сектори. Ова се дел од...

Во понеделник започнува двонеделна онлајн-конференција за климатските промени

Како да ги ублажиме последиците од климатските промени и колку е важно тие да бидат дел од политиките и активностите во сите сектори – ова се најважните прашања на кои ќе биде фокусирана Националната конференција за клима, што ќе се одржи онлајн од 29 март до 9 април. Конференцијата е завршна активност на тригодишниот проект „Да зборуваме за климатските...

На водата како јавно добро во Македонија помислуваат само оние кои немаат пристап до неа

Светскиот ден на водата - 22 март вчера беше симболично одбележан во нашата земја од страна на властите, а активностите за подигање на свеста за важноста на водата како природен ресурс повторно натежнаа кон невладините организации. Општ заклучок е дека свеста кај мнозинството граѓани за важноста на водата како јавно добро е на ниско ниво, а на неа најчесто...

Загадувањето на воздухот од централите на јаглен убива повеќе од милион луѓе секоја година

Загадувањето на воздухот од производство на електрична енергија на јаглен е одговорно за повеќе од 1 милион смртни случаи на глобално ниво секоја година. Околу 390.000 луѓе починаа во 2018 година само како последица од загадувањето со честички во воздухот, се посочува, меѓудругото, во најновиот извештај „Одбројувањето на Лансет“. Ова истражување открива некои застрашувачки статистички податоци за тоа како климатската...

Објавени цртежите кои победија на натпревар од проектот „Смени ги климатските промени“

„Новинари за човекови права“ ги објави победничките цртежи кои се натпреваруваа во склоп на проектот „Смени ги климатските промени“, којшто беше реализиран од нивна страна, а поддржан од Британската Амбасада во Скопје. Првото место го освои Сара Андоновска, чиј цртеж ќе биде поставен на билборд во Град Скопје. На натпреварот, Сара Цветановска го освои второто, а Нејла Аџија третото место. Честитки...

Натпревар за најдобар цртеж на тема „Смени ги климатските промени“ со поддршка на амбасадата на Велика Британија

Новинари за човекови права со поддршка од амбасадата на Велика Британија, во рамки на проектот „Смени ги климатските промени", организира натпревар за најдобро уметничко дело - цртеж на истоимената тема. „Уметничките дела треба да ја опфатат темата животна средина, климатски промени, иднината и планетата. Натпреварот трае до 29 јануари и во текот на февруари најдоброто дело ќе биде изложено на...

Со новата програма за образование за животна средина, младите ќе учат за климатските промени

Денеска, Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за труд и социјална политика заедно со Шведската амбасада во Скопје и УНИЦЕФ го најавија отпочнувањето на нова програма за децата насочена кон унапредување на образованието за животната средина и климатските промени. Опфаќајќи предучилишно, основно и средно образование, еден од аспектите на програмата ќе биде наставниците...

Галовеј: Изминаа пет години од Договорот од Париз, владите треба да ги надградат преземените обврски за климатски промени

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска, по повод 5-годишнината од Договорот од Париз, одржа состанок пред Самитот за климатски амбиции, кој ќе се одржи виртуелно на 12 декември 2020 година, соопштија од британската амбасада. Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, постојаната координаторка на ООН Росана Дуџиак и шефот на...

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...