Принтскрин од онлајн дискусијтаа за националната подготовка за учество на Конференцијата COP 26 во Глазгов

Во справувањето со климатските промени неопходно е партнерство, брза акција и делување веднаш по заложбите по кои се обврзале земјите. Ова е заклучокот од денешната дискусија за националната подготовка за учество на Конференцијата COP 26 во Глазгов.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи истакна колку е важно и итно справувањето со климатските промени, што ќе зависи од вложеноста на граѓанте, бизнисите и пошироката јавност.

„Наша обврска како креатори на политиките да се водиме според принципите на одржлив развој односно да обезбедиме развој којшто ги задоволува не само потребите на сегашноста, но и на идните генерации. Таа обврска ја имаме и како родители, но и како граѓани на оваа држава и на оваа планета. Многу е важно политиките кои ги креираме сега да овозможат следните генерации да ги надградат. Битката со климата е сега и тука, немаме време за подготовка и мора да делуваме сега и решително“, изјави Битиќи во своето денешно обраќање на настанот.

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз се согласи со Битиќи и рече дека САД ги цени напорите на РСМ, а националните придонеси од минатата недела ги оцени како поамбициозни од првите што беа донесени пред неколку години.

„Ние сме пред клучна точка. Научниците пред три години не предупредија дека имаме 12 години да донесеме одлуки и нешто да промениме во врска со климатските промени, сега имаме само уште 9 години. Ова е важната деценија за носење одлуки и за акција“, рече Брнз.

Како што додаде таа, САД минатата година потрошил над 55 милиони долари и сè уште троши за расчистување по бурите, што укажува на фактот дека државите треба да инвестираат во справување со климатските промени, а не во расчистувањето на последиците од нив.

Амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј се надоврза и рече дека климатските промени се предизвик, а влоговите за справување се навистина големи.

„По закрепнувањето со ковид-19 сите земји ќе мора да се соочи со инклузивен и одржлив раст. Има многу предизвици, но и можности. Сите правиме напредок, но нашите амбиции треба да ги претвориме во дејства“ посочи Галовеј.

Таа рече дека Велика Британија сака да го намали нивото на испуштање стакленички гасови во атмосферата и да продолжи да работи во борбата со климатските промени, а доказ за тоа е вчерашната изјава на премиерот Борис Џонсон кој ја најави најамбициозната цел на ВБ, намалување на емисиите над 70 отсто до 2035 година.

Амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри го изрази своето задоволство што во Европската Унија се постигна договор со кој обврската за климатска неутралност ќе се претвори во сериозна обврска, односно тоа ќе биде сржта на Зелениот договор. Тој потенцираше дека прашањето за Зелено сценарио бара вклученост на владите, компаниите и на јавноста.

„Ова прашање не е прашање само на политики, туку и менување на однесувањето, менување на свеста кај луѓето“, рече Силвестри.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини пак, потенцираше дека успешното усвојување на ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, нашата земја не само што како национална цел ја постави мисијата до 2030 да се постигне 51 отсто намалување на емисијата на стакленички гасови споредбено со 1990 година, туку и го утврди патоказот за нискојаглероден развој.

„Овој стратешки документ претставува нов амбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран кон уважувањето на климатските промени“, вели Нуредини.

Како што посочи тој, со оваа заложба земјата дава јасна намера дека се заложува кон определба за Зеленото сценарото.

„Како мала земја ние покажавме дека имаме сериозна амбиција и да го препознаеме потенцијалот во Зелената агенда како стратегија за развој на општеството“, рече тој.

Министерот за економија Крешник Бектеши зборуваше за досегашните активности на министерството и го истакна усвојувањето на Законот за енергетика и Законот за енергетска ефикасност, за кои рече дека се целосно усогласени со директивите на ЕУ и препораките на енергетската заедница.

„Ако знаеме дека Зеленото сценарио би не чинело многу повеќе, но долгорочно и краткорочно ќе имаме бенефити и како држава и како општество, веќе сме го одбрале патот на Зеленото сценарио“, додаде Бектеши.