fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

Лани сме ја зголемиле потрошувачката на вода за пиење колку што вкупно користи Североистокот на земјава годишно [инфографик]

Во Македонија расте потрошувачката на вода за пиење низ годините, при што минатата година од водоводните системи биле зафатени и преземени рекордни количества на питка вода од природата. Според податоците на Државниот завод за статитистика, во 2020 година од јавните водоводи во земјава биле произведени вкупно 313.031.000 метри кубни питка вода, односно за речиси 10 милиони метри кубни вода...

Емисиите на стакленички гасови во земјава растат кај транспортот и отпадот, опаѓаат во енергетската индустрија [инфографик]

С. Македонија низ годините успева постепено да ги намали емисиите на стакленички гасови во атмосферата, но остануваат загрижувачки неколку сектори кои можат да имаат натамошно негативно влијание врз климатските промени: палењето на шумите, транспортот и отпадот. Податоците од „Третиот двогодишен извештај за климатски промени“ изготвен лани од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека емисиите на штетните...

Коалиција за клима: Неопходна е стратегија за адаптација кон климатските промени и справување со штетите од нив

Светот е соочен со сериозните последици од климатските промени кои сѐ потешко се избегнуваат, а земјите во развој, како нашата, се особено погодени поради неможноста финансиски да се справат со загубите и штетите. Поради тоа мора да се планира прилагодување на сите сектори, со цел подобро справување со новонастанатите климатски услови. Централните власти треба да го забрзаат процесот на...

ЕУ бара да ги исполниме обврските, Владата Законот за клима планира да го донесе до крајот на годинава

Во 2021 година, Северна Македонија се охрабрува значително да ги засили амбициите кон спроведување на Парискиот договор за климатски промени, да ги донесе Законот за клима и Сеопфатната стратегија за климатска акција во согласност со Рамката на ЕУ 2030, како и да развие Национален план за енергетика и клима, се задолженијата кои ги добија македонските власти од Европската Комисија...

Северна Македонија денеска за првпат ќе учествува на Самитот на НАТО како полноправна членка

Денеска во Брисел се одржува Самит на НАТО, на кој за првпат ќе учествува Северна Македонија како полноправна членка на НАТО. Нашата држава ќе ја претставува премиерот Зоран Заев, а во делегацијата се и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. „ Рамо до рамо со нашите сојузници, целосно сме посветени на колективната безбедност. Затоа...

Климатски промени: Рекордни отстапувања на просечните температури на воздухот во С. Македонија [инфографик]

С. Македонија се соочува со отстапувања од просечните средногодишни температури на воздухот со години наназад. Климатските промени со кои се соочува целиот свет се присутни и во земјава. Сепак, во 2019 година регистрирани се рекордни позитивни отстапувања на температурите во населените места. Скопје, Гевгелија и Лазарополе ги избравме како три локации (главен град, еден од најтоплите и еден од...

Возовите се најеколошкиот начин на транспорт, но најмалку ги користиме [инфографик]

Железничкиот транспорт е убедливо најмалку користен вид на транспорт во земјава, иако е најеколошко средство за превоз на патници. Покрај автомобилите, кои граѓаните на С.Македонија ги користат за најголем дел од своите патувања, патниот превоз со автобуси е најупотребуваното средство за транспорт. Со автобуси, вклучувајќи го градско-приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот превоз, лани патувале 43.457.000 патници. Такси превозот е исто така...

Двојно е поголем бројот на домаќинствата што поседуваат автомобил наспроти велосипед [инфографик]

Статистиката вели дека бројот на домаќинства кои имаат автомобил е повеќе од двојно поголем од оние домови во кои има барем еден велосипед. Според податоците на Државниот завод за статистика, само 30,7 отсто од македонските домаќинства поседувале велосипед во 2020 година. Оваа бројка е за 2,8 отсто помала во однос на 2019 година, а поседувањето на ова превозно средство...

Џиновска санта мраз се одвои од Антартикот, четири пати е поголема од Њујорк

Европската вселенска агенција објави дека џиновска санта мраз се одвоила од Антартикот во Веделовото море. Станува збор за ледена површина од 4.320 километри квадратни, која е долга 175 километри, а е широка 25 километри, пренесува Гардијан. Ова е најголемиот леден брег што досега се отцепил, којшто по територија е четири пати поголем од Њујорк, односно во македонски услови е...

ИЕА: Нулта стапка на штетни гасови ќе се постигне само со радикални промени во производството на енергијата

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во вторникот соопшти дека шансите за постигнување на нулта стапка на емисија на штетни гасови, до средината на овој век, се намалуваат доколку светот радикално не го смени начинот на кој се произведува, користи и транспортира енергијата, пишува деловниот портал Seebiz.eu.  За да се постигнат целите зацртани во глобалниот пакт за клима од 2015 година,...

Возот „Connecting Europe Express“ есенва ќе го мине целиот континент, во Скопје доаѓа на 13 септември

Заеднички европски воз за 36 дена ќе мине низ 26 земји на континентот. Европската Комисија по прогласувањето на 2021 година за Европска година на железницата, деновиве го објави возниот ред на возот „Connecting Europe Express“. Во периодот од 2 септември до 7 октомври, возот ќе патува 20.000 километри, преминувајќи 33 гранични премини, на своето патешествие од Лисабон до Париз. Возот...

Климатските промени се голем предизвик за земјоделието, ако не ги намалиме ќе останеме без храна

Последиците од климатските промени се големи, а Северна Македонија повеќе од три децении е под ризик од екстремни климатски настани. Тоа, пред сè, се пожарите, поплавите, сушите, зголемена температури, поројните дождови, а нивното влијание врз земјоделието и производството на храна, шумите, водите, биодиверзитетот е огромно. Колку земјава е отпорна и подготвена да се соочи со нив беше темата на конференцијата...

Инвестициите во зелени компании се клучни во борбата со климатските промени

Инвестициите во енергетска ефикасност, поточно во соларна централа, со која не само што ги задоволуваат сопствените потреби за електрична енергија, туку и продаваат вишок во системот, ја прави печатницата „Пропоинт“ како сто отсто зелена компанија. Таа е пример како само една македонска компанија со вистински инвестиции може да придонесе за намалување на влијанијата на климатските промени, заштеда на енергија...

Нуредини ја презентираше климатската амбиција на земјава на климатскиот лидерски самит на САД

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информираат дека денеска министерот Насер Нуредини ја претстави климатската амбиција на земјава на виртуелната министерска тркалезна маса организирана од претседателскиот посебен претставник за клима Џон Кери, во рамките на лидерскиот климатски самит на претседателот на САД, Џо Бајден. „На средбата, Министерот ја истакна сериозната амбиција на нашата држава како мала, но...

Бајден организира дводневен климатски самит, САД ветуваат кратење на емисиите за 50 отсто до 2030 година

Речиси 40 лидери од целиот свет, учествуваат на дводневниот климатски самит што го организира американскиот претседател Џо Бајден. На онлајн-настанот што се одржува под покровителство на Белата куќа ќе се обратат францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, како и коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс. САД и нејзиниот претседател Џо Бајден ветија дека до 2030 година ќе ги...

Борбата со климатските промени бара зелени инвестиции во целата економија

Новата национална цел за намалување на емисиите на стакленички гасови е реална и достижна, а може да се постигне со усогласени мерки и зелени акции во целата економија, иако главните сектори остануваат енергетиката, земјоделието и транспортот. Искажувањето подготвеност за преземање повисока цел во борбата со климатските промени и конретните мерки и политики на државата, беа темата на првиот од...

Земјите мора итно да делуваат по заложбите за кои се обврзале во справувањето со климатските промени

Во справувањето со климатските промени неопходно е партнерство, брза акција и делување веднаш по заложбите по кои се обврзале земјите. Ова е заклучокот од денешната дискусија за националната подготовка за учество на Конференцијата COP 26 во Глазгов. Вицепремиерот Фатмир Битиќи истакна колку е важно и итно справувањето со климатските промени, што ќе зависи од вложеноста на граѓанте, бизнисите и пошироката...

Државата се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030

Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави својата втора национална заложба за климатска акција пред Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), со што се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030, споредбено со нивото од 1990 година. „Република Северна Македонија постави навистина амбициозни климатски цели за нашите Национални...

„Фејсбук“ постигна една од своите климатски цели – ги намали емисиите на стакленички гасови за 94 отсто

„Фејсбук“ соопшти дека ја постигнал една од неговите најголеми цели поврзани со животната средина, успевајќи да ги намали своите емисии на стакленички гасови за дури 94 отсто во последните три години. „Ја препознаваме итноста од климатските промени и работевме на намалување на еколошкиот отпечаток на компанијата во изминативе 10 години. Денес објавуваме дека од 2020 година, работењето на Фејсбук е...

Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима

На вчерашната седница Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Целта е да се заложиме до 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година“ соопшти министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Во поднесокот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...