Таг: инцидент
таг: инцидент
На гласач во Тетово му бил одземен телефонот бидејќи го сликал гласачкото ливче
Во шестата изборна единица регистриран е еден мал изборен инцидент, односно гласач кој со мобилен телефон го сликал гласачкото ливче на гласачко место во основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово. За овој инцидент полицијата направила записник.
- Телефонот му е одземен и избирачот ќе се соочи со соодветна казна - изјави Мирјана Бошњаковска од избирачки одбор 1928 во Тетово.
Во шестата...
Неприлагодена брзина на возот, можна причина за несреќата во Хитрино
Неприлагодена брзина на возот при влез во железничката станица е една од можните причини за несреќата во Хитрино, во која воз излета од шините и настана експлозија на превезуваниот гас, јавува дописничката на „Мета“ од Бугарија.
Причината за несреќата денеска ја соопштил Станко Станков, сопственикот на компанијата „Булмаркет“, која го превезувала гасот, а истата била потврдена и од истрагата на црната кутија...
Искршени изложните стакла на штабот на Беса во Слатино, Тетовско
Партискиот штаб на Беса во селото Слатино, Тетовско, утринава бил цел на вандалски напад. Искршени се изложните стакли на објектот каде е сместен штабот, а од Беса за овој инцидент ги обвинија партиите на власт.
- Очигледно е дека партиите на власт, соочени со поразот што ги очекува на 11 декември, прават сè за да ја спречат победата на Беса на овие...
Кривичен суд: Имаше инцидент меѓу двајца вработени, но Панчевски не е инволвиран
Во Основниот суд Скопје 1 попладнево се случила расправија, а потоа и физички напад меѓу двајца вработени, потврдија за „Мета“ од судот.
Оттаму информираат дека вработен во судот првин почнал расправија со колега, упатувајќи му закани по животот, а потоа и физички го нападнал. Случајот бил пријавен во полиција, која дошла во судот и направила записник. Од судот, сепак, не...
МВР информираше за сообраќајката, но не и за пукањето и за бркотниците по Партизанска
Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со информација за синоќешниот инцидент на булеварот Партизански одреди, во кој беше ранет скопјанецот Даниел Трајковски, но во неа, освен превртувањето на возилото и тоа дека Трајковски имал тешки повреди од огнено оружје, нема детали за пукањето и за бркотницата со автомобили.
Според МВР, за случајот полицијата била информирана од Ургентниот центар, од каде...
Криминално-политичка престрелка и бркотница по Партизанска
Четириесет и шестгодишен скопјанец ноќеска, пред полноќ, е ранет во престрелка на булеварот Партизански одреди. Според првичните информации, станува збор за Даниел Т., кој веднаш по инцидентот е пренесен на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде бил опериран.
На пукањето му претходела бркотница со автомобили, која започнала од бензинската на „Макпетрол“ на булеварот Илинден и продолжила на...
Парична казна за лицето кое нападна волонтер поради Груевски
Скопјанецот Хајрадин Сулиш, кој вчера физички нападна волонтер во населбата Ченто поради забелешка упатена до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе биде парично казнет за инцидентот.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопштија дека нападниот волонтер, Гоце Маркоски, инаку член на партијата Левица, денеска во 10.15 часот го пријавил случајот во полиција, по што на Сулиш му бил издаден...
Британскиот парламент затворен поради „хемиски инцидент“
Полицијата ја затвори зградата на парламентот на Велика Британија, а причината е „хемиски инцидент“ во објектот.
Како што јавуваат светските медиуми, се истражува „бел прав“ кој предизвикал паника во Лондон.
Супстанцата била пронајдена во писмо, испратено до еден од членовите на Домот на лордовите.
- Сомнителниот пакет бил испорачан до Парламентот. Полицијата која се наоѓа таму ја истражува содржината на пакетот –...
МВР: Обезбедувањето на Груевски не упаднало во „ТВ21“, дејствувало согласно задачите
Министерството за внатрешни работи денеска демантира дека припадниците на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски упаднале во „ТВ21“. Тие, како што ссе наведува во соопштението, дејствувале во согласност со планот и со задачите.
„Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од одделот за обезбедување, во текот на вчерашниот ден постапуваа во согласност со планот и со задачите. Заради...
ЗНМ го осуди актот на обезбедувањето на Груевски
Здружението на новинарите на Македонија денеска најостро го осуди вчерашниот инцидент во „ТВ21“, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да избрише снимки.
- Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира...
Убиена членка на британскиот парламент во Лидс
Членката на британскиот парламент од редовите на Лабуристичката партија, Џо Кокс, починала откако денеска била застрелана и прободена со остар предмет во инцидент кој се случил во близина на градот Лидс, јавува „Би-би-си“.
Кокс по инцидентот во критична состојба веднаш била пренесена во болницата во Лидс, каде по неколку часа починала.
Полицијата успеала да го уапси напаѓачот и, според информациите, станува...
Инцидент на Клиниката за радиологија поради презакажан „Мој термин“
Вчера околу 15 часот на Клиниката за радиологија, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, 46-годишниот И.И. револтиран бидејќи му бил пресакажан рокот за „Мој термин“ почнал да го навредува персоналот, а потоа нападнал болничар и го искршил стаклото од вратата во ходникот, соопшти полицијата.
Како што информираат оттаму, по инцидентот веднаш интервенирало обезбедувањето на Клиниката.
Лицето било приведено во полициската...
Чауш направил инцидент на пауза од денешното рочиште за „Фабрика за афери“
Захир Бекири-Чауш на паузата од денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 направил инцидент.
Тој пред судницата, со раце врзани со лисици, почнал да извикува „Алаху акбар“ (Алах е голем), а десетина припадници на ЕБР се обидувале да го задржат.
Бекири упатил и неколку пцости и навреди до припадниците на полицијата.
На денешното рочиште предвидено е да се сослушуваат сведоци на обвинителството.
Бекири се товари...
Спасовски од Битола: Жалам за инцидентите, не сакам да им давам политичка конотација
„Жалам за инцидентот што се случи вчера во Битола, во кој жртва е поранешен пратеник на СДСМ. Меѓутоа, на масата биле и поранешен градоначалник и поранешен началник на УБК. Не сакам да шпекулирам, не сакам да ставам ништо во политичка конотација, затоа што тој што влече потези исклучиво во интерес на политиката, влече потези против Република Македонија“, рече денеска...
Повреден бегалец и нови судири со полицијата на Идомени
Тензиите не стивнуваат во бегалскиот камп на Идомени. Бегалец од Сирија вчера беше повреден кога под нејасни услови беше прегазен од полициско возило, трагичен инцидент, кој доведе до нови судири меѓу бегалците и полицијата во кампот. Повредениот бегалец заврши во болница со тешки повреди, а бегалците во знак на револт демолираа полициско возило. Тензијата продолжува и денеска и се...
На границата е мирно, еден од повредените полицајци задржан на клиника
Еден од полицајците што вчера беа потешко повредени во инцидентот на јужната граница, е задржан на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, додека четворица се пуштени на домашно лекување.
Вчера при интервенцијата на македонските безбедносни сили кон толпата од неколку илјади мигранти, кои се обидоа нелегално да влезат на македонска територија од Грција, беа повредени вкупно 14...
Четворица полицајци повредени во тепачка меѓу навивачки групи во Скопје
Четворица полицајци биле повредени во тепачка меѓу навивачките групи „Балисти“ и „Шверцери“, што вчера попладне се случила на стадионот „Чаир“ во Скопје, за време на натпреварот меѓу фудбалските екипи на ФК „Шкендија“ и ФК „Силекс“, информира МВР.
Според полициските информации, вчера околу 17.30 часот, на стадионот „Чаир“ дошло од нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем со меѓусебна...
Иванов побарал од своите колеги да ѝ кажат на Грција да не ни носи мигранти
Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, вчера и денеска телефонски разговарал со повеќе претседатели и со премиери од земјите членки на Европската Унија и од земјите од балканскиот коридор за мигрантската криза и за инцидентот што се случи на 14 март, кога околу 1.500 мигранти од Грција илегално влегоа на македонската територија, кај гевгелиското село Моин. Како што соопштуваат од...
„Би-би-си“ го провоцира Попоски: Влеговте во политиката за да фрлате солзавец врз деца?
„Вашата земја употреби солзавец на голем број луѓе, меѓу кои и многу деца. Се прашувам дали е тоа она заради кое вие влеговте во политиката“, провокативно го праша министерот за надворешни работи, Никола Попоски, новинарот што го водеше интервјуто за „Би-би-си њузнајт“.
- Не е фер да се извади таков заклучок - одговори Попоски.
Според шефот на македонската дипломатија, Македонија се обидува...
МВР за инцидентот: Повредени двајца полицајци, употребен солзавeц и шок-бомби
Двајца полицајци биле повредени во вчерашните инциденти кај граничната кота 59 на македонско-грчката граница, кога неколку стотици мигранти се обидоа да ја пробијат жичената ограда и да влезат во земјава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според официјалната информација од МВР за настанот, при интервенцијата не била употребена физичка сила и биле користени шок-бомби и солзавец.
Оттаму велат дека нема повредени мигранти...