fbpx
Таг: инцидент

таг: инцидент

Жител на Боговиње ја избол стрина си со нож

Дваесет и едногодишен жител на тетовското село Боговиње, вчеравечер ја избол со нож сопругата на неговиот чичко, соопшти полицијата. Жената, А.И. (47), била пренесена во Клиничкиот центар во Тетово, каде лекарите констатирале телесни повреди. Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил околу 20.15 часот, кога Н.И. (21), во домот на неговиот чичко З.И. (52) со нож ја пробол својата стрина. Тој...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го осудија „нападот“ на Амди Бајрам

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во кој, како што велат, бил нападнат пратеникот Амди Бајрам од член на СДСМ. „Како пратеници и колеги, нагласуваме дека остро се спротиставуваме на каков било вид на насилство или насилничко однесување врз пратеници или врз кои било други граѓани. Насилство, навреди и закани кон пратениците е веќе видено и добро познато сценарио препознатливо за СДСМ, сценарио...

Бегајќи удриле во две полициски возила

Две момчиња на возраст од 19, односно 21 година, синоќа, бегајќи по напад на полициски службеник со возило, марка „фолксваген пасат“, се судриле со две полициски возила на влезот на Гевгелија, информираат од МВР. Според полициските информации, инцидентот се случил триесетина минути по полноќ, во струмичкото село Костурин, кога полицаец интревенирал по пријава на граѓанин за нарушен јавен ред и мир и...

Нишанел кон еден, погодил други двајца

Триесет и четиригодишен жител на тетовското село Желино, со пиштол застрелал двајца свои соселани во инцидент што вчеравечер се случил пред чајџилница во селото, информираат од МВР. Инцидентот се случил околу 22.30 часот, кога Б.А. (50), Џ.С. (52) и Е.Џ. (49), излегувајќи од чајџилницата, биле пресретнати од В.Џ. (34). Во тие моменти, тој од пиштол истрелал еден куршум кон Е.Џ., но...

Четворица нападнале келнер и кршеле стакла во кафеаната „Ксмет“

Дваесет и едногодишно момче од Крива Паланка, вчеравечер било приведено во полицијата, откако заедно со уште три непознати лица предизвикало инцидент во угостителскиот објект „Ксмет“, информираат од полицијата. Инцидентот се случил околу 3.40 часот, кога Н.Ц. и останатите тројца физички го нападнае келнерот во „Ксмет“ и искршиле две изложни стакла од објектот. Момчето е приведено во полициската станица Центар.

Светот влезе во новата година со огномети и со концерти, но и со трагични инциденти

Со спектакуларни огномети, концерти и со улични забави, вчеравечер, точно на полноќ, во светските метрополи беше дочекана Новата година. Темна дамка на дочекот остави инцидентот што се случи во кинескиот град Шангај, каде најмалку 35 лица загинаа, а десетици други се повредени во стампедо неколку минути пред полноќ. Засега нема прецизни информации што го предзвикало стампедото и истрагата на официјалните кинески власти...

Обвинителството води предистражна постапка за случајот „Дамар“

Јавното обвинителство води предистражна постапка за случајот „Дамар“ и во тек бил процес на препознавање за да се утврди идентитетот на учесниците во инцидентот во кој беше демолиран кафе-барот, за време на прославата организирана од ЛГБТ-центарот. - Во рамки на истражните дејства, обвинителството ги повикува сведоците заради земање изјава и се врши препознавање на одредени лица кои се претходно посочени од...

Тензично на судењето за случајот „Ореше“, полицијата спречила инцидент

Судската полиција спречила инцидент во судница во Основниот суд во Велес, каде денеска почна новото, четврто по ред, судење за случајот „Убиство во Ореше“, пишува интернет-порталот „Нова ТВ“. За време на рочиштето, сведокот Вељо Арсовски, роднина на убиениот Лазар Милошевски, но и на обвинетиот Ѓоре Петровски, изјавил дека Петровски му понудил стан и пари за да ја смени изјавата. Според „Нова...

Вработен во МВР нападнал фудбалер среде натпревар

Вработен во МВР вчера, среде фудбалски натпревар, на стадионот во скопската населба Нова Колонија, излегол на терен и напднал играч, информираат од МВР. Инцидентот се случил околу 11 часот, за време на одигрувањето на мечот меѓу фудбалските екипи на ФК „Колонија“ и ФК „Инџиково“, кога Н.С. (23) влегол на теренот и му удрил тупаница на еден од играчите, а потоа побегнал. Од...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...