fbpx

Парична казна за лицето кое нападна волонтер поради Груевски

-

Скопјанецот Хајрадин Сулиш, кој вчера физички нападна волонтер во населбата Ченто поради забелешка упатена до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе биде парично казнет за инцидентот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопштија дека нападниот волонтер, Гоце Маркоски, инаку член на партијата Левица, денеска во 10.15 часот го пријавил случајот во полиција, по што на Сулиш му бил издаден записник за констариран прекршок по член 12 од Законот за прекрошиците против јавниот ред и мир.

„На 10.08.2016 година во 10.15 часот М.Г. од Прилеп, пријавил дека на 09.08.2016 година околу 12 часот на улица Томас Минцер бил физички нападнат од страна на лицето Х.С. при тоа истиот најпрвин го влечел за маицата, а потоа го удрил со тупаница во пределот на лицето од левата страна, но од физичкиот напад не се здобил со видливи повреди“, стои во соопштението од МВР, во кое се додава дека до физичкиот напад дошло „поради недоразбирање и вербална расправија околу давањето помош на локалното население зафатено од поплавите“.

Според членот 12 од Законот паричната казна за овој вид на прекршок изнесува од 600 до 800 евра.

Инцидентот беше снимен од екипа на бугарската телевизија „Нова“, а покрај Груевски, очевидци на нападот беа и вицепремиерот и министер за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Маркоски беше нападнат откако му забележа на Груевски околу санирањето на штетите од невремето, велејќи му дека „граѓаните се оставени сами на себе“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...