fbpx

„Би-би-си“ го провоцира Попоски: Влеговте во политиката за да фрлате солзавец врз деца?

-

„Вашата земја употреби солзавец на голем број луѓе, меѓу кои и многу деца. Се прашувам дали е тоа она заради кое вие влеговте во политиката“, провокативно го праша министерот за надворешни работи, Никола Попоски, новинарот што го водеше интервјуто за „Би-би-си њузнајт“.

– Не е фер да се извади таков заклучок – одговори Попоски.

Според шефот на македонската дипломатија, Македонија се обидува да ги спроведе одлуките на Советот на Европската Унија, односно да ги спречи илегалните преминувања на јужната граница и да обезбеди прифатни центри во кои ќе се регистрираат мигрантите.

– Замислете да сте дел од безбедносните сили и да се соочувате со ситуација во која имате насилен обид од неколку стотици млади мажи да влезат на територијата без доброволно да се регистрираат или да одат во прифатниот центар. Мислам дека тоа не е во линија со она што го договоривме на европско ниво. Ако ме прашате мене, на Македонија би ѝ било најлесно да ја отвори границата и да ги пушти сите мигранти да ја поминат нејзината територија и да заминат во западно-европските земји. Но, тоа е токму она против кое лобираат земјите-членки на ЕУ. Тие нагласија дека сакаат сеопфатен миграционен систем и веродостојни баратели на азил, кои ќе се регстрираат и ако ги исполнат условите, ќе можат да го продолжат својот пат до ЕУ. Македонија, како што е случај, не е земја од Европската Унија, но се наоѓа на главната мигрантска рута – вели Попоски во одговорот на прашањето.

Запрашан, кој според него е виновен за ваквата ситуација, Попоски вели дека фрлањето вина не е вистинската формулација за ситуацијата.

– Секоја земја на мигрантската рута има свои аргументи. Ако ја прашате Турција, таа ќе рече дека дека изминатите четири години е дом на 2,5 милиони бегалци и дека никој не реагирал за тоа сè додека дел од овие мигранти не одлучија да го продолжат патот до Западна Европа. Грција е во многу деликатна ситуација бидејќи е надворешна граница на шенген-зоната… Македонија е следната граница. Многу од овие мигранти доаѓаат до македонската граница за 24 часа од Турција и потоа го продолжуваат патот до Западна Европа. Ниту ситуацијата на Германија во оваа приказна не е лесна… Во моментов мораме да имаме систем и најголемиот проблем е што овој систем не функционира. Поради тоа секој од нас треба да си го одработи својот дел за кој е одговорен на својата територија. Мислам дека е најдобро да го насочме целиот наш фокус на надворешната граница на ЕУ, да работиме партнерски со Турција и да осигуриме стопроцентна регистрација на легитимните баратели на азил, на кои ќе им биде дозволен транзит низ Македонија, Србија, Хрватска, сè до, на пример, Германија – вели шефот на македонската дипломатија.

Во врска со поставувањето на жичената ограда, Попоски вели дека „последното што би сакале е да вложуваме јавни пари за оградување на границата“, а оној дел од границата каде е поставена оградата, таа служи за спречување на илегални преминувања.

– Ако ги прашате британските даночни обврзници, ќе ви го кажат истото, дека не станува збор за нешто добро, но дека мораме да ја спречиме илегалната миграција ако сакаме да дејствуваме одговорно – вели Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...