fbpx
Таг: инцидент

таг: инцидент

Тепачка меѓу навивачки групи од Црна Гора и од Македонија – 12 повредени, двајца потешко

Дванаесет повредени е билансот од физичката пресметка меѓу навивачите на фудбалскиот клуб Шкендија и на ракометниот клуб Будуќност од Црна Гора. Инцидентот се случил попладнево кај Сушички мост, кој се наоѓа меѓу Мавровска крстосница и планинскиот премин Стража. Според полициски информации, инцидентот настанал откако навивачите на Шкендија, кои оделе на фудбалски натпревар во Кичево, почнале да фрлаат тврди предмети кон...

Нов поморски инцидент меѓу Русија и Турција

Руски ракетен крстосувач и чамец на руската крајбрежна стража принудиле комерцијален брод со турско знаме да го смени курсот, откако се нашол на патот на бродовите на кримската енергетска компанија „Черноморјефтегас“. Компанијата „Черноморјефтегас“ соопшти дека инцидентот се случил додека конвој нивни бродови транспортирале две нафтени платформи на нова локација во руските територијални води. Нафтените платформи на крајот безбедно се доставени на...

Телото на рускиот пилот префрлено во Турција и наскоро ќе биде транспортирано во Москва

Телото на рускиот пилот кој беше убиен по соборувањето на авионот-бомбардер од типот „су-24“ во вторникот на турско-сириската граница, пристигнало во Турција и наскоро треба да биде пренесено во Русија, изјавил денеска на прес-конференција турскиот премиер, Ахмед Давутоглу, јавува „Раша тудеј“. Тој изјавил дека со телото на пилотот се постапува во согласност со традициите на православното христијанство. Пренесувањето на телото за...

Спасовски ги пофали полицајците, Чавков ги искара грчките колеги

Оддавам признание на македонските полицајци кои денеска добро се справија со целата оваа ситуација и покрај повредените колеги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасвоски, кој синоќа заедно со заменикот-министер, Митко Чавков, ги посети полицајците што беа повредени при судирот со група мигранти на границата со Грција. Заменик-министерот Чавков рече дека поради специфичноста на состојбата, полицијата не можела соодветно да реагира...

Тодоров: Поставувањето на оградата е во согласност со одлуките на ЕУ

Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој е раководител на управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза и заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, попладнево пристигнаа во Гевгелија каде неколку часа претходно магрантите се судрија со полицијата поради поставувањето на жичаната ограда кај котата 59 на границата со Грција. Состојбата на јужната граница сега е мирна, но со засилено присуство...

Русија подготвува економски санкции кон Турција

Русија подготвува економски санкции од „широк опсег“ кон Турција, по инцидентот пред два дена, во кој беше соборен руски воен авион на турско-сириската граница, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на изјава на рускиот премиер, Дмитри Медведев. Медведев, како што пренесува „Би-Би-Си“, денеска изјавил дека мерките ќе бидат подготвени за неколку дена, а можно е со нив да бидат погодени инвестициите...

Група насилници нападнале ученици во автобус во Тетово

Вчера, околу пладне, на автобуската постојка во Тетово, четири-пет непознати лица насилно влегле во автобус на превозникот „Башким турс“ и со метални боксирачи нападнале двајца ученици од економското училиште, соопшти полицијата. Како што информира полицијата, инцидентот се случил околу 12.30 часот на улицата Илинденска, во непосредна близина на земјоделското училиште. Двајцата ученици, И.И. (18) и М.Б. (19) од селото Боговиње, поради повреди...

Лекарската комора го осуди инцидентот во Клинички центар

Лекарската комора го осуди инцидентот при кој од огнено оружје беше повреден еден лекар од Одделението за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Директорот на Лекарската комора, Кочо Чакаларовски, рече дека комората интензиво работи на подготвување нови закони со кои докторот би бил заштитен на работно место. - Доколку се докаже дека јас сум виновен што докторите се напаѓани...

Мигрант тешко повреден во железничка незгода кај Куманово

Мигрант, чиј идентитет засега е непознат, бил тешко повреден во железничка незгода, што денеска претпладне се случила во кумановската населба Карпош. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила околу 10.30 часот, кога товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце - Куманово, удрил во непознато лице, „најверојатно илегален мигрант кој во критична состојба е префрлен во Медицинскиот центар...

Двајца убиени и еден ранет во продавница на „Икеа“ во Шведска

Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во напад со нож што денеска се случил во продавница на „Икеа“ во шведскиот град Вастерас, јавуваат медиумите. Од полицијата соопштиле дека во инцидентот се убиени еден маж и една жена. Според информациите, полицијата привела едно лице, осомничено за нападот. Повеќе детали за осомничениот засега не се соопштуваат. „Најдовме маж и жена...

Полицијата трага по тројца насилници од кумановско Лопате

Двајца браќа и уште едно непознато лице, вчера вечерта во кумановското село Лопате нападнале и претепале три лица, кои по инцидентот биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово, за укажување лекарска помош. Инцидентот се случил околу 19.45 часот, а му претходела расправија меѓу браќата и нападнатите. Според полициските информации, браќата Ф.А. (33) и Ф.А. (30) и непознатото лице со автомобил,...

Нов инцидент со заталкан куршум во Гостивар

Синоќа, околу 23 часот, 53-годишниот гостиварец С.Ј. пријавил дека заталкан куршум завршил во дворот од неговата куќа на улицата Балиндолска, соопшти полицијата. Според пријавата, додека тој и неговата сопруга седеле во дворот од куќата, непознато лице истрелало проектил од огнено оружје, кој првин удрил во ќерамидите од покривот на куќата, а потоа паднал во нивна близина. Екипа на гостиварската полиција извршила увид...

Запалени уште две палми во Прилеп

Во екот на полноќните забави на камената бина во Прилеп, во рамките на годинешниот „Пиво-фест“, ноќеска, околу 3 часот по полноќ, беа запалени нови две палми, засадени во паркот пред општинската зграда. Ова е втор случај во кој се запалени дел од новозасадните палми во Прилеп. Завчера, додека траеше настапот на хрватската музичка група „Прљаво казалиште“, исто така беше запалена...

„Новинарски пленум“ го осуди нападот врз Саше Политико и најави протести за утре

„Новинарски пленум“ за утре во 11 часот најавува протест пред Владата, во знак на револт поради денешниот физички напад на сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, од вицепремиерот Владимир Пешевски, кој од пленумот го оценуваат како „континуитет на владината стратегија за пресметка со неистомислениците“. „Вицепремиерот Пешевски, како носител на јавна функција, мора да е свесен дека неговата работа подразбира отчетност...

СДСМ: Пешевски мора да си поднесе оставка поради нападот на Саше Политико

Најостро реагираме и го осудуваме скандалот во кој вицепремиерот Владимир Пешевски физички го нападна сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, за време на извршување на негова работна задача, реагираат од СДСМ во врска со денешниот инцидент. „Овој насилнички и нецивилизиран однос на заменик-премиерот Владимир Пешевски е уште еден доказ какви нелуѓе седат во Владата на Никола Груевски. Денешниот инцидент со...

Инцидент на судењето на Златна зора

Инцидент се случи на денешното судење на членовите на Златна зора во затворот „Коридалос“ во Атина. На судењето упаднаа членови на терористичката организација Огнени јадра, чие судење беше паралелно закажано во соседната судница во затворот и почнаа вербално да ги напаѓаат членовите на Златна зора. Покрај вербалните навреди и довикувањата дека фашистите ќе ги стигне бесилка, во истиот момент припадниците на...

Ахмети: Нема индиции дека косовски Албанци го предизвикале инцидентот во Гошинце

Нема индиции дека косовски Албанци го предизвикале инцидентот во Гошинце, иако има и такви тврдења од поединци, официјални лица во Македонија, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на заедничката прес-конференција во Приштина со неговиот домаќин, вицепремиер и шеф на дипломатијата на Косово, Хашим Тачи. Ахмети и Тачи потврдија дека двете влади разменуваат информации во врска со инцидентот. - Албанците во Македонија...

Во лет се запалил еден од моторите на авион на „Туркиш ерлајнс“

Авион „ербас 320“ на компанијата „Туркиш ерлајнс“ бил принуден да се врати на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ откако се запалил еден од моторите. Како што јавуваат турските медиуми, патниците и членови на екипажот, кои летале за Милано, се итно евакуирани по принудното слетување. Компанијата засега не го коментира инцидентот.

Израелски авион принудно слетал поради проблеми со тркалата

Патнички авион на израелската компанија „Ел ал“, со 181 патник и членови на екипажот, набргу по полетувањето морал да се врати на аеродромот во Тел Авив поради проблеми со тркалата. Набргу по полетувањето за Прага, техничарите на пистата на аеродромот „Бен Гурино“ пронашле парчиња гума од тркалата на авионот, по што е наредено авионот да се врати во Тел Авив...

Навивачи на ФК „Шкупи 1927“ нападнале играчи на ФК „Вардар АД Младинци“

Навивачи на фудбалскиот клуб „Шкупи 1927“ вчера физички нападнале играчи на екипата на ФК „Вардар АД Младинци“, по завршувањето на натпреварот меѓу двете екипи на стадионот „Чаир“, информира полицијата. Според полицијата, по завршувањето на мечот околу 18 часот, во моментот кога играчите излегувале од теренот, неколкумина навивачи на ФК „Шкупи 1927“ ја прескокнале железната ограда, влегле на стадионот и нападнале...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...