fbpx

Мигрант тешко повреден во железничка незгода кај Куманово

-

Мигрант, чиј идентитет засега е непознат, бил тешко повреден во железничка незгода, што денеска претпладне се случила во кумановската населба Карпош.

Според Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила околу 10.30 часот, кога товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце – Куманово, удрил во непознато лице, „најверојатно илегален мигрант кој во критична состојба е префрлен во Медицинскиот центар во Куманово“. Екипи на полицијата вршат увид на местото на несреќата.

Инаку, како што информираат од МВР, вчера на граничниот премин „Богородица“ бил регистриран инцидент во кој поголема толпа мигранти почнале да фрлаат со камења, шишиња и чевли кон полициските службеници. Полицијата привела тројца мигранти, сите сириски државјани, кои биле издвоени од толпата како предизвикувачи на инцидентот.

Во изминатите 72 часа, според МВР, биле издадени потврди за искажана намера за барање на азил на 3.694 странски државјани, претежно сириски државјани.

Од почетокот на издавање на потврдите (19 јуни) заклучно со денеска ваков документ МВР им издало на вкупно 37.461 мигрант.

Според МВР, во изминатите три дена нови 6 лица поднеле барање за признавање на правото на азил, со што вкупниот број на мигранти кои бараат азил во земјава сега изнесува 47 лица. Во Прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар вчера биле евидентирани 15 лица, од кои 11 мажи, една жена и три деца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...