fbpx

ЛП: Да се одмрзне сметката на „Макпетрол“, за да се спречи енергетска криза

-

Во услови на се поизвесна ескалација на состојбите во снабдувањето со нафта и енергенси, Либералната партија (ЛП) повторно ги упатува прашањата на кои ВМРО-ДПМНЕ, Владата и ресорното министерство се уште не одговориле од саботата, 15 август.

Од Либералната партија прашуваат, „која е потребата од замрзнување на банкарските сметки на „Макпетрол“ ако кривичните пријави се однесуваат на физички лица?“

„Ако наводното дело е направено во 2006-2007 и не може да се повтори, зошто се чекало толку време и кој го држел предметот во фиока или го одолговлекувал процесот?“ прашуваат од ЛП.

Во нивното соопштение додаваат и дека, ако МВР е загрижено за правата и средствата на акционери што според нив се оштетени, како планираат да ги обесштетат ако се замрзнати сметките на „Макпетрол“ и фирмата не може непречено да работи?

„Ако фирмата не може да работи, кој ќе ја превземе улогата на „Макпетрол“ во снабдувањето со горива и гас? Што ќе биде со платите на преку 1.000 вработени во „Макпетрол“ и неговите фирми? И конечно, во услови кога цената на горивата на светскиот пазар се намалуваат, дали Владата со овој потег сака да направи вештачко зголемување на цената на горивата во Македонија, да преземе или вештачки да создаде пазар за нови компании блиски до неа, и со тоа да обезбеди неоправдана добивка на други компании во Македонија и/или зголемување на приливот во буџетот?,“ се вели во соопштението на партијата испратено до меидумите.

Според нив, расчистувањето на овие прашања ќе одговори дали процесот против АД „Макпетрол“ е битка за нафтениот и растечкиот пазар на гас.

„Во услови на вакво политичко прекројување на пазарот со енергенси, ги потсетуваме „Пржинските“ партнери од 2 јуни дека владеењето на правото, а не партиската поделба на економијата е основна задача на одговорната опозициска политика. Премолчувањето на суштината зад параванот на преговорите за „уставот од Пржино“ е само затворање очи пред налетот на власта врз уште една компанија и телевизија. Искуството со телевизијата „А1“ треба да е доволно,“ велат од ЛП повикувајќи ја Владата, преку „независното судство“, да ја одмрзне сметката на АД „Макпетрол“ за компанијата да може непречено да работи додека тече започнатата правна постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...