fbpx

Двајца убиени и еден ранет во продавница на „Икеа“ во Шведска

-

Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во напад со нож што денеска се случил во продавница на „Икеа“ во шведскиот град Вастерас, јавуваат медиумите.

Од полицијата соопштиле дека во инцидентот се убиени еден маж и една жена. Според информациите, полицијата привела едно лице, осомничено за нападот. Повеќе детали за осомничениот засега не се соопштуваат.

„Најдовме маж и жена со повреди од нож, кои подоцна починаа во болница“, било наведено во полициското соопштение.

Како што пренесува шведската телевизија, третата жртва на нападот, која со тешки повреди била пренесена во болница, е маж на возраст од околу 35 години.

Според информациите, мажот и жената биле „обични муштерии“, кои биле нападнати во одделот за кујнски прибор, изјавил менаџерот на продавницата, Матијас Јохансон за весникот ВЛТ.

Продавницата на „Икеа“ во Вастерас, град кој е 115 километри оддалечен од главниот град Стокхолм, е една од најголемите во Шведска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...