четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: ранет | 28 резултати

Две лица ранети во Сарај

18 септември 2017

МВР соопшти дека во два инцидента во селото Сарај вчера биле ранети две лица. Еден од ранетите е сопственик на менувачница, а добил куршуми во двете нозе при грабеж на менувачницата во трговскиот центар „Сарај“. Еден од разбојниците носел автоматска пушка, а другиот пиштол кога влегле во менувачницата во 20.20 часот вчера. Сопственикот на менувачницата поради […]

Маж тешко ранет во ресторан во скопско Батинци

9 септември 2017

Крвава пресметка се случила вчера во скопското село Батинци, при што еден жител на селото е тешко ранет, а полицијата трага по неговите напаѓачи. Како што соопшти полицијата, рано попладнето дошло до тепачка во ресторан во селото, по што противниците излегле надвор и таму продолжиле да се пресметуваат. Во еден момент било стрелани кон 35-годишниот Р.А. […]

Координаторот на републиканците во Конгресот на САД ранет во вооружен напад

14 јуни 2017

Висок претставник на републиканците во Конгресот на САД, денеска бил ранет во вооружен напад за време на бејзбол-тренинг во Вирџинија, јавуваат американските медиуми. Полицијата од Александрија, предградие на Вашингтон, соопштила дека во тек е истрага поврзана со „повеќекратни пукотници“ и дека осомничениот е уапсен и се наоѓа во притвор. Конгресменот од Алабама, Мо Брукс, за […]

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во престрелка во центарот на Париз

20 април 2017

Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во вооружен напад што вечерва се случил во центарот на Париз, соопштила француската полиција, пренесува „Би-би-си“. Според информациите на дел од француските медиуми, напаѓачот кој отворил оган кон полицајците бил застрелан и убиен. Престрелката се случила на авенијата Шанзелизе, која е целосно блокирана и каде во тек […]

Насилници кај Сарај раниле еден маж и претепале друг

4 април 2017

Во два напада што се случиле на исто место близу Сарај вчеравечер, и веројатно се предизвикани од исти лица, еден маж е ранет, а друг бил претепан. Како што извести СВР Скопје, вчера 25 минути пред полноќ Ш.А. пријавил дека на патот од Сарај кон село Љубин, лице од село Грчец заедно со други лица […]

Српскиот бизнисмен Пецони e ранет во центарот на Белград

22 март 2017

Српскиот бизнисмен Предраг Ранковиќ – Пeцони вечерва е ранет во вооружена престрелка во хотелот „Праг“, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Тој бил префрлен во клинички центар, но не е во животна опасност. Според неофицијалните информации, Ранковиќ седел во ресторанот на хотелот „Праг“ со група луѓе. Кон нивната маса пришол маж, кој почнал […]

Tинејџер ранет во Брњарци, полицијата вели – од залутан куршум

12 март 2017

Тинејџер ноќеска во селото Брњарци добил куршум во десната натколеница, соопшти СВР Скопје, велејќи дека станува збор за заталкан куршум. Инцидентот се случил во 1.15 часот, кога 17-годишен малолетник од Стајковци бил во Брњарци, по што бил ранет. Потоа е пренесен во Хируршката болница „Свети Наум Охридски“, каде е утврдена огнострелна рана, односно тешка телесна […]

Ранет рускиот амбасадор во Турција

19 декември 2016

Рускиот амбасадор во Турција, Андреи Карлов, е ранет во вооружен напад и е сериозно повреден, јавуваат турските медиуми. Амбасадорот Карлов бил ранет за време на неговата посета на изложба во уметничка галерија. При нападот биле повредни и неколку други луѓе. Нападот се случува по протестите во Турција за руската воена интервенција во Сирија. https://twitter.com/Hurriyet/status/810879770942697472

Мигрант ранет со огнено оружје во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница

3 декември 2016

Непознато лице на 29 ноември пукало во група мигранти во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница. Во инцидентот еден од мигрантите биле ранет, потврдиле за телевизијата Н1 од српското министерство за внатрешни работи. Како што информирале оттаму, мигрантот бил ранет со куршум од мал калибар и кај него лекарите констатирале полесни повреди. Полицијата го […]

МВР информираше за сообраќајката, но не и за пукањето и за бркотниците по Партизанска

15 ноември 2016

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со информација за синоќешниот инцидент на булеварот Партизански одреди, во кој беше ранет скопјанецот Даниел Трајковски, но во неа, освен превртувањето на возилото и тоа дека Трајковски имал тешки повреди од огнено оружје, нема детали за пукањето и за бркотницата со автомобили. Според МВР, за случајот полицијата била информирана […]

Криминално-политичка престрелка и бркотница по Партизанска

15 ноември 2016

Четириесет и шестгодишен скопјанец ноќеска, пред полноќ, е ранет во престрелка на булеварот Партизански одреди. Според првичните информации, станува збор за Даниел Т., кој веднаш по инцидентот е пренесен на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде бил опериран. На пукањето му претходела бркотница со автомобили, која започнала од бензинската на „Макпетрол“ на […]

Двајца полицајци нападнати со мачета во Белгија

6 август 2016

Двајца полициски службеници биле повредени откако напаѓач се нафрлил врз нив со мачета во белгискиот град Шарлероа, јавува „Би-би-си“. Напаѓачот бил застрелан и ранет од полицијата, објави полицијата во Шарлероа на „Твитер“. https://twitter.com/PoliceCharleroi/status/761939214590177280 Тој, според информациите, извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем, на Арапски) за време на нападот кој се случил пред главната полициска станица […]

Петковски бил погоден од заскитан, а не од „наменет“ куршум

16 мај 2016

Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски, не бил цел на планиран вооружен напад со политичка заднина, туку бил погоден во ногата од заскитан куршум. Ова го наговестуваат резулатите од вештачењето на проектилот што пред Велигден го погоди во нога поранешниот пратеник на СДСМ и актуелен партиски функционер во Битола, дознава „Мета“. Според наши извори од […]

Скопското обвинителство поднесе обвинение за пукањето во хирургот во Клинички центар

5 февруари 2016

Скопското основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против осомничениот кој пукаше и го рани абдоменалниот хирург Љубомир Огненовиќ на клиниката за дигестивна хирургија во ноември минатата година, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинителството, тој се товари за обид за убиство и за неовластено изработување, држење и посредување и тргување со оружје и со распрскувачки материи. Против […]

Обвинителството побарало снимки од видеонадзорот за пукањето во Клинички

11 ноември 2015

Јавниот обвинител што ја води истрагата за вооружениот инцидент во Клиничкиот центар, во кој беше ранет лекар хирург, побарал да бидат одземени снимки од видеонадзорот, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство. „Во предметот за кој прашувате, јавен обвинител што постапува во предметот има издадено до надлежните служби наредба за одземање снимки од видеонадзор“, стои во одговорот на […]

Лекарите од дигестивна денеска јавно ќе го изразат својот револт

11 ноември 2015

Лекарите од Клиниката за дигестивна хирургија утрово имале состанок на кој, како што ни рече директорот Александар Караѓозов, решиле да го искажат својот револт по завчерашниот инцидент, во кој беше пукано и беше ранет хирургот Љубомир Огненовиќ. Караѓозов вели дека во текот на денешниот ден ќе испратат писмено соопштение до медиумите во кое ќе ги […]

Двајца браќа осомничени за пукањето во хирургот во Клинички центар

10 ноември 2015

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против И.Н. (34) и против неговиот брат А.К.Н. (36) за вчерашниот вооружен инцидент во клиничкиот центар, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ. Според МВР, И.Н. се товари за обид за убиство и за недозволено држење оружје или распрскувачки материи, а неговиот брат А.К.Н., според кривичната пријава, […]

Албански државјанин и жител на Радолишта осомничени за обид за убиство

13 август 2015

Струшката полиција поднела кривична пријава против албанскиот државјанин Г.Б. (22) и Д.З. (39) од селото Радолишта, кои се осомничени дека на средината од декември минатата година со неколку истрели од огнено оружје се обиделе да го убијат А.С. (36) од селото Велешта. Според полицијата, осомничените на 16 декември, околу полноќ, со возило, марка „ровер“, што го управувал […]

Двајца убиени и еден ранет во продавница на „Икеа“ во Шведска

10 август 2015

Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во напад со нож што денеска се случил во продавница на „Икеа“ во шведскиот град Вастерас, јавуваат медиумите. Од полицијата соопштиле дека во инцидентот се убиени еден маж и една жена. Според информациите, полицијата привела едно лице, осомничено за нападот. Повеќе детали за осомничениот засега не […]

Жител на Крушопек ранет со нож во тепачка во Скопје

10 јуни 2015

Вчеравечер, околу во 18.40 часот, во Центарот за известување и командување Скопје (ЦИК) од итната медицинска помош било пријавено дека на улицата Лондонска, пред трговскиот центар „Олимпико“, имало лице кое лежело на земја со убодна рана, информираат од полицијата. По преземените мерки, полицијата утврдила дека станува збор за К.А. (37) од скопското село Крушопек, кој […]

Страна 1 од 2