МВР соопшти дека во два инцидента во селото Сарај вчера биле ранети две лица.
Еден од ранетите е сопственик на менувачница, а добил куршуми во двете нозе при грабеж на менувачницата во трговскиот центар „Сарај“. Еден од разбојниците носел автоматска пушка, а другиот пиштол кога влегле во менувачницата во 20.20 часот вчера.
Сопственикот на менувачницата поради повредите е однесен во Ургентен центар.
Во вториот случај, станува збор за музичар кој свирел на свадба. Тој побарал лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“ поради рана во десната потколеница. Кажал дека бил погоден од заталкано зрно.
Полицијата вели дека работи на целосно расчистување на двата случаја.