МВР информираше за сообраќајката, но не и за пукањето и за бркотниците по Партизанска

-

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со информација за синоќешниот инцидент на булеварот Партизански одреди, во кој беше ранет скопјанецот Даниел Трајковски, но во неа, освен превртувањето на возилото и тоа дека Трајковски имал тешки повреди од огнено оружје, нема детали за пукањето и за бркотницата со автомобили.

Според МВР, за случајот полицијата била информирана од Ургентниот центар, од каде пријавиле дека кај нив било донесено повредено лицето Д.Т. (45) од Скопје.

„На 15 ноември 2016 година во 00.01 часот во ЕИК Скопје (Единицата за информации и команда н.з.) од Ургентен центар Скопје било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Д.Т. (45) од Скопје. Истиот на 14 ноември 2016 година во 23.35 часот на крстосноцата од булеварот Партизански одреди, улицата Бледски Договор и улицата Париска, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера на средишниот дел од коловозот од булеварот Партизански одреди, по што возилото се превртело на покривот. Од сообраќајната незгода Д.Т. не се здобил со повреди, но кај истиот биле констатирани тешки телесни повреди од огнено оружје во пределот на стомакот, градниот кош и на раката и е неконтактибилен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, стои во информацијата за настанот, објавена во дневниот билтен на МВР.

Оттаму нема одговор ниту во врска со шпекулациите во јавноста дека станува збор за пресметка меѓу криминални банди, како и за тоа дека е можно синоќешниот инцидент да има и политичка заднина.

Според информациите во медиумите, Трајковски бил ранет во престрелка на која ѝ претходела бркотница со автомобили, која почнала кај бензинската станица на „Макпетрол“ на булеварот Илинден и продолжила низ булеварот Партизански одреди, каде ранетиот скопјанец изгубил контрола над возилото и се превртел на коловозот. Тој бил извлечен од автомобилот и пренесен во болница, а напаѓачот кој пукал во него е во бегство.

Синоќешниот инцидент неофицијално се поврзува со тепачката од 17 април годинава во угостителски објект во Трговскиот центар „Буњаковец“, во која со остар предмет во главата беше прободен 41-годишниот Т.К., според неофицијални информации, телохранител на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Во тепачката наводно учествувал еден од браќата Даниел и Дејан Трајковски, познати како „близнаците од Ѓорче“.

„Дневник“ во август годинава, пак, пишуваше дека Даниел Трајковски преку „Фејсбук“ им се заканувал и барал рекет од 50 милиони евра од бизнисменот и сопстевник на МПМ, Орце Камчев, и од ексдиректорот на УБК, Мијалков.

Трајковски, лани во април во полиција пријавил дека имало обид за негово убиство, а подоцна реагираше и обвини дека МВР не презема ништо во врска со случајот.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...