четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: билтен | 12 резултати

ИЈЗ: Во јули потврдени пет нови случаи на ХИВ и два случаи на СИДА

август 14, 2024

Во текот на јули, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се ентероколитите, со 645 пријавени случаи, наведено е во месечниот билтен за движењето на акутните заразни заболувања што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на јуни, се регистрира зголемување на бројот на заболени лица од ентероколити за цели 97,9 отсто, а во однос на ланскиот […]

Приведен 18-годишен скопјанец, допирал по телото Французинка

јули 27, 2024

Полициски службеници утрово околу 3 часот по полноќ на подрачјето на општината Кисела Вода го лишиле од слобода 18-годишниот Е.Д. од Скопје. Тој се сомничи дека вечерта, околу 22 часот и 30 минути, допирал по телото на 20-годишна девојка од Република Франција, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Осумнаесетгодишникот бил задржан во полициска станица, а […]

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

април 16, 2024

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во СВР Скопје, 33-годишна жена пријавила дека попладнето околу 13:30 часот била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер – 43-годишниот Д.А. од Скопје. При нападот, тој […]

Во последното деноноќие два случаја на напад на жени од сегашен или поранешен партнер

март 8, 2024

Два случаја во кои жени биле нападнати од своите сегашни или поранешни партнери се регистрирани во полицискиот билтен во изминатово деноноќие. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), ноќеска во 1 часот по полноќ во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од […]

МВР: 379 возачи вчера биле санкционирани во Скопје, 101 ја пречекориле брзината

септември 17, 2020

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (16 септември) продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени биле вкупно 379 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 101 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 32, 41 санкционирани […]

МВР го приведе напаѓачот на екипата на Ал Џазира, осуди за нападот од АВМУ и СЕММ

септември 10, 2020

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека го привела лицето што ја нападна новинарската екипа на Ал Џазира за време на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ. Од МВР велат дека новинарката Милка Смилевска пријавила дека на улица „Македонија“ каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговарала со едно од лицата кои […]

Претпразнично гореше уште едно возило во Штип

септември 9, 2020

Уште едно запалено возило сред ноќ на паркинг во Штип е пријавено во штипската полиција. Според полицискиот билтен, ноќта на 08.09.2020 година во 02.05 часот во СВР Штип е пријавено дека во населбата „8-ми Ноември“ на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип гори возило од марката „мерцедес“,  сопственост на Е.Ќ.(24) од Штип. Пријавено е дека пожарот настанал […]

МВР информираше за сообраќајката, но не и за пукањето и за бркотниците по Партизанска

ноември 15, 2016

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со информација за синоќешниот инцидент на булеварот Партизански одреди, во кој беше ранет скопјанецот Даниел Трајковски, но во неа, освен превртувањето на возилото и тоа дека Трајковски имал тешки повреди од огнено оружје, нема детали за пукањето и за бркотницата со автомобили. Според МВР, за случајот полицијата била информирана […]

Страна 1 од 1