fbpx
Таг: институции

таг: институции

Хакирани веб-страници на македонски институции

Цел на хакерски напад, синоќа биле неколку веб-страници на македонски државни институции. На нивните страници се појавил натпис „Kissed By UstadCage_48 And“. Медиумите пренесуваат дека најверојатно се работи за поголем хакерски напад од „Сумеданг сајбер тим“ (Sumedang cyber team), кои се претставуваат преку полското знаме. Хакирани се веб-страниците на Јавното обвинителство, Министерството за информатичко општество и администрација, МАРНЕТ и е-трговија.

„Тројката“ повторно во Атина

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на европските институции се вратија во Атина и од изутринава веќе ги чешлаат државните институции со барања за спроведување реформи за подобра функционалност на државата и за намалување на државните трошоци. Под силно полициско присуство, 45 функционери и чиновници на пониско ниво се среќаваат со нивните колеги за да дојде до усогласување на...

БИРН: За „Скопје 2014“ потрошени се повеќе од 567 милиони евра

Најмногу пари за проектот „Скопје 2014“ потрошиле Министерството за култура и Службата за општи и заеднички работи на Владата, бидејќи тие се јавуваат како инвеститори на најкрупните објекти како што се: Музејот на ВМРО, Стариот театар, Уставниот суд, Македонската филхармонија и новиот изглед на владината зграда, објави БИРН во истражувањето „Скопје 2014 под лупа“. Според документите, најскап објект од проектот „Скопје...

Суад Мисини почна штрајк со глад пред Собрание: Да се реши проблемот со мигрантите

Аналитичарот Суад Мисини денеска почна штрајк со глад пред Собранието на Република Македонија, што, како што рекол за „Нова ТВ“, ќе трае сè додека надлежните не ги донесат потребните законски измени и не го решат проблемот со мигрантите во земјава. - Барам итно донесување на законските измени со кои ќе се овозможи безбеден транзит или привремен престој на мигрантите во Македонија,...

Мемети за третманот на мигрантите: Нехумано, нездраво, недостоинствено

Мигрантите во прифатниот центар за странци во Гази Баба се сместени во услови кои се полоши од оние во притвор, изјави народниот правобранител, Иџет Мемети, на денешната прес-конференција, посветена на условите во центарот, но и на слабостите на системот по напливот на бегалци од Блискиот Исток, каде беснеат вооружени конфликти. Тим на Народниот правобранител го посетил прифатниот центар, каде пред...

Институциите да се вклучат во истрагата околу „бомбите“

Граѓанските организации од Платформата за борба против корупција внимателно го следат објавувањето на снимените телефонски комуникации, информираат од Платформата. Оттаму велат дека објавените снимки треба да бидат предмет на истрага поради сомнежите за незаконско прислушување. „Бараме содржината на снимките да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Без разлика кој е изворот на снимените...

Заев за „Ал Џезира“: Има закани за живот на опозиционери

Веруваме во конечна разврска, со која Никола Груевски ќе замине од политичката сцена, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју за „Ал Џезира“. - Ова е очекувана реакција од Груевски. Жално е што сака и ВМРО-ДПМНЕ да го повлече со него. Криминалот е околу Груевски и околу негови блиски соработници – рече Заев. Тој додаде дека во материјалот од прислушувани...

УЈП: Пресметките за хонорарите ќе ги објавиме до крајот на неделата

До крајот на оваа недела, Управата за јавни приходи ќе ги објави насоките со кои ќе се знае како ќе се вршат пресметките за исплаќање надомест за хонорарите поголеми од 9.590 денари. Како што објави „Мета“, испративме прашања до Министерството за труд и социјална политика за тоа дали навистина има известување во кое се бара да не исплаќаат хонорари поголеми од 9.590 денари сè...

МВР: Проверуваме дали полицајци соработувале со осомничените во „Чекан“

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека ги проверуваат индициите за можна поврзаност на вработени во гостиварската полиција и во други државни институции со осомничените што беа уапсени во акцијата „Чекан“. - МВР почна со проверки и на работењето на надлежните државни институции, вклучувајќи ја и локалната полиција. Постојат индиции дека е можно службени лица од МВР, но и од други...

Нема процена, ама грбот ќе биде евтин

Надлежните немаат направено анализи колку ќе ги чини граѓаните најавената промена на државниот грб, односно колку пари ќе бидат издвоени од буџетот за промените во делот на она што значи употреба на грбот. Наспроти уверувањата од Владата дека граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци за замена на личните документи со нови, кои ќе го содржат новото решение на државниот грб,...

Истражување: Фондот за здравство најтраспарентен, претседателот најнеотчетен за трошењето на јавните пари

Фондот за здравствено осигурување на Македонија(ФЗОМ) е најтранспаретна, а институцијата претседател на државата најнеотчетна во трошењето на јавните пари, покажува истражувањето на Центарот за економски анализи и на Институтот за демократија, пренесува „24Вести“. Според анализата, 90 отсто од државните институции не ја објавуваат завршната сметка, а ниту една институција не објавила реализација на буџетските средства и покрај законската обврска. Речиси 40...

За една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

Целиот регионот треба да се стреми кон што побрза енергетската транзиција. Ова го истакна Виктор Андонов, соработникот за енергетика во Владата на Република Северна Македонија, на регионалната експертска Конференција...