fbpx

За вкрстување на податоците, ДИК ќе ги користи базите на 13 институции

-

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашнава седница усвоиле одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата за катастар, Министреството за труд и социјална политика и други.

Седницата на ДИК, која беше закажана за 17.45 часот, заврши за само десетина минути.

На неа било утврдено дека оваа година на ДИК ќе ѝ бидат потребни финансии во износ од 8 милиони евра, од кои најголемиот дел ќе бидат наменети за подготовка и за реализација на предвремените парламентарни избори.

„Државната изборна комисија на седницата одржана на 21 јануари 2016 година ги усвои извештајот на ДИК за преземените работи во согласност со член 153-а од Изборниот законик и одлуката за усвојување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2016 година на ДИК – буџетска програма 20. Членовите на Државната изборна комисија едногласно ја усвоија и процедурата за користење и за обработка на лични податоци при вршење на вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција, како и меморандумот за соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, стои во соопштението на ДИК за денешната седница.

ДИК, на вчерашната седница одлучи Милева Христова да го заземе пратеничкото место на Емил Димитриев, кој од 18 јануари е премиер на преодната влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...