Цел на хакерски напад, синоќа биле неколку веб-страници на македонски државни институции. На нивните страници се појавил натпис „Kissed By UstadCage_48 And“.

Медиумите пренесуваат дека најверојатно се работи за поголем хакерски напад од „Сумеданг сајбер тим“ (Sumedang cyber team), кои се претставуваат преку полското знаме.

Хакирани се веб-страниците на Јавното обвинителство, Министерството за информатичко општество и администрација, МАРНЕТ и е-трговија.