fbpx

Штипјани со иницијатива за спас на најголемиот парк во градот

-

Со јавна трибина, на отворено, во најголемиот рамен парк во Штип, во населбата 8 Ноември, граѓанската иницијатива за спас на паркот ги потсети институциите дека се должни да им одговорат на граѓаните. Пред повеќе од два месеца поднесена е петиција со потписи од десет отсто од жителите на населбата до Општината, со која се бара поништување на продажбата на две парцели, кои, според граѓаните, зафаќаат половина парк.

Досега нема одговор, ниту е закажана седница на Советот на Општината, на која би се разгледала петицијата.

Горан Трајков, кој е еден од иницијатрите, вели дека се обратиле и до Уставниот суд, Инспекторатот за локална самоуправа, а поднеле претставка и до Министерството за транспорт и врски.

– Нема реакција од ниту една од овие институции. Не се откажуваме, бидејќи апсурдно е да се уништува единственото место каде се собираат луѓе од повеќе населби – вели Трајков.

Тој има неофицијални информации дека двете парцели се продадени на двајца локални бизнисмени за вкупно 100.000 евра, што е, според него, смешна цена.

– Ако просечната цена за квадратен метар за парцели надвор од градот е 100 евра, овие две локации во првата градска зона се продадени за 50 евра за еден квадратен метар – вели Трајков.

Неодамнешната реакција на Општина Штип беше дека со продажбата на парцелите не е прекршен законот, а иницијативата ја оценија како партиска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...