fbpx

Мемети за третманот на мигрантите: Нехумано, нездраво, недостоинствено

-

Мигрантите во прифатниот центар за странци во Гази Баба се сместени во услови кои се полоши од оние во притвор, изјави народниот правобранител, Иџет Мемети, на денешната прес-конференција, посветена на условите во центарот, но и на слабостите на системот по напливот на бегалци од Блискиот Исток, каде беснеат вооружени конфликти.

Тим на Народниот правобранител го посетил прифатниот центар, каде пред два дена бегалците кои се сместени таму, кренаа бунт, незадоволни од условите и од неизвесниот статус.

– Затекнавме катастрофална состојба, со нехумани услови за престој кои грубо го повредуваат човечкото достоинство. Во моментот во прифатниот центар престојуваат 364 лица, а неговиот максимален капацитет е за 120 луѓе, што значи дека е тројно надминат. Од лицата 28 се жени, 35 се деца, а другите се мажи – вели Мемети.

Во вкупната бројка мигранти што ја спомена омбудсманот не влегуваат и 128 мигранти што вчера беа откриени во полициската акција во кумановско Ваксинце.

– Во машкиот дел, луѓето спијат на под, без постелнина, во исклучително лоши хигиенски услови. Жените се сместени во две простории, а дел од нив спијат во просторија која се користи и како кујна – соопшти Мемети.

Мигрантите се жалеле на непотребно долгиот престој во центарот без да знаат каков им е статусот, на исхраната, на здравствената заштита, а при посетата, тимот на Народниот правобранител констатирал и присуство на заразни болести.

Омбудсманот упати остра критика до надлежните институции за нивниот непрофесионален однос и за лошата меѓусебна комуникација, која во дел од случаите се остварувала и надвор од законските прописи и со предолгото траење на процедурите.

– На самите мигранти им се врачени потврди за привремено одземени предмети, кои се на македонски и тие воопшто не ги разбираат. Не им се дадени решенија за привремено задржување во центарот, а такви има во нивните досиеја. Се задржуваат како сведоци за кривична постапка, а во нашите закони никаде не е предвидено нивно присуство. Отсуствува писмена коресподенција меѓу органите. Нема документи за доведување странци пред суд или обвинителство за да дадат изјава. Ако има потреба од обезбедување сведок, тоа во никој случај не значи дека тие треба да се чуваат во услови како да се во притвор – вели Мемети.

Тој посочи пример каде, по усно барање на омбудсманот, дел од странците од прифатниот центар во Гази Баба биле префрлени во центарот за баратели на азил во Визбегово, што, според Мемети, е надовор од законските прописи.

Народниот правобранител бара од надлежните посериозен пристап во остранувањето на слабостите во системот и зголемување на прифатните капацитети за похумано сместување на странците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...