fbpx
Таг: Хелсиншки комитет за човекови права

таг: Хелсиншки комитет за човекови права

Хелсиншки комитет ќе ја бара правдата во Стразбур откако обвинителството го повлече обвинението за Тамара

По преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот за смртта на девојчето Тамара Димовска од Велес, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење и ги сруши шансите за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство, Хелсиншкиот комитет најави дека и...

Хелсиншки комитет: Системот не им дозволува на Ромите да излезат од маргините на општеството

Меѓународниот ден на Ромите е прилика за славење на ромската култура, но и повод да се осврнеме на фактичката состојба во која се наоѓа оваа заедница, односно на причините кои оневозможуваат вистинска социјална интеграција на ромската заедница во општеството, пишува Хелсиншки комитет за човекови права (ХКЧП). Според оваа организација, во земјава постои расизам насочен кон Ромите, што ги држи припадниците...

Хелсиншки комитет за човекови права: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач

Видео снимката на полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, која пред неколку денови се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека употребата на прекумерна физичка сила и средба за присилба продолжува да биде честа практика на полицијата, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Покрај бројните залагања на државата да ја елиминира тортурата и нехуманото постапување спрема граѓаните...

Хелсиншки комитет реагира за пресудата за Савески и Куновски за „Шарената револуција“

Апелациониот суд Скопје на Здравко Савески и Владимир Куновски им изрече условна затворска казна од 6 месеци и казна од половина милион денари за материјалната штета за демолирањето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, за време на „Шарената револуција“ пред речиси 6 години. Оваа пресуда следи по две ослободителни пресуди кои предходно ги укина Апелација. По изречената пресуда Хелсиншкиот комитет...

Хелсиншкиот комитет: Судот донесе правилна одлука, апел до обвинителството да спречи одмазда кон Иловска

Откако Основниот суд Велес денеска ја ослободи од обвинение велешанката Пале-Павлинка Иловска која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски (40) од Велес, Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до јавното обвинителство да превенира можна одмазда. „Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди...

Општеството потфрла во човечноста, бојкотот предизвикува болка кај децата со Даунов синдром

Од денес четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради тоа што директорот Зијадин Нуредини и наставниците попуштиле под притисокот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Ембла вчера, како што изјави нејзиниот татко Илир...

Хелсиншки реагира на обвинението за велешанката – жртва на семејно насилство, која ќе одговара за „убиство на миг“

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираат до Јавното обвинителство, коешто покрена обвинение за сторено кривично дело „убиство на миг“ против Пале Илиоска од Велес. Инаку, ОЈО Велес денеска извести дека 23-годишната велешанка на 29 септември лани „во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од...

Забележан случај на дискриминација на осуденик со траен инвалидитет во КПД Идризово

Осуденик со траен 100% инвалидитет, стекнат по сообраќајна несреќа во 2009 година, не можел непречено да ги извршува секојдневните активности, физиолошки потреби, ниту пак посетувал редовна физикална и хидро терапија како осудено лице, аралмираше денес Хелсиншкиот комитет за човекови права. Според Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), утврдена е директна продолжена дискриминација врз основа на попреченост и повреда...

Хелсиншкиот комитет врши обуки за родова еднаквост за претставнички на спортски федерации

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска започна со обуки за родова еднаквост на кои учествуваат претставнички на спортски федерации. Ова е првата активност по потпишувањето на Меморандум за соработка со Олимпискиот комитет на Северна Македонија за унапредување на родовата еднаквост во спортот и превенција и заштита од родово базирано насилство во спортскиот сектор, информираат од Хелсиншкиот комитет. Обуките ги спроведуваат...

Хелсиншкиот комитет утре со отворена канцеларија за пријавување на повреда на избирачкото право

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот...

Хелсиншки комитет повикува да не се шират дезинформации за бегалците од Авганистан

Хуманитарната криза во Авганистан и владината најава за привремено прифаќање на бегалци од оваа земја очекувано е проследена со интензивен говор на омраза и обиди да се шири ксенофобија меѓу граѓаните. Изминативе години, особено за време на бегалската криза во периодот 2015-2017, дезинформациските кампањи поврзани со бегалците и мигрантите беа постојано присутни во јавниот дискурс. Иако реалноста целосно ги...

Хелсиншки комитет: Забраните за невакцинираните не се дискриминација ниту се противуставни

Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) реагираше со загриженост на изјавите и пораките упатени на вчерашните протести против вакцинацијата и мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Оттаму порачуваат дека одредени рестрикции за оние што ќе одбијат да се вакцинираат не може да се наречат дискриминација или кршење на уставните права оти во случајот станува збор за уставно регулирани...

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

Хелсиншкиот комитет реагира на повторното одложување на рочиштето во судскиот процес за малата Тамара, која почина пред шест години, а постапката против обвинетите трае две години и 11 месеци и предметот сè уште ја нема добиено својата завршница. Од Хелсиншки напоменуваат дека правичното судење во разумен рок е еден од фундаменталните услови за задоволување на кривичната правда. „Непочитувањето на овој институт...

Хелсиншки бара инспекциски надзор врз конфекцијата „Алкон-текс“, каде се протестира поради неисплатени плати

Поради сериозни прекршувања на работните права со кои се соочуваат текстилните работнички, Хелсиншкиот комитет за човекови права побара од Државниот инспекторат за труд, да спроведе вонреден инспекциски надзор кај работодавачот и да утврди неправилности во примената на трудовите правила, соопштија од Хелсиншки, во врска со протестот на текстилните работнички од конфекцијата „Алкон-текс“ од Штип. „Комитетот дополнително ќе ги контактира и...

Хелсиншки комитет: Да престане злоупотребата и манипулацијата на децата за политички цели

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираше да не се злоупотребуваат, односно да престане манипулацијата на децата за политички цели, по денешните случувања во врска со најавениот бојкот на наставата поради актуелните реформи во образованието за дигитализација на учебниците. Според Комитетот, децата се подложни на бројни манипулации, лажни вести и дезинформации, кои дополнително ја усложнуваат и онака сериозната состојба која...

Хелсиншки ја повикува Владата да стави крај на профитерството на приватните болници врз ковид пациентите

Хелсиншки фото: ЕПСУ
По повод Светскиот ден на здравјето кој се одбележува денеска, Хелсиншкиот комитет за човекови права ја реафирмира реакција од стотина организации од ноември 2020 година, со која се бара ставање крај на профитерството на приватните здравствени установи во време на пандемија и се бара воспоставување на регулатива за плаќање според ценовникот на Фондот за здравствено осигурување. Хелсиншки, исто така,...

Хелсиншки комитет: Институциите да покренат постапки против насилниците и полициските службеници од протестот за „Монструм“

По однос на протестот за случајот „Монструм“ кој се одржа пред две недели, а каде беа повредени медиумски работници и полицајци, Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Северна Македонија бара Основното јавно обвинителство во координација со Министерството за внатрешни работи, да го пронајдат и приведат секој кој го прекршил законот, без разлика дали се работи за насилен учесник...

Граѓански организации бараат темелна истрага и утврдување на одговорност за случајот со исчезнувањето на Мијалков

Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“ и Фондација Отворено општество – Македонија бараат темелна и брза истрага за институционалните пропусти околу недостапноста на органите за прогон на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Организациите сметаат дека е неопходно итно утврдување на одговорност од страна на надлежните органи за настаните кои му...

Хелсиншки комитет: Затворите да обезбедат посебни простории за самоизолација на ковид позитивните затвореници

Состојбата во затворите може да стане многу критична доколку во установите навремено не се преземат мерки против ширење на ковид-19, стои во извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој се базира на теренски посети во периодот од 1 август до 1 октомври 2020 година во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во РСМ, извршени од страна на претставници на Комитетот...

Хелсиншки комитет: Во декември зголемување на пријавите за говор на омраза за 130 отсто

Речиси половина, односно 48 отсто од пријавите за говор на омраза на социјалните мрежи регистрирани за декември 2020 година во Хелсиншкиот комитет за човекови права се врз основ на етничка припадност, покажуваат податоците на месечниот извештај за човековите права во С.Македонија на Комитетот. Истовремено, пријавите врз основ на политичка ориентација и сексуална ориентација и родов идентитет повторно забележале подем...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...