fbpx

Забележан случај на дискриминација на осуденик со траен инвалидитет во КПД Идризово

-

Осуденик со траен 100% инвалидитет, стекнат по сообраќајна несреќа во 2009 година, не можел непречено да ги извршува секојдневните активности, физиолошки потреби, ниту пак посетувал редовна физикална и хидро терапија како осудено лице, аралмираше денес Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Според Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), утврдена е директна продолжена дискриминација врз основа на попреченост и повреда на правото на еднаквост и нееднаков третман при уживањето на правата на здравствена заштита од примарно, секундарно и терцијално ниво при издржување на затворска казна, извршена од страна на КПД Идризово Скопје. Продолжената дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација.

КСЗД постапуваше по претставка од осудено лице од Скопје преку неговиот адвокат, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници, која беше поднесена поради сомневање за сторување директна дискриминација врз основа на попреченост и повреда на правото на еднаквост и нееднаков третман.

„Тоалетите во установата биле претесни, поради што осуденото лице не можело да пристапи до нив со својата инвалидска количка, а поради неприспособените тушеви, тој морал да се тушира во отворените делови, без никаква интимност. Тој не бил во можност ниту да ја добива препишаната редовна терапија бидејќи во установата не постои можност за такви здравствени услуги. А, поради неприспособената инфраструктура, не можел да пристапи ниту до затворската амбуланта“, наведено е во соопштението.

КСЗД побара изјаснување од страна на КПД Идризово за овој случај, по што установата известила дека поради недостиг на финансиски средства, и покрај реноворањето, инфраструктурата не се подобрила во насока на поробрување на условите за живот на затворениците, особено на оние со одредена попреченост, поради што ова лице е третирано на начин кој е споменат.

Во дописот од установата, наведено е дека братот на осуденикот, кој исто така издржува казна, му помагал во извршување на секојдневните активности и поради тоа тој одбил да биде преместен во новото полуотворено одделение каде што условите биле посоодвентни. Изјавата на осуденото лице била без наведен датум, па не може да се утврди во кој период му била дадена понудата за преместување.

Исто така, од КПД Идризово известиле дека повремено се случува да има недостаток на лекови, како и спреченост да се користи здравствена заштита на секундарно и терцијално ниво поради мерките против КОВИД-19. Во самата установа, здравствена заштита овозможуваат само 1 лекар, 1 стоматолог и 2 медицински сестри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...