fbpx

Хелсиншкиот комитет: Судот донесе правилна одлука, апел до обвинителството да спречи одмазда кон Иловска

-

Откако Основниот суд Велес денеска ја ослободи од обвинение велешанката Пале-Павлинка Иловска која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски (40) од Велес, Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до јавното обвинителство да превенира можна одмазда.

„Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нашите залагања за промена во обвинението, поради историјата на насилство во овој случај“, наведоа од Хелсиншки.

Комитетот, исто така нагласи, дека и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по пријави за семејно насилство, грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството.

„Во вчерашното сведочење, Иловска изјави дека до неа стигнале информации дека колега на починатиот полицаец сакал да ја одмазди неговата смрт. Апелираме до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас и да превенира понатамошно насилство врз една долгогодишната жртва, која не добила заштита од институциите“, велат од Хелсиншкикиот комитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...