fbpx

Хелсиншки комитет: Системот не им дозволува на Ромите да излезат од маргините на општеството

-

Меѓународниот ден на Ромите е прилика за славење на ромската култура, но и повод да се осврнеме на фактичката состојба во која се наоѓа оваа заедница, односно на причините кои оневозможуваат вистинска социјална интеграција на ромската заедница во општеството, пишува Хелсиншки комитет за човекови права (ХКЧП).

Според оваа организација, во земјава постои расизам насочен кон Ромите, што ги држи припадниците на овој народ во дискриминација а политиките и мерките остануваат недоволни за тоа да се надмине.

„Вкоренетиот расизам е во сржта на повеќекратната дискриминација со која Ромите секојдневно се соочуваат и таа се согледува и во односот на институциите кон нив, но и во третманот кој го добиваат од страна на општеството во целина. Токму расната дискриминација е клучниот проблем поради кој, децении наназад, сите посебни политики и мерки наменети за оваа заедница остануваат половични, недоволни и неефективни во пракса“, порачува ХКЧП.

Како илустрација, се наведува проблемот на неколку ромски семејства сместени во прифатниот центар во Визбегово, односно намерата да се спроведе закон без согледување на штетните последици од тоа.

„Иако една од главните цели на социјалните реформи е извлекување на луѓето од кругот на сиромаштија и искоренување на нејзините екстремни форми, последниот случај со плановите за иселување на Ромите од прифатниот центар покажува ригидно толкување на законските одредби. Со тоа што нивните деца конечно се вклучиле во образованието, а мал дел од родителите започнале самостојно да заработуваат, се смета дека овие семејства излегле од состојба на социјален ризик, иако нерешеното домување и нивното евентуално враќање на улица ќе значи поништување дури и на овие мали чекори напред“, посочува Хелсиншки комитет.

Како еден од најгорливите проблеми е посочен оној на невклученост на многу деца во образовниот систем, но и сегрегација на оние што посетуваат настава. ХКЧП во тој поглед поднел тужби за заштита од дискриминациија на ромските деца во во две основни училишта во Битола и Штип.

„Судската постапка е во тек, но со големи паузи помеѓу рочиштата, што укажува на задоцнета заштита и говори за односот на правосудните органи кон проблемите на оваа заедница“, посочува Хелсиншки.

Покрај проблемот со лишеност на многу Роми од здравствениот систем, како горлив, долготраен проблем се посочува и расното профилирање на Ромите при пристап до права и услуги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...