fbpx

КАРИЛ: Хрватскиот ракометар Денис Тот е во критична состојба, но не бил претепан

-

Хрватскиот ракометар Денис Тот кој игра во Ракометниот клуб Бутел се бори за живот на скопската Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ. Како што вели директорката на клиниката, тој  бил донесен во критична состојба. Но, наспроти објавите на сите домашни медиуми, директорката посочува дека Тот немал видливи траги на насилство, односно не бил претепан. Истото го потврдија и од Министерството за внатрешни работи, од каде велат дека Тот бил во бесознание, но без видливи траги на насилство.

„Пациенот е донесен во критична состојба, без срцева активност по што срцевата акција е вратена, но тоа не значи дека ќе преживее. Не можеме да потврдиме колку време бил во таква состојба“ изјави за Мета.мк директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова.

Мојсова додаде дека не се гледаат видливи траги од насилство и рече дека МВР треба да го расчисти случајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот за кој во хрватските, а потоа и во македонските медиуми се појавија и шпекулации дека Тот бил претепан во скопскиот клуб „Привилиџ“ и дека наводно снимките од тепачката биле избришани.

„МВР ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош“, наведено е во полициското соопштение.

Претседателот на Ракометниот клуб Бутел, Влатко Тасевски, во разговор со Мета.мк изјави дека тој за состојбата на ракометарот разбрал утрово, но чекаат подетални информации во текот на денот.

Инаку најпрво во хрватскиот медиум „Вечерњи лист“ синоќа се појави информација дека Тот бил претепан и примен во болница „со тешки повреди по целото тело“.

Хрватскиот медиум цитира анонимен извор велејќи дека Тот бил во ноќниот клуб „Привилиџ“ во Скопје, а видеоснимките биле избришани. Ваквите непотврдени информации и шпекулации беа пренесени од сите медиуми во Македонија, вклучувајќи ја и Македонската информативна агенција (МИА).

Вечерњи објави и изјава од братот на Денис, Борис Тот, кој исто така е ракометар, во која тој вели дека неговите родители се на пат за Скопје и немаат многу информации што точно се случило.

Оваа изјава од македонските медиуми беше пренесена како потврда дека Денис Тот бил претепан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...