fbpx
Таг: Грција

таг: Грција

Истрагата за железничката несреќа во Грција завршува, досега 57 загинати

Потврдената бројка на загинати лица во тешката железничка несреќа што во вторникот пред полноќ се случи во долината Темби во Грција е 57, според пожарникарите и полицијата, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Од загинатите, досега се идентификувани 36 луѓе, а полициската портпаролка Константина Димоглиду изјави дека оние што првично биле категоризирани како исчезнати се вклучени во бројката на загинати. Моментално, 38 од...

Бројката на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 57 луѓе

Иако последната официјална бројка на загинати што ја соопштуваат пожарникарите е 46, како што беше објавено пред неколку часа, трагичниот биланс од судирот на двата воза во долината Темби во Грција што се случи завчера пред полноќ е многу поголем, и изнесува 57 загинати луѓе, пренесува грчкиот весник „Катимерини“. Имено, малку по 16 часот по грчко време, директорката на Судска...

Расте бројката загинати во несреќата во Грција, денеска протести низ земјата

Бројката загинати во судирот на патнички и товарен воз во долината Темби во Грција што се случи завчера пред полноќ се искачи до 46 лица, според официјалната информација од пожарникарските екипи на местото на несреќата, пренесува весникот „Катимерини“. Од утрово, од вагон-ресторанот, кој бил здробен од вториот вагон во композицијата се извлечени уште седум изгорени тела, соопшти Василис Ватракојанис, офицер...

Бројката на загинати во судирот на возовите во Грција се искачи на 43

До утрово, бројката на жртви во тешката железничка несреќа во Грција, која се случи завчера пред полноќ, кога во долината Темби директно се судрија патнички и товарен воз што по грешка биле насочени на ист колосек, се искачи на 43, од кои 11 се идентификувани, јави грчкиот весник „Катимерини“. И утрово продолжи расчистувањето на огромното количество крш и потрагата по...

По железничката несреќа, оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт

По трагичниот судир на два воза во долината Темби во Грција, на подрачјето меѓу градот Лариса и познатото туристичко место Неи Пори, во која загинаа најмалку 36 лица, а 85 се повредени, попладнево оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт, Константинос Караманлис, јави грчкиот весник „Катимерини“. Одговорноста за несреќата врз себе ја презел шефот на железничката станица „Лариса“,...

При судирот на двата воза во Грција не функционирал контролниот систем, човечка грешка довела до трагедијата?

Не функционирале основните безбедносни мерки што би спречиле железничка несреќа, објаснува за грчкиот весник „Катимерини“, Василис Завојанис, член на одборот директори на железничката компанија „ТРАИНОСЕ“, по страотниот судир на два воза пред полноќ во долината Темби во Грција, во близина на туристичкото место Неи Пори, популарна дестинација за летен туризам за македонските и српските граѓани. Според Завојанис, во таква ситуација,...

МНР: Нема информации дека меѓу загинатите или повредените во несреќата кај Лариса има македонски државјани

Ниту до Министерството за надворешни работи (МНР) ниту до дипломатско конзуларните претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во трагичната железничка несреќа што синоќа се случи близу градот Лариса во Грција има и државјани на Република Северна Македонија, соопшти МНР. Оттаму додаваат дека македонската амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со...

Загинаа најмалку 36 лица во Грција во директен судир на два воза близу Лариса

Патнички воз во кој имало многу студенти што се враќале дома од празнувања вчера пред полноќ се судрил со товарен воз во близина во долината Темби кај градот Лариса во Грција, при што најмалку 36 луѓе загинале а 85 се повредени, јави агенцијата Асошиејтед Прес (АП). Долината Темби е на неколку десетици километри југозападно од туристичкото место Неи Пори, што...

Средба меѓу вицепремиерката Грковска и новата амбасадорка на Грција, Софија Филипиду

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду. Грковска ја информираше Филипиду за работењето на Кабинетот и за клучните процеси кои се темелат на три столба и тоа: дигиталната трансформација на општеството, антикорупциски политики како и градењето на професионални, транспарентни, одговорни...

Контраспин: Николоски спинува за употребата на македонскиот јазик според Преспанскиот договор

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски спинува кога вели дека со член 7 од Преспанскиот договор е забранета употребата на македонскиот јазик надвор од територијата на државата. Членот 7, точка 4 од Преспанскиот договор се однесува на деклариран став на официјално Скопје дека ништо од идентитетот на македонската страна во македонската држава, вклучувајќи го и јазикот, не се однесува на...

Официјално регистриран „Центар за македонски јазик во Грција“

Центарот за македонски јазик во Грција објави дека официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во соседната држава. Барањето за регистрација на организацијата беше одобрено од страна на Судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година. Последните административни работи поврзани со...

Грција, Унгарија, Кипар, Полска и Шпанија нашироко го користеле софтверот за шпиoнирање Пегасус

Високата европратеничка што ја води истрагата за шпионскиот софтвер Пегасус, Софи Инт Велд ја обвини Европската комисија дека ја игнорирала „сериозната закана за демократијата“ што ја претставува употребата на технологијата, додека за националните влади рече дека не соработувале во истрагата, јавува „Гардијан“. Холандската либерална европратеничка рече дека постоела нелегална употреба на Пегасус во Грција, Унгарија, Полска и Шпанија, како и...

„Слобода од зависноста од рускиот гас“ – започна со работа интерконекторот меѓу Грција и Бугарија

Гасоводот меѓу Бугарија и Грција ја менува играта, рече во својот говор претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на свеченоста при пуштањето во комерцијална работа на гасоводниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција, што денеска се одржа во Софија. На официјалната церемонија, покрај претседателката на ЕК, присуствуваа и европскиот комесар за енергетика, Кадри Симсон, претседателите на Азербејџан и Србија,...

Утре започнува со работа Интерконекторниот гасовод Грција-Бугарија

Дозволата за работа на грчкиот дел од Интерконекторниот гасовод Грција-Бугарија (ИГБ) е потпишана, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА. Ова беше последниот административен чекор со кој се овозможува почеток на комерцијалната работа на гасоводот за природен гас од сабота, 1 октомври. Теодора Георгиева и Јоргос Сатлас, извршни директори на бугарската компанија за заедничко вложување ICGB AD која го спроведува проектот, неодамна ја...

Ковачевски: Договорено е Грција да обезбеди непречен извоз на јаглен и мазут за производство на струја

Премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со шефот на грчката влада Киријакос Мицотакис во Атина изјави дека на состанокот е договорено Грција да обезбеди непречен извоз на мазут и јаглен како суровини за производство на електрична енергија во Македонија. „Снабдувањето со јаглен ќе се одвива непречено во четвртиот квартал од 2022 и првиот квартал од 2023 во РЕК Битола и...

„Офкат“: Да го оставиме морето да ни го врати Мартин

Напорите да го лоцираме Мартин Јовановски за жал, не вродија со плод, соопштија од „Офкат“, грчкото спасувачко здружение кое 20 дена беше во потрага по мoмчето кое  исчезна во морето кај Посиди. Tие на својот профил на Фејсбук напишаа дека ќе остават „морето да си ја заврши работата“, со надеж дека ќе се најде Мартин. „Денес се одбележуваат 20 дена...

Големата суша и високите температури предизвикаа пожари во неколку европски земји

Додека топлотниот бран во Европа се движи кон исток, шумските пожари принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови, покривајќи делови од Италија, Грција и Франција во чад. Германија го забележа најтоплиот ден во годината, откако температурите достигнаа 40,3 степени целзиусови, а високи температури има и во Унгарија и Италија. Европскиот информативен систем за шумски пожари стави 19...

Се урна товарен авион со оружје во Грција, починаа осум украинци кои биле членови на екипажот

Товарен авион што пренесуваше 11 тони оружје од Србија до Бангладеш вчера се урна во близина на Кавала, Северна Грција. Според грчките власти за цивилна авијација, авионот се движел на релација Србија - Јордан пред да пристигне во Бангладеш и се урнал на 40 километри западно од аеродромот, пренесува Еуроњуз. Со авионот управувала украинската карго авиокомпанија „Меридијан“, но според официјалната...

Продолжува потрагата по Мартин на Халкидики, неговиот другар Иван почна донаторска акција за да се забрза акцијата

Потрагата на Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи по исчезнатиот македонски државјанин Мартин во водите на Егејско Море кај Халкидики продолжува веќе шести ден по ред. Министерството за надворешни работи на Северна Македонија синоќа соопшти дека „како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од...

Македонката што преживеа судир со стадо диви свињи во Грција е отпуштена од болница

Жена од Северна Македонија која во понеделникот преживеа сообраќајна несреќа со смртни последици во Грција, во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи, е отпуштена од Општата болница во Килкис (Кукуш), јави грчкиот портал eidisis.gr , предупредувајќи дека патиштата во Грција се опасни, особено во викендите, кога драстично е зголемен сообраќајот на патните правци ПАТЕ и Промахон-Килкис-Солун поради...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...