fbpx

Македонката што преживеа судир со стадо диви свињи во Грција е отпуштена од болница

-

Жена од Северна Македонија која во понеделникот преживеа сообраќајна несреќа со смртни последици во Грција, во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи, е отпуштена од Општата болница во Килкис (Кукуш), јави грчкиот портал eidisis.gr , предупредувајќи дека патиштата во Грција се опасни, особено во викендите, кога драстично е зголемен сообраќајот на патните правци ПАТЕ и Промахон-Килкис-Солун поради туристите на кои најчесто им се брза.

Во меѓувреме, во тек е прелиминарна истрага од страна на Сообраќајната полиција од Килкис за околностите на тројната сообраќајна несреќа кај Кукуш.

Според досегашните информации до несреќата дошло кога патролно возило управувано од 42-годишен полицаец со двајца негови колеги 44 и 36 години налетале на стадо диви свињи кое поминувало и тоа излетало од патот.

Потоа, возило управувано од 56-годишен странец, државјанин на Македонија со 50-годишна сопатничка, налетало на истото стадо и се превртело во соседната нива.

Следел уште еден судар со службеното возило при што 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник загинале.

Напишете коментар

Апелација досуди условна казна за Мијалков за случајот „Плацевите на Водно“

Апелацискиот суд од Скопје со донесената пресуда ја замени затворската казна за ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков со условна осуда, додека ја зголеми затворската...
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download lenevo firmware
Free Download WordPress Themes
free online course