fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Мицкоски со изненадувачки престврт за јавниот превоз во Скопје: Проектот за БРТ не е напуштен

Откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која ја поддржа кандидатурата на Арсовска, во повеќе наврати излегоа со тврдења дека со воведувањето на БРТ, односно „брзи автобуси“ ќе се уништело средишното зеленило на булеварите, ќе се доведе во опасност главната водоводна цевка под булевар Партизански одреди и серија на други критики за проектот, вчера претседателот...

Во „Дрисла“ не се селектира и рециклира отпад, иако Скопскиот регион создава најмногу ѓубре

Скопската депонија „Дрисла“ е најголема локација каде што се одлага отпадот на национално ниво, но која што до денешен ден не поседува секундарен центар за селекција на отпад и постројки за рециклирање на отпадот. Пред три недели беше пуштен во употреба модерен стерилизатор за третман на медицинскиот отпад (автоклав), но другите видови на отпад се носат директно на одлагање...

Книжевната среќа успешно се шири преку малите улични библиотеки во Скопје

Неодамна, по иницијатива на јавната установа Детски културен центар - „Карпош“ во соработка со Град Скопје беше поставена нова куќичка за размена на книги на локацијата во Градскиот парк во Скопје. Поставувањето на ваквите куќарки за размена на книги, наречени и мини улични библиотеки е поттикнато од страна на ДКЦ - „Карпош“ уште во 2019 година, кога за прв пат...

Електрични автобуси: Ќе чинат повеќе, ќе бараат изведба на полначи, а ЈСП да вработи дополнителен кадар

Во изминатиот период остваривме комуникација со многу производители, во завршна фаза сме и во подготовка на тендерска процедура за набавка на најмалку 100 електрични автобуси, но и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси. Овие зборови вчера ги изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како негова визија за тоа како треба да се развива организираниот...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради годинава

Денеска во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се отворија тендерските понуди за дизајн и изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Од 12 компании и конзорциуми што ги поднесоа своите апликации на меѓународниот тендер до октомври 2020 година, во втората фаза од тендерската постапка се квалификуваа две компании. Втората фаза од тендерот за изградба на...

Биоотпадот секаде е ресурс за правење компост, само кај нас се третира како ѓубре

Лушпи од зеленчук и овошје, суви лисја и гранки од дворовите и парковите или пак остатоци од земјоделското производство, овоштарството и лозарството. Сето тоа е биоотпад, кој кај нас завршува на депонија, а во многу држави преставува ресурс. Според статистиките во земјава, биоотпадот учествува со околу 60 отсто од она што го фрлаат домаќинствата и кое најчесто завршува во...

Промовиран новиот третман на медицински отпад во „Дрисла“, СДСМ вели Град Скопје се фали со туѓи проекти

Скопската градоначалничка Данела Арсовска и директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски, денеска го промовираа новиот стерилизатор - автоклав за третман на медицински отпад. „Она што е важно дека повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад, којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Овој третман на медицински отпад е по најсовремените стандарди со којшто се заштитува...

ЈП Комунална хигиена-Скопје го исчисти ѓубрето од авто-полигонот под Кале

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд реализираа активности за генерално чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар, информираат од ова јавно претпријатие. „Во рамките на акцијата беа ангажирани 20 работници на терен, а отстранети се приближно 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад“, се наведува во соопштението на...

Освен поевтин паркинг од март, Град Скопје нема решение за проблемот со паркирањето

Расте бројот на возила по скопските улици, а со тоа и недостигот на паркинг места. Граѓаните од различни делови на Скопје секојдневно се жалат дека по десетина минути кружат за да најдат слободно паркинг место, а најизразен е проблемот во скопските општини Центар и Карпош. Градот Скопје донесе одлука од 1 март да се намали цената на паркирање на...

Граѓанските организации очекуваат брзо да се изработи специјалниот закон за заштита на Водно

Водно да се заштити со специјален закон, во кој ќе бидат земени во предвид сите аспекти на заштитата на планината, но и на Скопје. Оваа тема повторно стана актуелна кога градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на средба со еколошки организации најави дека Градот Скопје ќе иницира повисок степен на заштита на Водно со закон, откако минатата година Министерството за...

Град Скопје никако да ја објави мапата со над 150-те исчистени депонии

Чистењето на сите диви депонии за 82 дена и ревитализирање на просторот во чиста зелена површина, беше предизборно ветување на градоначалничката Данела Арсовска за самиот почеток од раководењето со Град Скопје. На 31 јануари 2022 година, во отчетот за сработеното, градоначалничката Арсовска ретерираше од ветувањето за чистењето на сите диви депонии и изјави дека во предизборието мапирале 120 диви...

ЈСП уште чека одговор на барањето за владина помош поради зголемените цени на метанот

Помина еден месец од барањето на ЈСП-Скопје за Владата на РСМ да донесе одлука за субвенционирање на работењето на Јавното сообраќајно претпријатие, коешто од почетокот на годинава се соочи со повеќе од двојно зголемување на цената на метанот. „И покрај официјалното доставено барање до Владата преку Град Скопје, сѐ уште немаме добиено никаков одговор“, велат за Мета.мк од ЈСП-Скопје. Зголемувањето на...

[Фото] На Водно и викендов хаос со паркирањето, градските власти молчат

И викендов хаос на Средно Водно со преголемиот број на возила што непрописно се паркираат. Најголем дел од граѓаните одат на Водно со автомобили, коишто надвор од секакви правила ги паркираат на патните правци меѓу Долно и Средно Водно и меѓу Средно Водно и Нерези. Поради ова, автобусите 25, 25А и 25Б вчера едвај се разминуваа од паркираните возила,...

Пречистителната станица во Волково за еден месец пречистила 71.339 кубни метри отпадна вода

Во текот на јануари во пречистителната станица за отпадни води во Волково пречистени се вкупно 71.339 кубни метри отпадна вода, информираше Градот Скопје. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во механичкиот предтретман на водата отстранило приближно два тона различен отпад. Пречистителната станица за отпадни води во Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води што доаѓаат од собирното подрачје на...

Молк од институциите за таблата со украинскиот град Севастопољ во „руското“ детско игралиште кај Универзална сала

Повеќе од еден месец Општина Центар, Град Скопје и Министерството за надворешни работи молчат на прашањата поставени од Мета.мк за новото руско игралиште позади Универзална сала, на кое најпрво беше поставена, а потоа беше отстранета таблата со украинскиот град Севастопољ меѓу имињата на руските градови што се испишани на игралиштето. Украинската амбасада во Скопје за Мета.мк кон крајот на декември...

НаТочак: Со мерки за намалување на брзината по улиците, општините да спречат фатални сообраќајќи

Ослободување, уредување и проширување на тротоарите и пешачките зони, воведување велосипедски патеки и ленти, подигнати пешачки премини, шикани-искривувања на коловозот, микро-кружни текови, стеснување на коловозните ленти за постигнување на намалување на брзината на улиците до 30, односно 20 километри на час. Ова се барањата на граѓанската иницијатива НаТочак, коишто се испратени во допис до Град Скопје и сите скопски...

Арсовска: Исчистивме 150 диви депонии низ Скопје, ако има уште, пријавете ги

Чистењето на дивите депонии на територијата на Град Скопје е еден од проектите за коишто скопската градоначалничка Данела Арсовска рече дека се исполнети во првите 82 дена од нејзиното раководење со главниот град. Таа рече дека во текот на предизборието мапирале 120 диви депонии низ целиот град, а досега успеале да исчистат над 150. Арсовска изјави дека за првпат...

[Фото] Викендов на Средно Водно сообраќаен хаос, паркира кој каде ќе стигне

Бесплатните автобуси за викенди и празници до Средно Водно проработеа, функционален е и бесплатниот паркинг кај „Дом на печат“, но граѓаните на Водно за викенди продолжуваат да одат со автомобили. Мета.мк вчера беше на Водно и забележа хаос со паркирањето. Возила се паркираат на секоја можна слободна површина на патот меѓу Долно и Средно Водно, но и на патот...

Во новата епизода на „Шорткат“, репортажа од дивите депонии во Скопје

Репортажа од дивите депонии низ Скопје коишто не се исчистени, иако беа ветени дека ќе се исчистат во првите 82 дена од раководењето на градоначалничката Данела Арсовска. Ова е главната тема во новата емисија за млади „Шорткат“, а на темата за проблемот со отпадот во земјава информираме и за најавеното отпочнување со чистење на депониите и ѓубриштата во Источен...

И по 82 дена, Данела Арсовска не ги исчисти сите диви депонии низ Скопје [галерија]

Првите 82 дена од раководењето со Градот Скопје на градоначалничката Данела Арсовска изминуваат во петок на 28 јануари, што беше и повод за Мета.мк да го провери на терен исполнувањето на едно од најзначајните ветувања што ги даде во текот на предизборната кампања за последните локални избори - чистењето на сите диви депонии во Скопје. Ставањето крај со дивите депонии...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...