fbpx

НаТочак: Со мерки за намалување на брзината по улиците, општините да спречат фатални сообраќајќи

-

Ослободување, уредување и проширување на тротоарите и пешачките зони, воведување велосипедски патеки и ленти, подигнати пешачки премини, шикани-искривувања на коловозот, микро-кружни текови, стеснување на коловозните ленти за постигнување на намалување на брзината на улиците до 30, односно 20 километри на час. Ова се барањата на граѓанската иницијатива НаТочак, коишто се испратени во допис до Град Скопје и сите скопски општини по неодамнешните фатални сообраќајќи со смртни последици за пешаците.

„Како иницијатива, но и како граѓани, побаравме од истите да споделат информација на кој начин планираат да го адресираат овој проблем во најкус можен рок, преку донесување на конкретни мерки, за кои иницијативата НаТочак алармира од почетокот на своето постоење, континуирано веќе 10 години“, велат од НаТочак.

НаТочак додаваат дека небезбедно дизајнираните улици и сообраќајните решенија низ Скопје доведува до тоа пешаците и велосипедистите да бидат најранливи учесници во сообраќајот, иако токму тие треба да се најзаштитени.

„Иако теоријата (едукацијата) кажува дека пешаците имаат предност, кога општините ги третираат пешаците за најмалку важни при планирањето на улиците, тоа се рефлектира и во перцепцијата и третманот и на возачите и со тоа безбедносниот систем е нарушен“, укажуваат тие додавајќи дека фокусот на изведба на улиците не треба да биде брзината или овозможувањето на бесплатно бесправно паркирање.

Од НаТочак бараат од Град Скопје и од скопските општини увид и учество со конструктивна критика во плановите за подобрување на сообраќајната безбедност. Покрај ова, тие ги повикуваат сите граѓани и лично да испратат дописи до нивните општини, градоначалниците и советниците за да споделат критични точки каде што сметаат дека нивната безбедност во сообраќајот е нарушена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...